Јас по потекло сум од Крива Паланка инаку живејам и работам во Скопје бидејки така ми налага професијата, инаку за градот ке кажам се најдобро многу незаборавни спомени ме врзуваат од детството, и ден денес одам таму кога ќе имам слободно време, градот е мал но има некако топла атносфера, и манастирот е навистина место каде што човек може да се одмори и да си ги наполни батериите, навистина за жалење се луѓево низ форумот кои пишувале лоши и погрдни работи (некои од нив демек реално збореле, зашто биле од Паланка) Паланка е мало место и никој нема да ти донесе ако сам не пробаш нешто да си спечалиш, градчето живее од границата, и сега но не толку како порано, тоа е начин да запечали денар два за себе, и не е точно дека "кој знае што" се носело во торбите, и јас додека се школував сум одел се пренесат неколку фармерки, блузи за 400-500 денари (да не зборувам со какви маки, понижувања и изживувања од страна на "службените лица" (кои пред да станат тоа што се биле исто торбари)) тоа неможе скоро па никако да и наштети на државата (мислам ни приближно толку како што други и наштетуваат), но да се навратам на основното, ноќниот живот е доста добар како за мало градче нормално, девојки од секогаш е имало добри, и сметам дека секој што го посетил не е бил разочаран, а и посакувам што повеќе луѓе да го посетат посебно божијот дом во св.Јоаким Осоговски, навистина еден од најубавите манастирски комплекси во државава, а може и пошироко.
И секоја чест за луѓево кои даваа добри и позитивни коментари, бидејки Македонија затоа никогаш не успева, бидејки никога не се држиме заедно секогаш сакаме да се правиме филозофи газејки ги другите, а не дознавајки дека така сами себе си си плукаме во лице
ПОЗДРАВ