Тука си грешка, неверувањето е само негација на верувањето. Базата е иста. Антоним на верувањето кога е во прашање религијата е знаењето, но за жал атеизмот не се заснова на знаење.
Ги следи моралните нормативи наметнати од Христијанството. Светските закони се тие. Еволуираат и пред Христијанството, но ете христијаните биле најнапредна цивилизација на времето и рекле дека законите мора да се тргнат од религијата во некаква практична форма. И на најдобар можен начин ги пресликале тие закони од Библијата во правни закони чија основа ја имаме и ден денеска. Ова јас го сметам за глобална придобивка од Христијанската цивилизација, и тоа е факт како таков. Значи пак и повторно, моралните вредности што ги живее модерната цивилизација се усвоени и кодифицирани од Христијаните. Со тек на време истата таа цивилизација решила да ја тргне црквата од работите на државата, пошто веќе кога имаме закони црквата може да ги проповеда своите морални вредности, но не е бастион на истите, пошто постои закон и ред нели, така и престанува да е средство за манипулација на масите и така настанува секуларизмот. И во истиот момент како средство за манипулација што би ја заменило религијата се јавува атеизмот.
Секуларната религија, а не атеизмот. Првиот атеист, за кого историјата не ни остава сведоштва, но не е нелогично да се претпостави, се појавил веројатно некаде во Сумер, некаков тип кој мрчел “јас не верувам во овие боговите шо наводно дошле од небесата...“
Атеизмот не го измислил никој, се појавил заедно со првата религија, пред многу милениуми.
Освен тоа, треба да се спомене дека Сталин, Пол Пот, Мао, Енвер, Хонекер, Чаушеску, Тито, Ким Ил Сунг....сите тие биле дар од Бога и да им се спротистави некој значи дека е грешник кој оди против Неговиот план.
Павле до Римјаните 13.
1 Секоја душа да им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога; и колку и да се властите, од Бога се поставени.
2 Затоа оној, кој и се противи на власта, и се противи на Божјата наредба; а кои и се противат, ќе ја примат својата осуда.
3 Зашто владетелите не се страв за добро дело, туку за зло. Сакаш ли пак да не се боиш од власта, прави добро, па ќе бидеш пофален од неа.
4 Таа Му служи на Бога за твое добро. Но, ако правиш зло, бој се; зашто не носи напразно меч. Таа е во служба на Бога, гневен одмаздник за оној, кој прави зло.
5 Затоа треба да и се покорувате, не само поради гневот, туку и заради совеста.
6 Затоа плаќате и даноци, зашто се Божји службеници, кои се занимаваат со тоа.
7 Дајте му секому она што сте му должни: кому данок - данок; кому царина - царина; кому страв - страв; кому чест - чест!
Во денешна Русија инаку некои свештеници и верници добро го сфатиле послението Павлово и покренаа постапка за прогласување на другарот Џугашвили за - светец...соодветни икони веќе ги красат домовите на рајата.