Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
...
Antiteist напиша:
........​
Според тоа, теоријата за Биг бенг не може да се споредува со делата на непостоечкиот Интелигентен Дизајнер. :)

Велиш „непостоечки“. Е па повели како што ти и рече на Алмала погоре, да докаже дека биг бенгот не постоел, еве ти докажи дека ИД не постои. Истата логика, да не бидеме лицемерни.
Не е иста логика, и нема потреба да докажувам дека не постои Бог (т.е. Интелигентен Дизајнер). Јас сум атеист и по дефиниција ја одбивам идејата за постоење на Бог. Освен тоа, не може да се докаже непостоење на нешто. Ако Бог не постои, не можам да го докажам тоа непостоење. Никој не може, ниту ќе може. Ама тоа не е доказ дека Бог постои.
Од друга страна, теоријата за Биг бенг е научна теорија базирана на факти (ширењето на вселената е факт), па секој може да докаже дека не е точна ако најде факти кои се во спротивност со таа теорија. Можеби Almala нашла такви факти, штом е сигурна дека теоријата Биг бенг е срање?
Не е иста логика докажување дека нешто не постои (ова не е можно!), со докажување дека некоја терија не е точна со наоѓање факт кој ја соборува теоријата (ова е можно!).
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702

Реков дека се ИСТО СРАЊЕ, а не срање. Голема разлика.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
N
На основа на досегашните набљудувања кои во голема мера ја потврдуваат Биг Бенг теоријата.
Она заради што не е докажана оваа теорија е недоволниот технолошки развој. Еден телескоп, кој треба да набљудува подалеку од кога било е сложена направа (наследник на Хабл), која досега достигна цена од 8 билиони долари само за развој.
Дел од вселенските мисии кои се лансираат се базираат токму на тоа - откривање на галаксии (поточно светло од нив) кои се формирале после биг бенгот. Засега технологијата овозможува ограничено набљудување, но наскоро тоа ќе биде надминато, со комплетирањето на два нови огромни телескопи.

Иначе која е таа конкурентска теорија која има доволно докази од набљудувања, мерења...?
Не е иста логика, и нема потреба да докажувам дека не постои Бог (т.е. Интелигентен Дизајнер). Јас сум атеист и по дефиниција ја одбивам идејата за постоење на Бог. Освен тоа, не може да се докаже непостоење на нешто. Ако Бог не постои, не можам да го докажам тоа непостоење. Никој не може, ниту ќе може. Ама тоа не е доказ дека Бог постои.
Од друга страна, теоријата за Биг бенг е научна теорија базирана на факти (ширењето на вселената е факт), па секој може да докаже дека не е точна ако најде факти кои се во спротивност со таа теорија. Можеби Almala нашла такви факти, штом е сигурна дека теоријата Биг бенг е срање?
Не е иста логика докажување дека нешто не постои (ова не е можно!), со докажување дека некоја терија не е точна со наоѓање факт кој ја соборува теоријата (ова е можно!).
Ќе ви одговорам и на двајцата.
Само ширењето на универзумот (кое е непобитно докажано) не е е доволен доказ дека биг бенг се случил и дека бил таков или онаков како што е прикажан. Од каде толкава сигурност дека бил, кога никој не докажал.
Не е битно колку идиректни показатели (а не докази, пошто докази нема) одредена теорија ќе има, ако се докаже ќе е точна. Можеби за 100, 200, 500 години ќе има уше 2,3 5 теории кои ќе изгледаат пологични а ниедна да не е точна.
Точна ќе биде само онаа која ќе биде докажана
И да исто е. Докажувањето дека не постои ИД и докажувањето дека не постои ББ. Нели непостоењето не со докажува?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

ЛОЛ

Пријателе и те како можеш да покажеш непостоење на нешто, ама за тоа се потребни многу параметри (време, пари, ресурси итн.).

Ти сериозно мислиш дека не сме последица на Интилигентен дизајн???

ТИ навистина мислиш дека баба ти и баба му на орангутанот ги пердашела иста особа?:)

Премалку информации, премалку знаење, премалку технолошки развој, премалку развиена научна мисла за да отфрлиш 100% интилигентен дизајн;), барем за потеклото на хомосапиенсот и почетокот на животот на планетава.

Се се заснова на верување и лична рационализација на одредени работи (кои ти ги нарекуваш факти).

Размисли малку дали можеш да отфрлиш туку така интилигентен дизајн, без разлика што и да подразбираш под тоа.

Не ти изгледа веројатно постоењето на интилигентна змија која зборува и ги лаже луѓето, а сепак ти е многу веројатно дека Х аминокиесилини формирале ланец кој живот дава, туку така сами од себе, без нечија интервенција?
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
...
Значи, според твојот пост, комотно можеме во школо да учиме и Интелегентен Дизајн. Пошто, ни едната теорија ни другата не се докажани. Тебе едната ти звучи како добра, а на друга група луѓе другата. Ако реално погледаш, ќе видиш дека е иста работа.
Не може во школо да учиме Интелигентен Дизајн, затоа што докажано е дека таа „теорија“ е неточна! Според таа „теорија“ Земјата е створена 4004 год. пр.н.е, заедно со сите животни и растенија (наеднаш!), лавовите и крокодилите на почетокот паселе трева заедно со газелите, заедно со диносаурусите (замислете тревопасен Tyrannosaurus Rex!) кои во 2349 год. пр.н.е. се удавиле во потопот, и слични глупости кои докажано не се точни!
Поентата: не може да се докаже непостоење на Интелигентниот Дизајнер (aka God), ама може да се докаже дека не се точни глупостите кои произлегуваат од таа „теорија“ за интелигентен дизајн. Понатамошна дискусија - во темата Креационизам, или отвори нова, соодветна тема.
 
G

galaxy

Гостин

Тоа што го кажуваш не е според теоријата за интелигентен дизајн, туку според Библијата. За жал повеќето поттикнувачи на таа теорија се Христијански фундаменталисти.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Не може во школо да учиме Интелигентен Дизајн, затоа што докажано е дека таа „теорија“ е неточна! Според таа „теорија“ Земјата е створена 4004 год. пр.н.е, заедно со сите животни и растенија (наеднаш!), лавовите и крокодилите на почетокот паселе трева заедно со газелите, заедно со диносаурусите (замислете тревопасен Tyrannosaurus Rex!) кои во 2349 год. пр.н.е. се удавиле во потопот, и слични глупости кои докажано не се точни!
Поентата: не може да се докаже непостоење на Интелигентниот Дизајнер (aka God), ама може да се докаже дека не се точни глупостите кои произлегуваат од таа „теорија“ за интелигентен дизајн. Понатамошна дискусија - во темата Креационизам, или отвори нова, соодветна тема.
Ти го мешаш Интелегентен Дизајн со Креационизам.

Is intelligent design the same as creationism?​

No. The theory of intelligent design is simply an effort to empirically detect whether the "apparent design" in nature acknowledged by virtually all biologists is genuine design (the product of an intelligent cause) or is simply the product of an undirected process such as natural selection acting on random variations. Creationism typically starts with a religious text and tries to see how the findings of science can be reconciled to it. Intelligent design starts with the empirical evidence of nature and seeks to ascertain what inferences can be drawn from that evidence. Unlike creationism, the scientific theory of intelligent design does not claim that modern biology can identify whether the intelligent cause detected through science is supernatural.
Honest critics of intelligent design acknowledge the difference between intelligent design and creationism. University of Wisconsin historian of science Ronald Numbers is critical of intelligent design, yet according to the Associated Press, he "agrees the creationist label is inaccurate when it comes to the ID [intelligent design] movement." Why, then, do some Darwinists keep trying to conflate intelligent design with creationism? According to Dr. Numbers, it is because they think such claims are "the easiest way to discredit intelligent design." In other words, the charge that intelligent design is "creationism" is a rhetorical strategy on the part of Darwinists who wish to delegitimize design theory without actually addressing the merits of its case.
Треба да ги погледнеш сите страни за да можеш после тоа не-догматски да прифаќаш било што што ти е сервирано. Да размислиш со своја глава. Науката е супер, ама науката сама си кажува дека некогаш некои ствари се испоставуваат неточни - па се корегираат. Затоа, за мене лично е неприфатливо да голтам се што ќе прочитам без да го ставам тоа на scrutiny and examination. Без разлика дали е научник или не.

Ти си пример за догматски атеист. Никаква навреда не беше овде наменета, него тоа е и темата овде.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Ќе ви одговорам и на двајцата.
Само ширењето на универзумот (кое е непобитно докажано) не е е доволен доказ дека биг бенг се случил и дека бил таков или онаков како што е прикажан. Од каде толкава сигурност дека бил, кога никој не докажал.
Не е битно колку идиректни показатели (а не докази, пошто докази нема) одредена теорија ќе има, ако се докаже ќе е точна. Можеби за 100, 200, 500 години ќе има уше 2,3 5 теории кои ќе изгледаат пологични а ниедна да не е точна.
Точна ќе биде само онаа која ќе биде докажана
И да исто е. Докажувањето дека не постои ИД и докажувањето дека не постои ББ. Нели непостоењето не со докажува?
Ширењето на универзумот не е најголемиот доказ за Биг Бенгот.
Најдобрите докази за Биг Бенгот се главно мерењата на позадинската космичка радијација и набљудувањата на создавањето на првите галаксии и ѕвезди (за кое реков, се градат далеку помоќни телескопи од денешните).
Тоа ти се директни докази за тоа дека вселената некогаш била многу помала отколку што е денес и директен доказ дека постоело темно доба (што е предвидено во теоријата) кога не постоеле ѕвезди.

Која друга теорија толку добро го објаснува развојот на вселената?
Интересното е, што постојат многу докази кои одат во прилог на Биг Бенгот, а ниту еден кон другите теории, кои патем, никој не ги спомнува.
Кои се другите теории?
 
Колку лесно се расфрлаш со терминот „доказ“. Докази за ББ нема, можеме да пенавиме до утре сабајле, факт кој и ти го знаеш. Има индикации и претпоставки, од кои можеби е логично да ББ се случил, но докази нема.
Сосем е ирелевантно дали некој модел (теорија) добро објаснува или не, се додека не се докаже, ќе остане теорија.
Која е поентата да велиш дека верувањето во бог е ирационално и нелогично и е догма, ако ти заглавиш во друга ирационалност и догма? Ако нештата не ги знаеме тогаш останува да веруваме или не. Некој во бог, некој во абиогенеза некој во биг бенг, сеедно.......
 
Не е ирационалност, ниту догма, теоријата за Биг бенгот е нешто за кое постојано се собираат докази, кои несомнено укажуваат дека се случил.
Проблемот атеист, е тоа што не може да се најдат докази за останатите теории (една е, како противтежа на биг бенгот.)

Докази кои одат во прилог на биг бенгот:
1. Мерење на микробрановото позадинско зрачење (јонизираните атоми во мрачното доба) е најточно утврдено на 13,73 милијарди години (плус минус 120 милиони) од сондата ВМАП
2. Одредување на најстарата ѕвезда, која својот живот го започнала точно како што предвидува Биг бенг теоријата, негде пред 13 милијарди години
3. Мапирање на позадинското зрачење - точно ја отсликува ситуацијата на ширење на универзумот, што е непобитен доказ дека некогаш универзумот постоел на многу мал простор и почнал да се шири (сондата Планк)

Ова, како и многу други, се докази кои јасно укажуваат на биг бенгот.

Сепак, треба уште многу работа за во целост да се докаже таа теорија (во целост можеби никогаш нема да биде докажана, бидејќи засега е невозможно да се ѕирне во самиот почеток на големата експлозија).
 
D

dystopian

Гостин
Затоа, за мене лично е неприфатливо да голтам се што ќе прочитам без да го ставам тоа на scrutiny and examination. Без разлика дали е научник или не.
Како тогаш си забегала во магии, магики, ритуали, инвокации и евокации брн дрн? Таков ми е впечатокот, можеби грешам...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Како тогаш си забегала во магии, магики, ритуали, инвокации и евокации брн дрн? Таков ми е впечатокот, можеби грешам...
И тоа подлегнува на истите преиспитувања. Магијата е сила во природата, а не вон нејзе. Нема тука ништо надприродно и чудно.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Јас се согласувам дека докази дека Биг Бенгот се случил има доста, неколку наведе Хјуман, но ниеден од тие докази не објаснуваат што се случило пред големата експлозија. Тука е најголемата енигма, и класичното гледање (сингуларитетот) мислам дека се повеќе и повеќе се напушта. Но речиси сите теории кои се обидуваат да го објаснат настанокот на универзумот го земаат Биг Бенгот како точен. Разликата е што некои сметаат дека пред експлозијата постоел сингуларитетот, други сметаат дека тоа се всушност два универзума кои се судриле, и ББ се честа појава, и така натаму.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Јас се согласувам дека докази дека Биг Бенгот се случил има доста, неколку наведе Хјуман, но ниеден од тие докази не објаснуваат што се случило пред големата експлозија. Тука е најголемата енигма, и класичното гледање (сингуларитетот) мислам дека се повеќе и повеќе се напушта. Но речиси сите теории кои се обидуваат да го објаснат настанокот на универзумот го земаат Биг Бенгот како точен. Разликата е што некои сметаат дека пред експлозијата постоел сингуларитетот, други сметаат дека тоа се всушност два универзума кои се судриле, и ББ се честа појава, и така натаму.
Да, ова е друга теорија за која се зборува, немам читано за ова но гледав 1-2 документарци на кои научници ја објаснуваа оваа можност.
 
D

dystopian

Гостин
И тоа подлегнува на истите преиспитувања. Магијата е сила во природата, а не вон нејзе. Нема тука ништо надприродно и чудно.
Зошто тогаш сите релевантни научни институции ја отфрлаат како непостоечка? Сигурно штом е во природата, би можеле да ја откријат...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702

Kajgana Shop

На врв Bottom