Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
инаку за ниски и во Лондон се исто толку ниски, неможе да се направат повисоки двокатните не смеат да ја надминат границата за дозволена висина на возила.
Не баш...

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
инаку за ниски и во Лондон се исто толку ниски, неможе да се направат повисоки двокатните не смеат да ја надминат границата за дозволена висина на возила.
Еее да ги видам овие што коментираат за автобусиве поискористени, ова она, да се возат во најголемата гужва како сардини да се стискаат!! Еднаш како се заебав не знам кој ме натера на влезам во дабл декер, абе ќе умрев, буквално не можеш да се свртиш. Па се набутав тамо до шоферот и луѓево пари ми даваа јас карти им купував. Најнепрактично можно решение беа двокатните, кога нема гужва се супер, ама кога има гужва, што е 80% од времето, се жива УТКА! Исто и оние обичните, претесни! Да беа хармоники, тогаш ќе беше топ, вака тапа се.
Огромни се во Лондон автобусите, можеш да се исправиш горе како човек. Ако не се овие кај нас користени за превоз на деца во Кина или барем за тоа наменети, еве на...
епа ај ако не со точак да одам у школоБ
- Автобусите изгледаат прекрасно, но за да може така да се чувствуваме кога се возиме во нив би требало возилата да доаѓаат во пократок временски период и да не се пуштаат повеќе патници отколку што е дозволената бројка. Иако е забрането стоење во двокатните автобуси, средношколците редовно стојат и не можеме да поминеме од нив, ниту да седнеме, ниту, пак, да се симнеме на првиот кат ако сакаме да излеземе од возилото. Најголем проблем имаме во вторник и во петок - коментираат патници.
Поплаки има и за автобуската линија „24“, која сообраќа кон Кисела Вода, бидејќи, како што тврдат жителите, автобусот доаѓа на еден час и се прави огромен метеж. Од ЈСП тврдат дека проблемот со овој автобус е од поодамна и негово решение гледаат во изградбата на Првомајска.
Секаде се исти двокатните автобуси! Кај да сум се возел во странство исто е секаде(Њемачка,Чешка,АустроМаџарска и остали еу држави).Огромни се во Лондон автобусите, можеш да се исправиш горе како човек. Ако не се овие кај нас користени за превоз на деца во Кина или барем за тоа наменети, еве на...
Секаде се исти двокатните автобуси! Кај да сум се возел во странство исто е секаде(Њемачка,Чешка,АустроМаџарска и остали еу држави).
А тоа со билети купување од возач е смешно пошто стварно е тесно ходничето и автобусите не се планирани за купување карта од шофер! Се знае, автомат еден на средина и на крај и од таму си земаш карти сам! Ама нека имаат храброст кај нас да го направат тоа...не! Во двојка стави ти такво чудо да те видам ахахах
Или па картиве да ги пуштат во поширока продажба, секаде да ги има. Да ги има по трафики, поголеми продавници и да може човек да си купи затоа што мене првата билетара на пример ми е одалечена 3 станици. Не може секој од билетара да купува ама прашањето е дали сакаат да пуштат на повеќе места продажба, тие 5 денари им вредат многу.
Е јебига...
што е ј.... дошле автобуси.. дури и по два еден врз друг
не сум ли излегол да видам, а пајтоните каде се не ги слушам?
Градскиот превоз во Скопје во мојте сеќавања
Во тоа време ,тој период Железницата преставуваше најголем објект во сверата на саобраќајот и единствен превозник на стока и патници. Таа беше без конкуренција во секоја смосла на зборот.Патниот саобраќај не беше развиен ,а ГРАДСКИОТ пак се вршеше со популарните ПАЈТОНИ.
Само во Скопје во тоа време имаше над 300 пајтони.Најчесто беа паркирани и ги чекаа своите муштерии на железничката станица,на Пјаца пазарот за работна сила, на влезот во чаршијата,кај Ибни Пајко и на плоштадот.Тогаш не можеше да се замисли свадба без градските ПАЈТОНИ Со нив се одеше на венчавки,во градските меани,во туристичките места,како што беа Матка,Катланово и Св.Илија во Скопска Црна Гора.
Освен во Скопје, градскиот превоз со ПАЈТОНИ се вршеше и до блиските околни места.Најчесто тие тргнуваа и собираа патници од станицата,т.с. гости кои одеа кај свои блиски роднини.Покрај ПАЈТОНИ градскиот превоз на патници се вршеше и со ЧЕЗИ,кои беа со мошне убави, украсени седишта,послани со килими на кои седеа патниците,најчесто сватовите или бекриите кои парадираа низ скопските улици и околните населби.
Во недостиг на ПАЈТОНИ, најчесто за празници превозот до туристичките места се вршеше и со помош на ШПЕДИТЕРСКИ коли. Градот речиси беше пренатрупан со секакви видови на запрежни коли кои беа постојано во движење по макадамските патишта и оние обложени со турска калдрма.
Запрежните возила беа и главни превозници на разна стока и пакети во поголем обем.А оние со помал обем го вршеа амалите со своите колички,кој беа лоцирани на истите места со ПАЈТОНИТЕ.
Интересно е да се напомене дека во тој период во Скопје и скопско имаше големи зими. Ланскиот снег речиси редовно по околните планини го дочекуваше годинашниов. Снаодливите скопски ПАЈТОНЏИИ и арабаџии ставаа скии на возилата и така полесно се движеа по снегот.
ПАЈТОНИТЕ по правило беа најбарани.Ако патникот имаше и повеќе багаш тогаш се земаше и еден амал. ПАЈТОНИТЕ имаа и најзначајно место во укажувањето на итна медицинска помпош.Со ПАЈТОН редовно се пренесуваа болните или пак лекарите. Од таму се појавија и разновидни декорирани и изработени ПАЈТОНИ,повеќе или помалку луксузни,во зависност за каква намена се употребуваа....
Ваква беше таа слика на градот и превозот во него во тој период....
А сега чекајте ги вие вашите автобуси и тоа еден врз друг, ко да немале да му стават тркала и на тој што е горе.