Законот на Телема

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ја читам внимателно темава и мислам дека Ипсисимус има многу поголемо знаење од Хептаграм за теми поврзани со Телемата .
Грешка си :)
Јас сум почетникот, Хептаграм е далеку поискусен од мене. ;)
Но во секој случај, благодарам.
 

Hitchhiker

Concordia
Член од
23 октомври 2011
Мислења
96
Поени од реакции
31
Неточно е и ова бидејќи не сакаш да разбереш дека со разменување на нашите различни искуства, пракси и преку Коментарот на Големиот Ѕвер ние не наметнуваме на другиот каков е Законот, туку ги прошируваме нашите хоризонти, и на крај сфаќаме дека сите тие делови, се едно од Законот!

Јасно е?
Не е, но веќе се заморив. Наставак у следечем броју :)
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
mi se cini deka ednash ti dadov odgovor za tvojata bela,zolta i crna skola....ni memorijata ne te sluzi dobro izgleda...
Болдираното....ај малку објаснување, ме оставаш со прашалници над глава. Јас онолку малку колку што познавам било што за Телемата, никаде немам сретнато вакви имиња за школи. :confused:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Грешка си :)
Јас сум почетникот, Хептаграм е далеку поискусен од мене. ;)
Но во секој случај, благодарам.
Сакав само да ве скарам, ми беше малку досадно. :D Сериозно ми се допаѓа начинот на кои ги браните вашите ставови и покрај тоа што Хептаграм го имам видено во едно малку поинакво издание на една друга платформа, што малку ме разочара.
Ја прочитав Магика без солзи и тоа од овој линк http://issuu.com/algbral/docs/aleister_crowley-magika_bez_suza и да бидам искрен не ме фасцинираше кој знае колку.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Болдираното....ај малку објаснување, ме оставаш со прашалници над глава. Јас онолку малку колку што познавам било што за Телемата, никаде немам сретнато вакви имиња за школи. :confused:
e toa ke mora da go prashash heptagram......jas samo mu objasniv deka e cista glupost....
a ako saka moze i da ti go dade mojot odgovor vo koj mu objasnuvam koj tip na skoli postojat...a ne crna.bela i zolta.....
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Болдираното....ај малку објаснување, ме оставаш со прашалници над глава. Јас онолку малку колку што познавам било што за Телемата, никаде немам сретнато вакви имиња за школи. :confused:
Секогаш постоеле, барем во сржта, три главни Школи на Филозофска пракса. (Го користиме зборот филозофски во неговата стара добра автентична смисла, како во фразата Филозофските Трудови на Кралското Друштво за Унапредување на Знаењето).
Вообичаено е тие три Школи да се опишуваат како Жолта, Црна и Бела. Прво, потребно е да се предупредат читателите дека тие во ниеден случај не смеат да се мешаат со расните разлики во бојата на кожата; а уште помалку се однесуваат на вообичаените симболи, како на пример: жолти капи, жолти одежди, црна магија, бело вештерство (witchcraft) и слично. Опасноста е уште поголема, зашто овие аналогии се често исто толку залажувачки, колку што е и доказот од нивното испитување.
Овие Школи претставуваат три потполно различни и спротивни теории на Универзумот, а оттука и пракси на спиритуална наука. Магиската формула на секоја Школа е исто толку прецизна како и тригонометриската теорема. Секоја зема за основа одреден закон на Природата, а работата се усложнува поради фактот што секоја Школа во одредена смисла, ги признава формулите на останатите две, само што ги гледа на некој начин како непотполни, секундарни или илузорни. Сега, како што ќе се потврди подоцна, поради природата на своите постулати Жолтата Школа стои настрана од другите две. Но,Црната и Белата Школа секогаш се повеќе или помалку во активен судир; поради тоа што токму во овој момент тој судир се приближува до кулминација, потребно е да се напише овој есеј. Адептите на Белата Школа сметаат дека денешната опасност за човештвото е толку голема, што се подготвени да ја напуштат својата традиционална политика на молчење, со намера да ги приклучат во своите редови профаните луѓе од сите нации.
Ние поседуваме одреден мистичен документ, кој можеме накратко да го опишеме, заради погодност, како Апокалипса, чии клучеви ги поседуваме благодарение на интервенцијата на Мајсторот, кој се појави во овој Судбоносен миг. Тој документ се состои од низа визии во кои слушаме гласови од разни Интелигенции, чија природа тешко би можеле да ја одредиме, но кои, во најмала рака се надарени со далеку поголемо знаење и моќ од она што сме навикнале да го сметаме за вообичаено за човечкиот род.
Мораме да цитираме извадок од еден од најважните документи. Учењето е претставено, како што е вообичаено меѓу Иницираните, во форма на парабола. Оние, кои постигнале макар и среден степен на просветлување се свесни дека слепата вера на верникот и грубото неверување на оние, кои се потсмеваат во однос на фактите, се само детинштини. Секој настан во Природата, вистински или лажен, поседува спиритуално значење. Тоа и само тоа значење поседува некоја филозофска вредност за Иницираниот.
Ортодоксните не треба да бидат шокирани, а просветлените не треба да чувствуваат презир, кога ќе дознаат дека извадокот, кој имаме намера да го цитираме, е парабола заснована на најнепристојната од библиските легенди, а која се однесува на Ное. Таа едноставно служи на својата цел заради погодноста на тој Свет Текст.
Следуваат извадоци од Визијата:
И гласот воскликна: проклет да е оној што ќе ја разоткрие голотијата на Севишниот, зашто тој е пијан од виното, кое е крв на адептите. И БАБАЛОН го успала на своите гради, побегнала, оставајќи го гол и ги повикала да се соберат нејзините деца, велејќи: Дојдете со мене да се исмејуваме на голотијата на Севишниот;
Првиот адепт ја покрил Неговата срамота со покривач, одејќи наназад и беше бел. Вториот адепт ја покри Неговата срамота со покривач, одејќи настрана и беше жолт. А третиот адепт се исмеа на Неговата голотија, одејќи напред и беше црн. И тоа се трите големи школи на Маговите, кои се исто така тројцата Магичари, кои патувале во Витлеем; а бидејќи не поседуваш мудрост, нема да знаеш која школа преовладува, ниту дали се тие три школи една.
Сега сме подготвени да ги проучиме филозофските основи на овие три Школи. Меѓутоа, мораме да предупредиме против премногу буквална интерпретација, па дури и на оваа парабола. Би можеле да се посомневаме, од причини, кои ќе станат очигледни во понатамошното истражување на доктрините на Трите Школи, дека оваа парабола ја измислила една Интелигенција од Црната Школа, која била свесна за својата расипаност и сакала да ја претвори во праведност преку алхемијата на нејзиното фалење. Интелигентниот читател ќе забележи подмолен обид да се изедначи доктрината на Црната Школа со видот на црна магија, кој обично се нарекува Дијаболизам. Со други зборови, самата парабола е пример на една крајно суптилна црномагиска операција, а контемплацијата за ваквите замисли не доведува до сфаќање за запрепастувачките змиски постапки на Магичарите. Профаниот читател нека не премине преку овие суптилни работи како да се ништожни глупости. Токму измамата од овој вид ја одредува цената на компирот.​
Оваа дигресија веројатно не е толку неоправдана, како што може да се чини по првото читање. Внимателното проучување може да ја открие природата на мисловните процеси, кои обично ги користат тајните Мајстори на човечкиот род за да ја одредат неговата судбина.​
Кога сите ќе престанете да се смеете, ќе ве замолам да го споредите реалното дејствување произведено врз текот на човечката судбина од Цезар, Атила и Наполеон од една страна и Платон, Енциклопедистите и Карл Маркс од друга.​
Жолтата Школа на Магиката ја смета, со потполна научна и филозофска непристрасност, реалноста на Универзумот како факт. Бидејќи и самата е дел од тој Универзум, таа ја сфаќа својата немоќност да ја промени и во најмал степен неговата целина. Вулгарно речено, таа не се обидува да се издигне над тлото, потегнувајќи се за своите чорапи. Поради тоа, таа на феноменот не му спротивставува никаква реакција, било да е омраза или симпатија. Ако дури и се обиде да влијае на текот на настаните, го прави тоа на единствен можен интелигентен начин; тежнее да го намали внатрешното триење​
Останува, значи, во длабока контемплативна состојба. Ако ги употребиме термините на западната филозофија, во нејзиното гледиште постои нешто од стоицизмот на Зенон; или Пиквикијанизмот и ако смеам да го употребам изразот – од Епикур. Идеалната реакција на феномените е совршената еластичност. Поседува нешто од ладнокрвноста на математиката; и поради тоа се чини дека е чесно да се каже, заради елементарната студија, дека Питагора е нејзин најадекватен претставник во европската филозофија.​
Меѓутоа, по откривањето на Азиските мисли, не ни е потребно да земаме идеи од втора рака. Жолтата Школа на Магиката има свој совршен класичен текст, Тао Те Кинг.​
Невозможно е да се пронајде религија, која адекватно ја претставува мислата на ова мајсторско дело. Не само поради религијата што како таква е спротивна на науката и филозофијата, туку и поради самата природа на начелото на Жолтата Школа дека нејзините Следбеници не сакаат да се впуштаат во просветлување на толпата луѓе, кои ги сметаат за безнадежни будали.​
Истовремено, бидејќи теоријата на религијата сама по себе е ткиво од лаги, единствената вистинска сила на било која религија, потекнува од поткраднувањето од Магиската доктрина; а бидејќи религиозните личности по правило се потполно бескрупулозни, следува дека секоја религија тежнее да содржи делови од Магичката доктрина, украдени повеќе или помалку на среќа од една или друга Школа, во зависност од можностите.​
Затоа читателот најсериозно нека се чува од обидите да ги сфати овие работи со помош на примамливите аналогии. Таоизмот има исто толку малку врска со Тао Те Кинг, колку што има врска Католичката Црква со Евангелието.​
(извадок од книгата “Магика без Солзи”)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.160
Поени од реакции
83.956
Тој документ се состои од низа визии во кои слушаме гласови од разни Интелигенции, чија природа тешко би можеле да ја одредиме, но кои, во најмала рака се надарени со далеку поголемо знаење и моќ од она што сме навикнале да го сметаме за вообичаено за човечкиот род.
not good, (иако не сум сигурен што точно подразбирате под болдот)
Anyway. За какви интелегенции станува збор? Кога велите интелигенции, мене ми личи дека зборувате за нешто од типот на блавацкините махатми, напредни души кои се по сопствен алтруистички мотивиран избор останати во кругот .... Сигурно ваљда не се мисли на елементални (уште по малку за елементарни) интелегенции, нели, со сопствена астролошка локација, печат и све друго.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.206
Поени од реакции
12.201
not good, (иако не сум сигурен што точно подразбирате под болдот)
Anyway. За какви интелегенции станува збор? Кога велите интелигенции, мене ми личи дека зборувате за нешто од типот на блавацкините махатми, напредни души кои се по сопствен алтруистички мотивиран избор останати во кругот .... Сигурно ваљда не се мисли на елементални (уште по малку за елементарни) интелегенции, нели, со сопствена астролошка локација, печат и све друго.
Ако ти личи на тебе дека се тоа, тоа се. Нема друго. Секој со искуството.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
not good, (иако не сум сигурен што точно подразбирате под болдот)
Anyway. За какви интелегенции станува збор? Кога велите интелигенции, мене ми личи дека зборувате за нешто од типот на блавацкините махатми, напредни души кои се по сопствен алтруистички мотивиран избор останати во кругот .... Сигурно ваљда не се мисли на елементални (уште по малку за елементарни) интелегенции, нели, со сопствена астролошка локација, печат и све друго.
Ако не си сигурен што се подразбира од кажаното, од кај знаеш дека не е така?:)
Колку пати беше кажано дека со надмудрување, филозофирање и препирање ништо нема да се постигне. Тој што навистина има воља да ги осознае нештата, ќе ги осознае - со работа, со пракса.
Останатите ќе се препираат, ќе плукаат и ќе се чукаат во гради како само тие се во право и сите останати се во заблуда.

П.С. За сите учесници во темава, чија единствена цел е да ја омаловажат Телемата, едно потсетување од Книгата на Законот, Поглавје III
Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу! Тие што сакаат да те намамат, да те поразат, нив нападни ги без милост или сожалување; и уништи ги потполно.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Pa dobro majku mu....aka nam toa nie e volja,zar nemame pravo toa da go pravime????
По незнам кој пат:

LIBER II
За чиста волја, неослабена од цел, ослободена од страсти за резултат, секој пат е совршен”. Проучи го ова внимателно; изгледа оти ова подразбира теорија дека ако секој маж и секоја жена ја извршуваат својата волја – вистинска волја – нема да има судири.

Што е омаловажувањето ако не судир, конфликт?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.160
Поени од реакции
83.956
Ако не си сигурен што се подразбира од кажаното, од кај знаеш дека не е така?:)
Што сум рекол дека не е така?

Реков дека не е добро ако вашата доктрина (да ја наречам) не знае кој ја/ве полни со информации. Така ми личи.
Колку пати беше кажано дека со надмудрување, филозофирање и препирање ништо нема да се постигне. Тој што навистина има воља да ги осознае нештата, ќе ги осознае - со работа, со пракса.
Останатите ќе се препираат, ќе плукаат и ќе се чукаат во гради како само тие се во право и сите останати се во заблуда.

П.С. За сите учесници во темава, чија единствена цел е да ја омаловажат Телемата, едно потсетување од Книгата на Законот, Поглавје III
Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу! Тие што сакаат да те намамат, да те поразат, нив нападни ги без милост или сожалување; и уништи ги потполно.
Ало бре, смирите се. Разбирам ја зашто сте нервозни и тригер хепи, али моето прашање беше прилично јасно. И без никаков обид за омаловажување на телемата или нешто слично. Секој тоа би го приметил. Нормално прашање, на кое не добив одговор.
Од едниот (Хептаграм) добив одговор дека интелегенциите се тоа што мислам дека се. :confused:
Од тебе... Од тебе не добив, во суштина ништо, како одговор.
Тие интелегенции, ја знам што може да бидат, а што се, можат евентуално да ми кажат (што мислат) некои од вас, кои нели, комуницираат со нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom