Фан Клуб: Јувентус

Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Јоветич е ЦАР.....ако тој трансфер се оствари на Јуве му следува убава иднина
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.599
Поени од реакции
17.438
Бориело не е ништо сјајно ама најпотценетиот напаѓач во Серија А. Значи дечкото како напаѓач и прво тимец даде 20 гола за Џенова. Потоа за Милан даде 15 Голаа како замена ! значи не цела минутажа туку замна а за Рома 11 гола во пола сезона. Значи не е лош и добро е да го имаме на клупа а јас сеуште мислам дека најпоќе голови ке има дадено и дека ке биде најдобар напаѓач се додека Квајарела не си ја врати формата ( тешко бидејки се почесто бега од дуели)
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 01:17 ---
Јоветич е ЦАР.....ако тој трансфер се оствари на Јуве му следува убава иднина
------Giovinco---Matri?---Jovetic ---

Mama MIA !
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.609
- Бориело: Конте не го побарал, нити го сакал во Јуве, но и немал ништо против. Марко бил комплетна идеа и желба на Марота. Конте стравува дека овој трансфер ќе направи тензија меѓу Бориело и Матри околу стартна позиција во нападот.
A според Марсело Кирико, токму Антонио Конте бил иницијатор за тоа да се доведи Бориело во Јувентус, како што изјави тој на прашањето дали е задоволен од ангажманот на Бориело
Consideriamo anche che e stato voluto da Conte e io di Conte mi fido
: „Ако се земе во предвид дека целата работа започна по желба на Конте и од Конте, ми се допаѓа“ линк

Дали е промашен, или погоден трансферот на Бориело ќе се знае кога ќе добие шанса да ги покаже своите квалитети. Пред стартот на сезоната беа потценувани Пепе, Барзаљи, Марота беше критикуван зошто го ангажирал Вучинич, па следуваше демант од нивна страна првата полусезона.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
од кој тоа биле подценувани Пепе,Барѕаљи ?? за Пепе се знаеше декасекогаш е во топ форма(кондициски) од кога е во Серија А,а Барѕаљи редовно и константно игра откога е вратен од Германиа - точно година дена.....Вучко е проверен играч за Серија А......повеќето го нејќат Ботиело поради тоа што очекуваме конечно да се донеси замената на Дел Пиеро,а не да се задоволуваме со ограничени типови(Бориело нема што да покаже нешто ново и ќе остане просечен напаѓач во Серија А,играчи кои во Џенова,Палермо,Аталанта би ги водел кон сигурен опстанок,но во голем клуб не се снајдуваат најдобро...)
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Верувам дека Амаури ќе се продаде зимово еве фиренца последна се инетерсира за него може и Тони да им го даеме гратис.А за Бориело ако не се покаже на крај не даовме ни милион сега така да ништо не е изгубено добар трансвер во однос на парите.А на крај на сезона имаме околу 13 милиона од Фелипе Мело кој очигледно не е во плановите ниту на Конте ниту тој сака да се врати!
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Абе Бориело не дека е лош играч, ама повеќето не сакаат да дојде поради тоа што се очекуваше да дојде некој класа играч како што кажа некој погоре замена за Алекс. Он си е мудар и солиден (сите што играле у Милан се такви):pos: Шала на страна, од него може да се очекуваат 10тина гола во сезона ама дефинитивно ако сакаме Јуве да се врати таму кај што припаѓа со него ништо не правиме. Добро е што е на позајмица па ако не се покаже ќе го вратиме, мада ако на лето си одат Амаури, Тони, Јакинта и најавеното пензионирање на Алекс би останале само на Матри така да може да го земеме пошто ќе ни фалат минимум уште два напаѓачи.:)
Ај ќе рече некој не играме ЛШ сезонава и никој класа играч неќе да дојде, ама на лето ќе видиме дали ќе ја биде управава, што играчи ќе се донесат. Мои желби барем Монтоливо и Јоветич да ги земеме.:P
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.609
од кој тоа биле подценувани Пепе,Барѕаљи ?? за Пепе се знаеше декасекогаш е во топ форма(кондициски) од кога е во Серија А,а Барѕаљи редовно и константно игра откога е вратен од Германиа - точно година дена.....Вучко е проверен играч за Серија А......повеќето го нејќат Ботиело поради тоа што очекуваме конечно да се донеси замената на Дел Пиеро,а не да се задоволуваме со ограничени типови(Бориело нема што да покаже нешто ново и ќе остане просечен напаѓач во Серија А,играчи кои во Џенова,Палермо,Аталанта би ги водел кон сигурен опстанок,но во голем клуб не се снајдуваат најдобро...)
Скоро повеќето експерти од Италија на повеќе емисии на Sky, Sportmediaset па и во Tutosport, Марота беше мноогу критикуван што даде 7 милиони евра за Пепе, уште повеќе по ангажманот на Елија, Џакерини и Естигарибија скоро сите медиуми веќе го ставија Пепе на трансфер листа, а Тутомеркато веќе го направија продаден во Зенит. Во сите медиуми беше последен избор како крило во Јуве после Красич, Елија, Џакерини, Ести, но Пепе ги демантира.

Кога Јуве во последните денови од трансфер рокот ги засили преговорите за Бруно Алвес со Зенит и кога клубовите не можеа да се договорат, медиумите нашироко критикуваа дека Барзаљи не заслужува да биде ниту замена во Јувентус, дека потрошен материјал во Волфсбург ќе биде еден од првите опции за Јуве, дека така не се прави шампионски тим. Барзаљи ги демантира.

Кога го ангажираа Вучинич, скоро сите медиуми (освен Тутоспорт) критикуваа зошто Јуве го ангажира Вучко а не Агуеро, како тој не бил класа играч, само Моџи изјави дека Вучко одлично ќе се вклопи во тактиката на Конте. Вучко ги демантира.

Моџи и сега изјави дека Бориело одлично ќе се вклопи во Јувентус.

Дали е добро или лошо засилување ќе се види на крајот.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
* значи сите тие кои искоментирале на тој начин не му мислеле добро на овој тим,пошто како што кажав и претходно Пепе беше година време во Јувентус,а Барѕаљи цели 6 месеци,а во меѓувреме покажаа стабилност,зрелост и спремност да настапуваат 100% подготвени во секој нивни меч......можеби не се калибар на играчи од светска класа,но многу добро и солидно си ги извршуваа своите задачи во ланската,а ете исто така и во годинашнава сезона
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.457
Поени од реакции
87.238
"Што ние видовме во Бориело а милан не го виде? Се надевам дека е она истото што ние го видовме во Пирло" изјави Конте!!! :cuc:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.609
* значи сите тие кои искоментирале на тој начин не му мислеле добро на овој тим,пошто како што кажав и претходно Пепе беше година време во Јувентус,а Барѕаљи цели 6 месеци,а во меѓувреме покажаа стабилност,зрелост и спремност да настапуваат 100% подготвени во секој нивни меч......можеби не се калибар на играчи од светска класа,но многу добро и солидно си ги извршуваа своите задачи во ланската,а ете исто така и во годинашнава сезона
Точно дека покажаа стабилност во играта и Пепе и Барзаљи, иако повеќето експерти сметаа дека не се доволни за Јуве да се врати на старите патеки. Пепе е класа подобар од лани, исто така и Барзаљи.

Барзаљи пред да дојде во Јуве играше во Волфсбург. Почесто беше замена, а Волфсбург беше тим со најмногу примени погодоци во зимскиот преоден рок во Германското првенство. Марота го донесе за 300.000 евра, и сите почнаа да го критикуваат дека зел пропаднат играч, дека Волфсбург не го сака во своите редови, а гигант како Јувентус го ангажира итн.

Исто се случува сега со Бориело. Наголемо се критикува потегот на Марота, бидејќи во тим ги има Кваљарела, Матри, Алекс и Вучко, а уште пред да добие шанса Бориело за настап веднаш се прогласува Амаури втор дел.

Во зимскиот трансфер рок стандардно цените на сите играчи се поголеми. Бориело е земен на позајмица, со можност да се откупи на крајот од сезоната за 7-8 милиони.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Нема да е лошо да не бендиса некој шеик од дубаи и да фрле некое милионче :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom