Бензинот поскапува за 1,5 денари, дизелот за денар помалку
Регулаторната комисија за енергетика им ги честита новогодишните празници на граѓаните во Македонија со нова повисока цена на бензините.
Од ноќеска на полноќ, цената на бензинот ќе се покачи за денар и половина, додека цената на дизелот ќе порасне за половина денар. Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 79,50 денари за литар, а цената на Еуродизелот ќе изнесува 70 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, односно 58,50 денари за литар.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели изнесуваше 107,583 долари за барел и е за 0,32 отсто пониска од просечната цена на суровата нафта.