Зошто атеистите немаат одговор на следниве прашања.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.504
Поени од реакции
27.322
Библиските закони не се мистерија, се знае што порачуваат. На кој начин ги поврзуваш со сегашниве правни закони?
Новиот завет е многу јасен, не суди никому! Ако тоа е основа на правниот систем, зошто имаме судови?
Новиот завет, не суди ?
Информирај се пред да пишеш нешто. Ти реков. Што е ова ако не е манипулација и играње со незнаењето на луѓето ?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Новиот завет, не суди ?
Информирај се пред да пишеш нешто. Ти реков. Што е ова ако не е манипулација и играње со незнаењето на луѓето ?
Е ај да се информираме:

Евангелие по Матеј 7:1
Не судете, за да не бидете судени!
:)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Меѓу многуте работи создадени од Господ и наведени во библијата, било и првото смајли.
Кој би рекол...
Да, во тоа време бог беше добродушен, после потопот му се скрши филмот, и стана намќор.....Јеби га.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.504
Поени од реакции
27.322
Не може неверување да се базира на вера, зошто се работи за дијаметрално спротивни работи. Неверување е комплетна спротивност на верувањето! Не ми се верува дека стгинав ова да го објаснувам.
Тука си грешка, неверувањето е само негација на верувањето. Базата е иста. Антоним на верувањето кога е во прашање религијата е знаењето, но за жал атеизмот не се заснова на знаење.

Пак ќе повторам, атеизмот е верување колку што неиграњето голф или тенис е спорт. Што се однесува до моралноста, сам рече дека моралот е независен од религијата, според тоа апсолутно не прави никаква разлика ако некој атеист има слични морални вредности со одредена религија, зошто тие морални вредности не се екслузивни за таа религија, нели?
Ги следи моралните нормативи наметнати од Христијанството. Светските закони се тие. Еволуираат и пред Христијанството, но ете христијаните биле најнапредна цивилизација на времето и рекле дека законите мора да се тргнат од религијата во некаква практична форма. И на најдобар можен начин ги пресликале тие закони од Библијата во правни закони чија основа ја имаме и ден денеска. Ова јас го сметам за глобална придобивка од Христијанската цивилизација, и тоа е факт како таков. Значи пак и повторно, моралните вредности што ги живее модерната цивилизација се усвоени и кодифицирани од Христијаните. Со тек на време истата таа цивилизација решила да ја тргне црквата од работите на државата, пошто веќе кога имаме закони црквата може да ги проповеда своите морални вредности, но не е бастион на истите, пошто постои закон и ред нели, така и престанува да е средство за манипулација на масите и така настанува секуларизмот. И во истиот момент како средство за манипулација што би ја заменило религијата се јавува атеизмот.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Тука си грешка, неверувањето е само негација на верувањето. Базата е иста. Антоним на верувањето кога е во прашање религијата е знаењето, но за жал атеизмот не се заснова на знаење.
А кој рече дека атеизмот е заснован на знаење? Не можеш, разбери, да знаеш дека нешто не постои. Дали ти знаеш дека не постојат еднорози, иако нема докази за нив? Од кај знаеш, ај докажи...

Исто и со Бог, атеизмот е неверување, што е спротивно од верување. Заклучок: верување =/= неверување. Добро бе мајкуму стара, не сме во градинка, ова да го објаснувам.
Ги следи моралните нормативи наметнати од Христијанството. Светските закони се тие. Еволуираат и пред Христијанството, но ете христијаните биле најнапредна цивилизација на времето и рекле дека законите мора да се тргнат од религијата во некаква практична форма. И на најдобар можен начин ги пресликале тие закони од Библијата во правни закони чија основа ја имаме и ден денеска. Ова јас го сметам за глобална придобивка од Христијанската цивилизација, и тоа е факт како таков. Значи пак и повторно, моралните вредности што ги живее модерната цивилизација се усвоени и кодифицирани од Христијаните. Со тек на време истата таа цивилизација решила да ја тргне црквата од работите на државата, пошто веќе кога имаме закони црквата може да ги проповеда своите морални вредности, но не е бастион на истите, пошто постои закон и ред нели, така и престанува да е средство за манипулација на масите и така настанува секуларизмот. И во истиот момент како средство за манипулација што би ја заменило религијата се јавува атеизмот.
Христијани, најнапредна цивилизација?

