Унгарците со устав се бранат од исламизација

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
А на што ќе се ослониш ако не на науката, о брате Македонски? И ако не можеш да се ослониш, може ли барем да се отелиш?
Савле, слободно ослони се на науката и достави ни го одговорот за постанокот на универзумот. Сите сме нестрпливи.

Во спротивно, верувањето во некаков теоретски постанок на човештвото, кој не може научно да се докаже по ништо не се разликува од верувањето дека постои Бог.

Дарвиновата теорија е постулирана, но не и набљудувана. Тоа значи дека е земена како појдовна точка, без никакви докази.

Според секоја научна дефиниција, тврдењата кои не можат да се проверат со набљудување не можат ништо да докажат... не се научни тврдења.

Значи имаш луѓе кои ја прифаќаат, веруваат дека е точна, а имаш луѓе кои не веруваат дека е точна.

Земи некој филозофски речник или Абадон нека ти даде дефиниција за догма:
Општо верување кое се застапува беспоговорно и со неоспорлива сигурност.

Теоријата на еволуцијата нема научна тежина, уште помалце е докажлива, а со самото тоа - во неа може или слепо да се верува или да не се верува.


Ете им дадовме домашна задача на атеистичките научници, па нека се фатат со работа.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Савле, слободно ослони се на науката и достави ни го одговорот за постанокот на универзумот. Сите сме нестрпливи.

Во спротивно, верувањето во некаков теоретски постанок на човештвото, кој не може научно да се докаже по ништо не се разликува од верувањето дека постои Бог.

Дарвиновата теорија е постулирана, но не и набљудувана. Тоа значи дека е земена како појдовна точка, без никакви докази.

Според секоја научна дефиниција, тврдењата кои не можат да се проверат со набљудување не можат ништо да докажат... не се научни тврдења.

Значи имаш луѓе кои ја прифаќаат, веруваат дека е точна, а имаш луѓе кои не веруваат дека е точна.

Земи некој филозофски речник или Абадон нека ти даде дефиниција за догма:
Општо верување кое се застапува беспоговорно и со неоспорлива сигурност.

Теоријата на еволуцијата нема научна тежина, уште помалце е докажлива, а со самото тоа - во неа може или слепо да се верува или да не се верува.


Ете им дадовме домашна задача на атеистичките научници, па нека се фатат со работа.
Брату Македонски, твоето знаење е неисцрпно, твојата мудрост безгранична. Од денес станувам православен рисјанин. Носи ја тоа маицата со лавот почесто, стој на браникот на татковината и ти посакувам што поскоро да се ослониш/отелиш, за да не ти тежи тоа слончето во стомакот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Вака да се договориме, бидејќи офтопик дискусијата е сепак интересна и темата е читана, нема потреба од строго модерирање.

Но, бидејќи ти си настојчив да правиш офофтопик коментари на веќе офтопик дискусија и не ги земаш озбилно опомените, можеме да ти го одземеме пристапот на темава.

Доколку сакаш малски заебанции излези пред зграда или дреми во ЧДА форумот. Втор пат не повторувам.
Немој бе Брус Ли...

Од сите оф оф оф топик мислења на темата, меѓу кои имаше споменување на волови и кењатори, единствената опомена е дадена за мислење, или заебанција, на нашииот драг историчар, на кого не му се допаѓа да биде реметен. Суетата е магична работа, дури ако не е со ништо оправдана, освен со голо незнаење. Види, научен си да се допишуваш со Бугарчињата, и да ги заќутуваш со постирање историски документи. На оваа тема се загина малку, затоа што ниту си читал, ниту си размислувал критички. Како крунски аргумент за вистината на религијата ја наведе нејзината перзистентност. :icon_lol: Оваа е логичка фалација од комичен карактер, после која само ремет заслужуваш. Тоа се грешки кои ги прават осмоодделенци, и за кои во било кое логичко училиште се добиваат чврги.

Аман не ме банирај од темата, не знам како ќе се соочам со тоа. :pipi:
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 09:21 ---
Бидејќи сеуште е само теорија, таа никогаш не е докажана. Таа за жал, никогаш не може експериментално да се повтори, па според тоа таа НЕ Е научна туку Е догма.
По оваа логика, можеш комотно се што си прочитал во животот како историски факт да го фрлиш низ прозор, исто како и целата историска наука, затоа што ниту еден настан со кои таа се занимава не може експериментално да се повтори.

:X3:
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.162
Ај сеа колега ти wannabe аристократ да го погалиме малку.


--- надополнето: 6 јануари 2012 во 23:53 ---

Епа, безобразно, wannabe аристократче со кутар смисол за хумор и уште поочајни лингвистички капацитети, дозволи (вака прибран) да дадам свој мал осврт на твоите инфантилни „филозофски“ обиди да порамниш рационални луѓе со оние кои рациото не им е најдобар другар (твојата бранша):

Атеизмот е верување, колку што непушењето цигари е зависност или колку што е ќелав - фризура. (Знам дека е ова малку комплицирано, ама после 2-3 читања ќе ти стане јасно - потруди се!)

Ако неверувањето во Дедо Мраз тебе те прави верник во непостоење на Дедо Мраз, тогаш би сакал да прочитам твој одговор на следниве прашања (не се тешки):

1. Кои ритуали ги практикуваш за да ја одржиш својата верба во непостоењето на Дедо Мраз?
2. Кои се песните кои ги пееш во својот религиозен транс на неверувач во Дедо Мраз?
3. Во какви фустани се облекуваат вашите свештеници додека чатат во чест на непостоењето на Дедо Мраз?
4. Колку пари кошта да ми пее вашиот правосвештеник (како ли се вика верата во неверување во Дедо Мраз?!?) за да домот стане богоугодно пребивалиште на семејство кое се ВЕРНИЦИ во НЕВЕРУВАЊЕТО на постоење на Дедо Мраз?

Плашејќи се дека немаш капацитет да ја восприемиш оваа паралела, да ти го објаснам ова погоре малку попластично, преку личен пример:

Јас, бедо една семантички осакатена, знам дека не постои Дедо Мраз. Јас немам потреба да верувам или да не верувам дека тој постои. Исто така, јас знам дека богови не постојат. Ниту еден од „активните“ 5000 и кусур божества на планетава не го поминуваат елементарниот тест на логиката.

Понатаму, моите интелигенција и рацио (ќе ти објаснам што значат по ПП ако ти е срам тука) ми кажуваат дека, во овој универзум, такви ентитети едноставно не може да постојат. Јас, копиљ еден неук и неписмен, не тврдам дека верувам во непостоење на богови. Јас тврдам дека богови не постојат. Како поткрепа за ова мое тврдење ги користам здравиот разум, историјата на религиите и антрополошките наоди.

Што ти користиш како поткрепа за твоите верувања? Уште поинтересно би било да се прочита што ти користиш како поткрепа за твоите знаења?

Иако не верувам дека ќе добијам конкретен одговор на ниту едно од погорепоставените прашања, со нетрпение ја очекувам твојата реплика во која, верувам, уште еднаш ќе ги потврдиш своите ментални и рационални капацитети.

Повели.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 00:04 ---

Отсуството на доказ за непостоење, пак, никако не значи потврда за постоење.

Напротив, не значи апсолутно ништо! Оттука, постоењето на било кое божество е апсолутно непотврдено и подеднакво веројатно како постоењето на Бетмен, Дедо Мраз, Јуџио или Снежана. За овие 4 јас немам сомнеж дека се фиктивни. Исто и за Јахве, Алах, Тор или Анубис.

Ти што викаш? Како ти би се произнесол за овие 8 ликови?
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 00:18 ---


1. македонски кењатор
2. тежок степен на инфантилност
3. немаш три грама мозок
4. абе воле
5. ама на вол оди кажи му...

Бреее, што си бил ти речит, мајсторе: БРА-ВО!

Ќе беше добро, за промена, да стаеше некој аргумент во постот, чисто онака, за аир. Знаеш, аргумент e обид да се убеди некој во нешто, давајќи причини или докази за да се прифати одреден заклучок. Слабо нешто со причините и доказите... Кај нас, тоа се вика празен и глупав пост. Кај вас како се вика?
Абе сељандуро ракотинска,што да пишам и од кај да почнам кога твојот ум е во толкаво бунило што никогаш нема да го достигне степенот кој му е потребен за да навлезе подлабоко од твојата смешна плиткост,Такви како тебе самобендисани кретени кој за нивна голема жал немаат поима дека се кретени и дека Господ од некоја причина ги лимитирал, сум се нагледал во оваа жална Македонија многу.
Да им објаснам на тие што ќе прочитаат,зошто ти си ограничен човек кој не може тоа никако да го свати.
Прво во светот постојат материјални и нематеријални ствари.
Материјалните ствари се делат на телесни и бестелесни.
Материјалните-бестелесни ствари се идеите кои се и безвремени и бестелесни .
Идеите потекнуваат од човековиот ум и нивното поврзување и докажување може да биде само спекулативно ако во основната премиса или пак прашање нема материјалност од друг вид освен идејата, а тоа пак значи дека не може да се користат другите материјални ствари како докази за овој вид на премиса или прашање.
Е сега ако човек го знае ова,тогаш никогаш не би ги поврзал пушењето,Дедо Мраз и било кој други материјални ствари со прашањето на постоењето на Бог
Ама овој ропаков на кого демек му реплицирам и претходните негови истомисленици нема поима од ова.
Само уште еден детаљ напишано од копилево кое само ја докажува неговата слика на аналфабет.
Он наоѓа поткрепа за неговите пази сад, тврдења ,во некој научни дисциплини и здравиот разум.
Па будало една,ниедна наука не дава одговор на прашањата од религиски аспект.
Науката ги проучува само предметот на нивното проучување од аспект на причинско-последичните врски кои немаат никаква врска со прашањето на постоењето на Бог.
За на крај нешто што нема врска со погоре напишаново но го пишувам за да го објаснам моето вулгарно однесување со ваквите полуписмењаци.
Мислам дека на таквите многу им попуштавме досега и затоа ни се работите вакви како какви што се.
Со тезата:Пушти го будала дојдовме до состојата до која сме денеска затоа што не водеа такви полуписмењаци како Бранко,Љубчо Љубе.....
Би било убав да се вклучат во општествениве работи вистинските интелектуалци зошто,Македонија е мала земја и има малку интелктуалци.
За темава убаво би било прво да се прочита Аристотел и правилата на логиката и потоа да се прочитаат Хегел Кант и другите германски филозофи од 19 век за да се добие некоја основа за свое мислење.
На сите православни верници им го честитам празникот
Христос се роди
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Да си пројдеш убаво батка,а за соговорнициве со спротивно мислење ич не бригај.
Тие треба да бригаат:)
Убаво си пројдов, само што се прибрав, фала.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 09:55 ---
Ајде де... :pos:
Да прашам, прв пат си во странство што си вака возбуден?

Ех, ние останатите што не сме излегле од село... :pos:
Не реши во два потези...:pos:
Што ќе станеше од форумов ако се фалевме сите...
Е со што ќе се пофалиме ние затуцани атеисти што скапуваме овде, не заебавај и ти... види го ти него до Амстердам стигнал. Може да е и прв Македонец што воопшто стапнал во Амстердам, кој да го знае :pos:

Jamajka, еден совет брат: go get laid! Силата нека е со тебе :)
Се наспа ли вчера?
Јас го немам посетено Амстердам, ама исто ко да сум го посетил.
Види види, јас си мислев ќе бидете поинвентивни во вашите излагања на навреди и омаловажувања, но добро е што го спомнав Амстердам, зошто да беше инаку немаше ни ова да го кажете.
Иначе да, првпат ми е да одам во Амстердам, годинава.
И да, првпат ми е да одам воопшто во Амстердам, навечер.

Но вашето знаење од областа на логиката и интерпретацијата е веќе докажано, така да икој не може да ви замери.

И оваа тема доволно говори на што се темели вашата „авторитативност“ тука на форумов и од кај сте стекнале толку самодоверба. Си ситкате лајк на секој пост, тоа е тајната на успехот значи :) па што не кажете, ќе ви стиснев и јас по некој лајк.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Убаво си пројдов, само што се прибрав, фала.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 09:55 ---







Види види, јас си мислев ќе бидете поинвентивни во вашите излагања на навреди и омаловажувања, но добро е што го спомнав Амстердам, зошто да беше инаку немаше ни ова да го кажете.
Иначе да, првпат ми е да одам во Амстердам, годинава.
И да, првпат ми е да одам воопшто во Амстердам, навечер.

Но вашето знаење од областа на логиката и интерпретацијата е веќе докажано, така да икој не може да ви замери.

И оваа тема доволно говори на што се темели вашата „авторитативност“ тука на форумов и од кај сте стекнале толку самодоверба. Си ситкате лајк на секој пост, тоа е тајната на успехот значи :) па што не кажете, ќе ви стиснев и јас по некој лајк.

Ми текна да прашам, вчера за Бадник во кофи шоповите амстердамски се вртеше паричка во хаш колачињата? :D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Прво во светот постојат материјални и нематеријални ствари.
Материјалните ствари се делат на телесни и бестелесни.
Материјалните-бестелесни ствари се идеите кои се и безвремени и бестелесни .
Идеите потекнуваат од човековиот ум и нивното поврзување и докажување може да биде само спекулативно ако во основната премиса или пак прашање нема материјалност од друг вид освен идејата, а тоа пак значи дека не може да се користат другите материјални ствари како докази за овој вид на премиса или прашање.
:vozbud::vozbud:

Колку ти се тебе испомешани работите, страшна работа.

Материјални бестелесни ствари... Онтологијата гледам ти е јака страна.

:icon_lol:

Во претходниот пост ми даде материјал да се смеам една недела, искрено ти благодарам...

Полошо од тоа да не ги читаш Кант, Хегел и Аристотел, е да ги читаш и да мислиш дека разбираш...

;)
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.162
:vozbud::vozbud:

Колку ти се тебе испомешани работите, страшна работа.

Материјални бестелесни ствари... Онтологијата гледам ти е јака страна.

:icon_lol:

Во претходниот пост ми даде материјал да се смеам една недела, искрено ти благодарам...

Полошо од тоа да не ги читаш Кант, Хегел и Аристотел, е да ги читаш и да мислиш дека разбираш...

;)
Онтологија,ај ај ај ај ај.
Што се мешаш ти у машки работи?:mad:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Онтологија,ај ај ај ај ај.
Што се мешаш ти у машки работи?:mad:
Онтологија е "наука" за она што постои. Ти пред малку утврди дека постојат материјални нетелесни ствари.

:icon_lol:

Немаш поим колку си избеган, Турчин бос не те стига...

Без навреда, колку години имаш? Озбилен сум. Звучиш како средношколец што штотуку ја открил филозофијата.

Е да, кои се нематеријалните работи кои постојат во светот?

:icon_lol:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Мешаш поими. Не ме ни чуди.

Постојат две позиции во врска со постоењето на бог(ови).

Првата е: Дали мислиш дека бог може да се спознае (сфати, разбере, доживее) или не? Оваа позиција те прави гностик (може да се спознае) или агностик (не може да се спознае).

Втората линија е Дали веруваш дека бог постои? Зависно од тоа како ќе одговориш на ова прашање, ти си или теист или атеист.
Значи постојат 2 позиции во врска со богови. Едната е базирана на знаење, а другата на вера. Пошто одговара на прашањето Дали веруваш дека бог постои, атеизмот се базира на вера.

Како што гледам, ти не си на чисто со овие две работи. Колку што те читам, ти си теист-агностик. Викаш дека веруваш во некој бог (кој и да е од илјадниците богови), но во исто време викаш дека е тоа ствар на верба и дека господ не може да се докаже.

Честито дијагноза.

Те молам, само, проучи го ова. Четири збора се - не е тешко. (а)гностик и (а)теист. Срамота е да се мешаат, а уште посрамота е некој да не знае во што верува, а што мисли.

Ај сеа колега ти wannabe аристократ да го погалиме малку.

Ти слободно помини си добро во лулката на пороците, само топло ти советувам да не се истрчаш пред холанѓани за религиозност. Статистиките, ама ич, не ти идат во прилог.
Каде јас го кажав мојот став во врска со моето верување или знаење ? Или поаѓаш од истата логика како твоите „лајкстиснувачи“ дека ако не си како нас, тогаш си против нас. Јас сум практичен човек, научник од егзактните науки, истражувач во областа на употреба на вештачката интелегенција во роботиката. Мене самодовербата ми ја дава мојата работа и луѓето околу мене. Јас не сум верник, а најмалку следбеник или фанатичен поборник на некој став што се базира на мојата верба и што ги прави следбениците(верниците) не поарни од инквизицијата.

Мојот став околу религијата е јасен и се темели на традицијата. Јас религијата ја сваќам како нужност, и имам посебна наклоност кон Христијанската религија, која иако изманипуларана во некои случаи од политиката, го измоделирала модерниот свет во тоа што го гледаме денеска. Сакал ти или не, ти се водиш од принципите и моралните нормативи, кои Христијанската религија прва ги измодифицирала и кодифицирала и ги подарила на светот.

Јас нигде во ставот на твоите „лајкстиснувачи“ не гледам никаква разлика од оние на пример од јеховини сведоци што ми ѕвонат на врата и ме убедуваат полуписмено дека јас грешам во моите ставови. И уште помала разлика од оние, кои гледајќи дека нивниот став е загрозен пред самите нив преоѓаат во навреди и омаловажување.

Таквите луѓе, покрај фактот што се базира на верување, се доказ дека Атеизмот не е во ништо поразличен од религија, освен со таа разлика од другите религии, што нема никакви морални нормативи. Луѓе со буквално такви сваќања, дошле на власт минатиот век, и буквално пробале целосно да збришат цела една традиција и нејзината придобивка, приотоа оставајќи милиони жртви, користејќи го атеизмот буквално како религија во својата политичка манипулација.

И да, си поминав во градот на пороците многу убаво и многу порочно. И да, во одреен момент на „тешки муабети“ малце навлеговме во оваа проблематика и за атеистичките муџахедини, и замисли и таму има заблудени луѓе кои фанатично ги следат своите ставови базирани на своите верувања, дозволувајќи тоа да им стане дел од животот.

И доколку ги прочитате убаво, ниту братот, ниту кнез се фанатични верници, туку логиката „кој не размслува исто со мене е против мене“ не ви дава да ги отворите погледите кон туѓите размислувања.Фанатичното и агресивното бранење на став преку вреѓање и омаловажување е знак на сопствена несигурност, а не знак на авторитативност. Тоа многу зборува за форумскиве атеисти. И доаѓаме до тажниот факт дека светата атеистичка инквизиција, со седиште во подфорумот религија е во своја света мисија да го рашири нивното верување низ форумот.

И да, еве за да бидете малце поинвентивни, уште сабајлево ќе кажам, дека вечер ќе бидам во Делириум во Брисел, ако не врне многу. Ајде сега да поспијам малце...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас не сум верник, а најмалку следбеник или фанатичен поборник на некој став што се базира на мојата верба и што ги прави следбениците(верниците) не поарни од инквизицијата.

Мојот став околу религијата е јасен и се темели на традицијата. Јас религијата ја сваќам како нужност,
Ајде ако сакаш да го елаборираш ова, како е религијата нужност, а ти не си всушност верник?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Ми текна да прашам, вчера за Бадник во кофи шоповите амстердамски се вртеше паричка во хаш колачињата? :D
Нееее, чисто само сканк.

Не се врти паричка на бадник, тоа е погрешна интерпретација, паричка се врти за Василица.
Еве ја приказната:
Свети Василиј бил богат и го продал цел свој имот, и ставил по еден златник во леб и ги поделил лебовите на сиромашните и од таму традицијата да се става паричка на Василица.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 11:00 ---
Ајде ако сакаш да го елаборираш ова, како е религијата нужност, а ти не си всушност верник?
Види со свои зборови објасни си, неможам сега да се замарам, ми се спие, а и онака нема да сватиш.

А добро би било и ти да си легнеш, изгледа цел ноќ си останал буден на форумов.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Види со свои зборови објасни си, неможам сега да се замарам, ми се спие, а и онака нема да сватиш.
Можеби би сфатил, кога би имало што да се сфати.

Сфати ти е исто како фати, само што тука фаќаш со умот. Така да, бидејќи не велиш вати, не велиш ни свати...

;)

Оди сега поспиј, после пак ќе се заебаваме...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Можеби би сфатил, кога би имало што да се сфати.

Сфати ти е исто како фати, само што тука фаќаш со умот. Така да, бидејќи не велиш вати, не велиш ни свати...

;)

Оди сега поспиј, после пак ќе се заебаваме...
Дечко, јас не се заебевам, јас сум крајно сериозен во врска со мојот став.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom