Ајде повторно, да биде јасно.
Не е исто!
На почеток, да расчистиме некои нејасни работи: Дали под „доказ за непостоење Интелигентен Дизајн“ ти подразбираш доказ за непостоење на Интелигентен Дизајнер (Бог) или подразбираш доказ за неточност на Теоријата за Интелигентен Дизајн? Тоа се две различни работи!
Слично: дали под „доказ за непостоење Биг Бенг“ подразбираш доказ за непостоење на раѓање на универзумот почнувајќи од многу мал волумен и негово ширење (тоа е Биг Бенг!) или подразбираш доказ за неточност на Теоријата за Биг Бенг (таа вклучува многу други работи, освен раѓањето и ширењето на универзумот).
Да започнеме со овие две тврдења:
1. Не постои Интелигентен Дизајн(ер).
2. Теоријата за Интелигентен Дизајн (заедно со сите последици) не е точна.
Ова се две тотално различни работи - не е исто да докажеш 1. или да докажеш 2.
Во општ случај, невозможно е да се докаже непостоење на нешто. Во овој случај, невозможно е да се докаже 1. (непостоење на Интелигентен Дизајнер - Бог). Ама затоа
може да се докаже 2. (дека теоријата за ИД не е точна).
Други две тврдења:
3. Не постои Биг Бенг (раѓање на универзумот од многу мал волумен и негово ширење)
4. Теоријата за Биг Бенг (раѓање и ширење, заедно со сите детали и последици) не е точна.
Тврдењата 3. или 4.
може да се докажат во секое време, ако се има аргументи за тоа.
Колку што те разбрав, ти во твојот пост ги споредуваш докажувањата за 1. и 3.:
1. Не постои Интелигентен Дизајн(ер).
3. Не постои Биг Бенг (раѓање на универзумот од многу мал волумен и негово ширење)
Како што кажав погоре, тоа не е исто! Доказ за 1.
не може да има (невозможно е!), а доказ за 3.
би можел да се најде (ако постои).
Теоријата за Интелигентен Дизајн има фундаментална претпоставка дека Бог постои. Доказ за непостоење Бог не може да има! Од друга страна, можно е да се докаже дека теоријата за ИД не е точна (точка 2.), затоа што таа има
други фалинки кои лесно можат да се докажат и да се собори целата таа теорија. И да, докажано е дека теоријата за ИД не е точна, иако не е докажано дека не постои Интелигентниот Дизајнер (Бог). Нема потреба.
Теоријата за Биг Бенг е научна теорија, која не вклучува ништо натприродно, па затоа не може да се споредува со теоријата за ИД (која вклучува натприроден Бог). Докажување на
непостоење на Биг Бенг (точка 3.) е можно, но тој напор веднаш паѓа во вода - универзумот се шири! Сосема друга работа е да се докаже дека
теоријата за Биг Бенг (точка 4.) не е точна. И тоа е можно - треба само да се најде некој факт (доволен е само еден!) кој е во спротивност со последиците и деталите од таа теорија. Само така ќе може се собори таа теорија. Досега никој не ја соборил, но тоа не значи дека е точна. Ама за сега си останува како добра теорија за еволуцијата на универзумот
после оној прв момент. За самиот момент, или за она што било пред тоа, теоријата за Биг Бенг не расправа.
Мислам дека сега конечно се разбравме, иако ќе се разберевме во дискусијава и порано и подобро со некое пиво плус.
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 19:20 ---
H8R напиша:
↑
Тоа што го кажуваш не е според теоријата за интелигентен дизајн, туку според Библијата...
Мало појаснување: основно тврдење во теоријата за Интелигентен Дизајн е постоење на Бог (иако тие го нарекуваат Интелигентен Дизајнер).
Сите теоретичари на ИД се христијани (без исклучок!) и преходно биле креационисти. Заклучокот е јасен - теоријата за ИД е продолжување на идејата за Креационизмот, со мали модификации, како што е
неспомнување на хронологијата и случките од Библијата (но не и нивно негирање!).
Интелигентниот Дизајнер е невешто маскираниот Бог од Библијата.