Христијанските теократски општества се познати по својата затуцаност, времето во кое владеела Црквата е познато како Мрачно Доба. Денешниве напредни општества се секуларни, а не христијански. Библијата не е морална основа, не убивај, не кради, почитувај итн. постоеле пред библијата, тоа што таа ги украде и прикажа како нивни, не ги прави нивни.

Впрочем, и добро е што библијата не е никаква основа во денешниве општества, туку истите се засновани на секуларни вредности. Во спротивно, ќе требаше да те убиеме ако работиш во недела, ќе требаше да бесиме педери, да водиме војни против неверници итн.

Се обидуваш да ги прикажеш основните морални вредности како придобивка од христијанството, а тоа нема да ти помине овде. Правото е па најмалку базирано на новиот завет, кој повикува да не судиме никому, и да го свртиме другиот образ.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Еве јас како Атеист отварам тема во религија која многумина би ја сватиле како контра атеистичка или САМ СЕБЕ УБИЈАЛ ТЕМА:pos2:

но не е така,всушност целта е да развиеме дискусија,дали има одговор на овие прашања,дали религијата го нуди одговорот,филозофијата...
дали е полошо да кажеш научен доказ кој потоа ќе биде побиен,отколку да признаеш дека не знаеш-туку веруваш???

1. What was in the beginning?
2. How will life on earth end?
3. What happens after death?
4. What is the purpose of existence?
5. Why there is order in all of creation?
6. Why there is morality in every civilization?
7. Why does every civilization believe in a Creator?
8. Why does every sane person have a conscience, even when it is not dictated by society?
9. How did nothing create everything?
10. Which came first--the chicken or the egg?

Барем да си ги прочиташе одговорите што се поставени пред да го копираш прашањево



http://www.worldviewweekend.com/worldview-times/article.php?articleid=4096

Untitled.jpg
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Тука си грешка, неверувањето е само негација на верувањето. Базата е иста. Антоним на верувањето кога е во прашање религијата е знаењето, но за жал атеизмот не се заснова на знаење.


Ги следи моралните нормативи наметнати од Христијанството. Светските закони се тие. Еволуираат и пред Христијанството, но ете христијаните биле најнапредна цивилизација на времето и рекле дека законите мора да се тргнат од религијата во некаква практична форма. И на најдобар можен начин ги пресликале тие закони од Библијата во правни закони чија основа ја имаме и ден денеска. Ова јас го сметам за глобална придобивка од Христијанската цивилизација, и тоа е факт како таков. Значи пак и повторно, моралните вредности што ги живее модерната цивилизација се усвоени и кодифицирани од Христијаните. Со тек на време истата таа цивилизација решила да ја тргне црквата од работите на државата, пошто веќе кога имаме закони црквата може да ги проповеда своите морални вредности, но не е бастион на истите, пошто постои закон и ред нели, така и престанува да е средство за манипулација на масите и така настанува секуларизмот. И во истиот момент како средство за манипулација што би ја заменило религијата се јавува атеизмот.
Секуларната религија, а не атеизмот. Првиот атеист, за кого историјата не ни остава сведоштва, но не е нелогично да се претпостави, се појавил веројатно некаде во Сумер, некаков тип кој мрчел “јас не верувам во овие боговите шо наводно дошле од небесата...“
Атеизмот не го измислил никој, се појавил заедно со првата религија, пред многу милениуми.

Освен тоа, треба да се спомене дека Сталин, Пол Пот, Мао, Енвер, Хонекер, Чаушеску, Тито, Ким Ил Сунг....сите тие биле дар од Бога и да им се спротистави некој значи дека е грешник кој оди против Неговиот план.

Павле до Римјаните 13.

1 Секоја душа да им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога; и колку и да се властите, од Бога се поставени.
2 Затоа оној, кој и се противи на власта, и се противи на Божјата наредба; а кои и се противат, ќе ја примат својата осуда.
3 Зашто владетелите не се страв за добро дело, туку за зло. Сакаш ли пак да не се боиш од власта, прави добро, па ќе бидеш пофален од неа.
4 Таа Му служи на Бога за твое добро. Но, ако правиш зло, бој се; зашто не носи напразно меч. Таа е во служба на Бога, гневен одмаздник за оној, кој прави зло.
5 Затоа треба да и се покорувате, не само поради гневот, туку и заради совеста.
6 Затоа плаќате и даноци, зашто се Божји службеници, кои се занимаваат со тоа.
7 Дајте му секому она што сте му должни: кому данок - данок; кому царина - царина; кому страв - страв; кому чест - чест!

Во денешна Русија инаку некои свештеници и верници добро го сфатиле послението Павлово и покренаа постапка за прогласување на другарот Џугашвили за - светец...соодветни икони веќе ги красат домовите на рајата.

 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Неколку пати прочитај ја реченицата што ја кажа и ќе ти е јасно. Атеизмот се базира на неверување, а не на знаење. Што го става далеку од егзактноста и во ист кош со религијата. (неверувам во Бога = верувам дека бог не постои)
Премногу напор вложуваш за да го окарактеризираш атеизмот како нешто што ни е ниту бил.
Атеистите не се оние кои знаат, никогаш не ни знаеле. Ако знаевме, немаше да има ни верувачи ни неверувачи. Знаењето и верувањето никогаш не одат заедно, но има такви кои тврдат дека знаат (како ти на пр.) а веруваат.
Твојата историска констатација неверувам во Бога = верувам дека бог не постои, е и логички и синтаксно неисправна и твоја пуста желба. Далеку е од точна па макар и со фонт стотка да ја напишеш. Не може да се верува во непостоење на нешто, ма што и да било.
Непливач и пливач исто ли е?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.504
Поени од реакции
27.322
Премногу напор вложуваш за да го окарактеризираш атеизмот како нешто што ни е ниту бил.
Атеистите не се оние кои знаат, никогаш не ни знаеле. Ако знаевме, немаше да има ни верувачи ни неверувачи. Знаењето и верувањето никогаш не одат заедно, но има такви кои тврдат дека знаат (како ти на пр.) а веруваат.
Твојата историска констатација неверувам во Бога = верувам дека бог не постои, е и логички и синтаксно неисправна и твоја пуста желба. Далеку е од точна па макар и со фонт стотка да ја напишеш. Не може да се верува во непостоење на нешто, ма што и да било.
Непливач и пливач исто ли е?
многу бедна споредба даваш изведен антоним на именка.
Знам не е еднакво на Незнам ама се базира на знаењето на еден човек, односно што знае а што не-знае.
Слично верувам не е еднакво на не-верувам, ама се базира на твојата верба во нешто, односно што веруваш, а што не веруваш.
Атеизмот не е недостаток на верување, туку е верба сам по себе.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеизмот не е недостаток на верување, туку е верба сам по себе.
Верба во што?
Атеизмот е немање на верување. Не недостаток.
А за знаењето веќе реков, бесмислено е да кажеш знам кога никој не знае.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
многу бедна споредба даваш изведен антоним на именка.
Знам не е еднакво на Незнам ама се базира на знаењето на еден човек, односно што знае а што не-знае.
Слично верувам не е еднакво на не-верувам, ама се базира на твојата верба во нешто, односно што веруваш, а што не веруваш.
Атеизмот не е недостаток на верување, туку е верба сам по себе.
А ако не верувам во верувањето дека неверувам дека верувам?!
Прво треба да се прецизира за кој Бог се работи, од перспектива на просечен припадник на конфесија тоа секогаш е еден Бог, оној чија конфесионална припадност го пропагира, но таа перспектива е зависна од географијата и неколку км подалеку некој верува во друг Бог а не во првиот. Дури има случаи каде верувањето во Бог се разликува од втори до трети спрат во ист влез...
А бројот на Богови е прилично голем и се наголемува секојдневно, мислам дека во моментов ни Вила Парк не би ги собрал сите на едно место, можеби Вембли би имал доволен капацитет ако би можел да послужи како некаков пантеон...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.504
Поени од реакции
27.322
Верба во што?
Атеизмот е немање на верување. Не недостаток.
А за знаењето веќе реков, бесмислено е да кажеш знам кога никој не знае.
Сакаш да кажеш дека атеистите немаат верување како човечки атрибут ?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Сакаш да кажеш дека атеистите немаат верување како човечки атрибут ?
Е тоа е веќе индивидуална работа. Секој за себе. Можам да зборувам само за мене.
Атеизмот е само и само неверување во богови. ништо повеќе, ништо помалку
 

Kajgana Shop

На врв Bottom