Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

A

apidrone

Гостин
Штета што нема копче DISLIKE !!!!

Едно е да полемизираме за грешките кој не сака да ги признае ферги а друго е да бараме како што некој напиша погоре цитирам "да умре" или пак ова "ферги аут"

Сите овдека се Манчестер Јунајтед фанатици затоа и така реагираат , некој коректно некој не .... некој размнислуваат што ќе кажат а некој не ...Да сите ние сакаме на крај да славиме ... но со ваква игра како сезонава , подобро еден Њѕкасл да биде првак отколку ние ... не секогаш Пехарот го краси делото ... некогаш сакаме да уживаме и во она што ни го прикажуваат фудбалерите а тоа годинава не го видовме ни на 5 минути ... дали во лига на шампиони, куп или првенство.
http://en.wikipedia.org/wiki/Sarcasm
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Едно е да полемизираме за грешките кој не сака да ги признае ферги а друго е да бараме како што некој напиша погоре цитирам "да умре" или пак ова "ферги аут"
Зошто не? Па ти хируршки прецизно му ги лоцира грешките, а тој не сака да ги признае. Што ондак да биде менаџер, старо пролупано копиле. Мора да најдеме некој ко Раниери, кој секогаш ќе си ги признава грешките. Штета зафатен е со Интер, ама затоа Бенитез е тука. :vozbud:

Sack Fergie, Sell Giggs!!!
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
4 порази ама и 11 нерешени ти текнува ?
10 место !? :tapp: :icon_lol:
Разликата е што Сити годинава е силен, а Јунајтед провери каде сакаш, има дадено повеќе голови, помалку примени, повеќе бодови освоени, со 5-6 нови играчи и 7-8 повредени, сосема солидни а ?
Формата ни оди во многу надолна линија. Победите ги начукавме во почетокот кога немаше повредени, беа разиграни играчите и не фалеше ништо во тимот. Сета среќа на почетокот беа и Арсенал, и Челзи и Ливерпул-да беа при крајот на средината на полу сезоната е тогаш ке видевме колку ке имавме победи, порази, нерешени и пред се ПОЕНИ.
Викаш 5-6 нови играчи а? Ама го немаме веќе Ван Дер Сар кој беше столб на голот, го немаме Сколс кој беше мозокот во средината, го немаме Видич кој беше ѕид во одбраната и ја немаме формата на Чичарито кој беше моторот во нападот.
Горе-долу се ни е “рането“. Кога ке имаме соодветни замени за горните места е тогаш ке може да се надеваме на 20-тата титула а дотогаш може само да се надеваме.

Единствен факт кој ме радува е тоа што лани бевме шампиони со 23 победи (80 поени).
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
20.944
Зошто не? Па ти хируршки прецизно му ги лоцира грешките, а тој не сака да ги признае. Што ондак да биде менаџер, старо пролупано копиле. Мора да најдеме некој ко Раниери, кој секогаш ќе си ги признава грешките. Штета зафатен е со Интер, ама затоа Бенитез е тука. :vozbud:

Sack Fergie, Sell Giggs!!!
Па да ... валенсија игра десен бек зашто му е мерак иако нани може вода да му носи како десно крило ... Или па може би керик како голман е подобар или Џонс како напаѓач ... еј да еден Руд не беше добар повеќе за Манчестер зашто му згази на шламјмот на ферги ... или па еден Бербатов заслужи да биде четврт напаѓач после Велбек-КОЈ .... само зашто Ферги мислеше дека рајот е на земјата а не на небото ... ова е само ДЕЛ од репертоарот на Ферги како што кажав .. КОГА ЌЕ ПЛУКНЕ НЕ ЛИЖЕ ... па ако треба и Линдергард да игра како напаѓач пред Бербатов следниве 5 сезони ...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Па да ... валензија игра десен бек зашто му е мерак иако нани може вода да му носи како десно крило ... Или па може би керик како голман е подобар или џонс како напаѓач ... еј да еден Руд не беше добар повеќе за манчестер зашто му згаси на шламјмот на ферги ... или па еден бербатов заслужи да биде четврт напаѓач пред Велбек-КОЈ .... само зашто ферги мислеше дека рајот е на земјата а не на небото ... ова се само ДЕЛ од она што ферги како што кажав .. КОГА ЌЕ ПЛУКНЕ НЕ ЛИЖЕ ... па ако треба и Линдергард да игра како напаѓач пред Бербатов следниве 5 сезони ...
Епа тогаш, зошто да не го отпуштат? Да не беше Ферги во последниве 5 сезони ќе освоевме 20 титули, а не вака. :(
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
20.944
Епа тогаш, зошто да не го отпуштат? Да не беше Ферги во последниве 5 сезони ќе освоевме 20 титули, а не вака. :(
Никој не го оспори тоа .. но кога нешто не е во ред има и причина зашто .. никој не е крив тука ни судија ни црна магија ни незнам што друго .. играме без среден ред долго време ... зашто никој не е добар за нас ... ама всушност го чекаме синот на руни да порасне зашто ферги го виде идниот сколс ... а до тогаш че си патиме како скинато патиче ...

Очигледно на повеќето за вас ... оправдано поважни ви се титулите од играта ... па да беше така сите ќе навиваа за Барса Реал Манчестер( затоа и ги ценам фановите на Арсенал Тотенхем Евертон и така натака зашто не се пресудни секогаш титулите за да навиваат за тимот) но некогаш позади тие трофеи некој од нас ги исполнува и играта што ја прикажуваат тие тимов .... Во нашиов случај .... тоа би ти дошло нешто како оргазам со коза .. битно е оргазам ама не е битно што било коза меѓу другото.
Сакам да кажам дека понекогаш сакам да уживам во играта па макар било и пораз ............
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Никој не го оспори тоа .. но кога нешто не е во ред има и причина зашто .. никој не е крив тука ни судија ни црна магија ни незнам што друго .. играме без среден ред долго време ... зашто никој не е добар за нас ... ама всушност го чекаме синот на руни да порасне зашто ферги виде идеална замане аза сколс во него ...
Пак истото прашање. Зошто на толку грешки да не го отпуштат Фергусон? Зошто си против?
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
^Брат извини вака која сезона ја гледаш ти ? До пред овие 2 пораза, од крајот на октомври имавме 8 победи и едно реми во последните 9, а ти викаш победите ни се на почетокот коа сме немале повредени ????

Па баш заради тоа што се нови играчите, ти ги пишав статистиките споредени со ланската сезона, дека сме подобри од лани, само што и Сити е појак. И да видиш дека се вклопиле во тимот и дека една лоша утакмица не може да ги поништи добрите игри на новите играчи. А дека искуството на Сколс и Ван дер Сар ќе беше од корист нема дискусија тука. Ама дека се солидни момците до сеа не можеш да негираш.

Го немаме Чичарито(повреден беше), ама затоа го имаме Руни поефикасен од лани, Бербатов кога и да игра дава голови, Велбек добар беше на почеток, сеа рака на срце послаб последниов месец-два...
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
4 порази ама и 11 нерешени ти текнува ?
10 место !? :tapp: :icon_lol:
Разликата е што Сити годинава е силен, а Јунајтед провери каде сакаш, има дадено повеќе голови, помалку примени, повеќе бодови освоени, со 5-6 нови играчи и 7-8 повредени, сосема солидни а ?
Да си ми жив и здрав!
Значи не дека претходниве сезони сме немале повредени играчи, или криза во играта или незнам уште што, ама секогаш ние го диктиравме темпото во ПЛ и скоро секогаш ние излегувавме како победници, годинава е поинаку..
Викате Ферги ротирал? Ја од кога знам за Јунајтед секогаш така прави стариот, особено во овој период од годината, ама изгледа немало кој да го казни тоа, впрочем и сега би било така да не се расфрлаа Арапиве, погледнете кај се Арсенал, Челзи, Ливерпул..
Зборот ми е дека имаме сериозен конкурент во Сити и дека не е Ферги чудак, како што мислат некои, па да прави чуда, неговиот карактер и разбирање се она што го предничат пред другите и што го одржа цели 25год на чело на Јунајтед.
 
A

apidrone

Гостин
Никој не го оспори тоа .. но кога нешто не е во ред има и причина зашто .. никој не е крив тука ни судија ни црна магија ни незнам што друго .. играме без среден ред долго време ... зашто никој не е добар за нас ... ама всушност го чекаме синот на руни да порасне зашто ферги виде идеална замане аза сколс во него ...
Извини, а кој ги освои титуливе во последните 20 години? Кој го одржува Манчестер Јунајтед во топ 3 од самото оформување на ПЛ? Кој имаше муда да го продаде Бекам, затоа што не признаваше ѕвезди? Кој направи заминувањето на Роналдо да не претставува никаков проблем? Кој всушност го откри Роналдо? Кој му даде шанса на еден непознат копиљ (читај Македа), во утакмица во која губиме, а истата е одлучувачка за титулата? Кој во 99'та ги внесе Шерингам и Солскјер од клупа, за истите да му донесат на својот клуб титула европски шампион? Уште да набројувам?
Тоа е Сер Алекс Фергусон. Прифати го каков што е, or else...
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.637
Поени од реакции
43.426
И сеа ќе купиме 1000 фудбалери, според медиумите.. Затоа најмногу мразам порази, посебно во трансфер-периоди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom