A1 Телевизија повторно на тв екраните

Дали ви фали А1 телевизија


  • Вкупно гласачи
    333

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Да ја затворат Fox Life па да ми фали. Ама А1 или Сител или другиве телевизии македонски што се тиче мене може сите да ги затворат. Вистинското сихронизирање беше на МТВ со старата багра глумци од Хихирику. Не ми е до гледање на реклами од 2 саати додека трае филм од саатипол. Плус како што дргиве викаат после 2009 А1 стана политичка марионета, фала богу дека така се затвараат телевизии. На крај одат турскиве серии што искрено ме тераат да гледам филмови од Боливуд некои, каде каде се поквалитетни. Не одам контра А1 туку одам контра македонските телевизии. Опрајте се малце, земете пример од КРТ и Амазон.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.461
Да ја затворат Fox Life па да ми фали. Ама А1 или Сител или другиве телевизии македонски што се тиче мене може сите да ги затворат. Вистинското сихронизирање беше на МТВ со старата багра глумци од Хихирику. Не ми е до гледање на реклами од 2 саати додека трае филм од саатипол. Плус како што дргиве викаат после 2009 А1 стана политичка марионета, фала богу дека така се затвараат телевизии. На крај одат турскиве серии што искрено ме тераат да гледам филмови од Боливуд некои, каде каде се поквалитетни. Не одам контра А1 туку одам контра македонските телевизии. Опрајте се малце, земете пример од КРТ и Амазон.
Гласовите ги позајмија Димче Мешковски и Таска Балабанова... штрумфови брате :)
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
826
Од ко умре Али Риза во Лисјата, повеќе не ме интересира ни телевизија ни медиуми. Сватив колку светот е едно окрутно место , место полно со тага и безнадежност.....
Си заборавил дека светот има и друга страна исполнета со радост,убавина,љубов и среќа.Да,овој свет е дуален,и двете страни се мешаат низ животот,ама не е лошо да си пооптимистичен и да се трудиш да бидеш повеќе на светлата страна,поубаво е ,верувај ми,поздрав;)
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
202
Поени од реакции
235
Додека постоеше A1 , и кога пуштав тв ми беше почесто на неа пуштено ... Откако ја нема повеќе гледам Канал 5,а поретко Сител ..
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Ми фали онаа а1 пред да ја исполитизираат и пред да почнат турски серии да даваат. Каква таква беше најдобра телевизија кај нас, со најдобра програма.
Сега ко ќе пуштам телевизор гледам само Едо, или па Италијански фудбал на телма. Ништо друго.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Мене А1 ми недостигаше уште пред да ја укинат, уште пред нејзиниот сопственик да почне да си игра политика.
Прва приватна тв кај нас, различна од она што може да се види на МТВ, која полека но сигурно почна да пропаѓа во 90-те. Тогаш немаше кабелска, ниту интернет. Беа прилично неутрални во информирањето, знаеја одвреме-навреме да направат некој добар чекор (на пример, се сеќавам дека први ги прикажуваа Симпсонови кај нас, па и Star Trek TNG, К15 првин ги имаше на оваа тв). Со годините, квалитетот им опаѓаше, но едно време беа прилично квалитетен медиум, пред да почнат да емитуваат разно-разни евтини сапуници, емисии за аграрот, премиери стари 30 години и вести напишани во партиски штабови (горе-долу сега сите телевизии си имаат некои од овие проблеми)
 

--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Dali mi fali A1 TV ??
Abe kako pomlad non-stop ja gledav, davaa sekoj vikend filmovi(premieri), za Nova-Godina isto taka, pred nekoja godina idese Sopranovi, ne sum bil nekoj golem obozavatel i gledac na ljubovnite spanski i turski serii, a turskata kriminalisticka serija Dolina na volcite(Kurtlar Vadisi) ja gledav od prviot den koga pocna da se emituva, pa se do krajot na juli mesec ovaa godina, koga i zgasna ovaa tv-kukja. No za srekja Dolina na volcite ja prezemaa da ja emituvaat Sitel, pa sega mora da ja gledam na taa televizija. Ednostavno televizijata si bese u top-forma, imase dosta interesna programa vo sekoj pogled, filmovi, serii, dokumentarki, razni zabavni i muzicki emisii, vesti i.t.n. No sekade kade sto politikata kje umesa prsti, mora da se zaebe rabotata, pa ete takvata sudbina ja dozivea i najstarata makedonska privatna televizija A1. Vo borbata pomegju dvata politicki dzinovi/mastadonti (VMRO-DPMNE vs SDSM), najdebeliot kraj go izede tokmu ovaa TV-kukja t.e. ojde kurban !!
Moeto mislenje e deka trebase A1-TV da si ostane neutralna i objektivna televizija, kakva sto ja pamtime uste od nejzinoto ragjanje, ne trebase da vleguva, da fakja strani i da se mesa vo visokata politika, bidejkji koga se borat dvajca(dzinovi), kje nastrada nekoe treto(dzudze) ... a za dolgovite na televizijata, ne bi komentiral, bidejkji neznam, toa si e rabota na UJP i na policijata/sudot ... da ne spekulirame, imalo kriminali, nemalo kriminali/zatajuvanje danoci i.t.n.
 
А

Анноун

Гостин
единствен канал што ми фалел во животот беше Premiere германската. Кога ја исклучија , не можев 2-3 години да се навикнам од бледилото на нашите спортски преноси и ужасните емисии и коментатори .

А зошто би ми недостигала А1? Ради вестите ? Или ради ИВА ? Не ме зезајте. Плус што сите емисии им се префрлија воглавно на Канал 5 , а за процентот на Турските Серии ич не се секирајте , тука се Канал 5 и Сител да го дуплираат (или триплираат) бројот на истите , така да , нема никаков сентимент.

п.с Има една голема позитивност . Го нема моментот на гледање ИГРАН ФИЛМ , 15 минути филм , 15 реклами ( хедис , вино на растворање , смоки од 5 денари со покемон и сл )
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Поради некои работи ми фали, а поради некои не. Имаа добар избор на филмови шо ги емитуваа преку викенд, имаше добри емисии, американски филмови поради кои не одев на школо, ама почнаа да тролаат со турците, индијците и политички срања така шо поради последново изгаснаа. Можеби ги пцував сите вработени у А1 коа имаше реклами од пола саат и топ шоп ама сеа и тоа ми недостига. А за другите конкуренти: нема шанси да ја достигнат А1. Мислам на онаа А1 до 2009год. А оваа после 2009год. сите ја достигнаа па дури и надминаа.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Не давале на А1 никакви индиски серии. Во септември 2009 почнаа со турските, прво Шехерезад, па Волците, па Лисјата...
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
на баба ми најмногу и недостига:pos: . пред некој ден ми вика кај не се расипе овој телевизор нема ништо, без а1 не е исто.
инаку мене ми е сеедно се навикнав без неа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom