еве демант за Азиз,
http://24fudbal.com.mk/vesti/1369/ffm-i-tosak-demantiraat-deka-imale-kontakt-so-serdar-aziz
Велиш како што важи за Азиз така и за Игњовски, не друже, грешиш, Азиз е роден во Битола но со турско потекло, тој сака да игра за Турција, зошто тогаш си толку сигурен дека Игњовски не сака да игра за нас кој има македонско потекло, за Азиз кој е роден во Македонија си сигурен дека сака да игра за Турција (од каде што потекнува), а за Игњовски не.
Ако ти ја сметаш нашата држава за мизерна или никаква не значи дека и Игњовски така смета за нашата земја и бидејќи не живеел и не израснал тука во Македонија можеби токму сега ќе има желба нешто да направи за таа земја.
Доколку сте прочитале некаде по медиумите дека "демек" Игњовски не сакал да игра за нас се лажете и тоа многу, Србите си пишуваат како што сакаат и и како што им одговара затоа барем еднаш да се обединеме во нешто и да си помогнеме, можеби звучи лудо преку фејсбук но друг начин нема, доколку се собере голем број лајкови ќе се контактира со играчот да види дека го чувствуваме за наш сонародник, додека е време, ако седиме со вкрстени раце и само да гледаме, а да не правиме ништо тогаш навистина ке биде ништо, а ние ќе си продолжиме да си ги критикуваме тие (не важи за сите репезентативци) кои моментално се во нашата репрезентација, а зошто ги критикуваме и гадиме кога тие толку можат.
Друг пример да ви кажам:
Кевин Принц Боатенг кој игра во Милан го знаете сите, е тој е роден во Берлин, израснал таму и таму научил да игра фудбал и ја почнал фудбалската кариера, но има потекло од Гана, и сите знаете дека тој настапува за репрезентацијата на Гана, а што може да му даде таа репрезентација или земја, ништо освен љубов, но не е работата таа африканска земја да му даде нешто бидејќи таа земја ништо не му е должна на Боатенг, тој значи ја сака таа земја и се одредил да игра за неа (Гана), а не за таа (Германија) во која што се родил и во која земја што научил да игра фудбал.
Истата приказна е и за Нури Сахин да не ја раскажувам истата приказна, роден во Германија израснал но настапува за земјата од каде што потекнува - Турција.
Поздрав и толку од мене, јас уште еднаш ќе ја објавам страната, кој сака нека стави лајк, но сепак станува збор за доброто на нашата фудбалска репрезентација, а не за мене тебе и Петко и Трајко
http://www.facebook.com/pages/Александар-Игњовски-те-молиме-играј-за-Македонија/264358286959099