Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Одвреме-навреме дежурните чувари на носталгијата кон СФРЈ и времето на Јосип Броз-Тито кај дел од постарата генерација жители на РМ педантно нј потсетуваат дека во тие години се живеело поубаво и побогато од денес, а обично како клучен аргумент за тоа се посочува дека секое лето сме оделе на одмор во братската ни Грција. Да, тука е и неизбежниот наводен факт дека во тоа време за сите имало работа и дека немало сиромаштија како сега. Колку е тоа вистина и дали таквиот впечаток за златното време на Македонија во СФРЈ (што не мора, но може да има и свое политичко влијание во денешницата) е реалност базирана на податоци или обичен мит? Пред неколку месеци, еден веќе остарен бегалец од Егејска Македонија, раскажуваше како своевремено сонувал за да избега од својата куќа во која се спиело на рогозина распослана врз земјениот под, а сега, како старец, би сакал да се врати назад, макар тоа било во истата куќа, која одамна не постои. Дали во случајот со носталгијата кон СФРЈ се работи за сличен феномен базиран на човековата потреба од своето минато повеќе да ги зачувува и глорифицира само убавите нешта, а да ги потиснува лошите, иако можеби тие се во поголем број?

значи, како што кажав погоре, се обидовме, колку што е тоа можно, да направиме споредба меѓу 1980 и 2010 година базирана на бројки што се достапни. Времето пред точно 30 години го одбравме затоа што тоа беше година на смртта на Јосип Броз, година кога кризата веќе ја нагризуваше Југославија, но таа сј уште се држеше благодарение на странските кредити (кои полека секнуваа) и на позицијата на земја отпишана од Исток, а незапишана на Запад, обидувајќи се продолжено да цица од двете страни.

Значи 1980-та е година кога привршуваат последните сили на растежот на Југославија, а сј посилно почнува кризата, па може да се смета како година која дава реална слика за стандардот на граѓаните во бившата ни држава.

„Југо“ уште не постои

Просечната плата во СФРЈ во 1980 година изнесувала 6.109 динари, што при официјална вредност на германската марка од 15,12 динари дава плата од околу 400 тогашни германски марки. Просечните расходи на четиричлено семејство изнесувале 8.284 динари. Би било неразумно тие 400 германски марки едноставно да ги трансформираме во денешните 200 евра, па ќе се обидеме да видиме што можело да се купи со тие пари, во споредба со денешната просечна плата во Македонија од околу 340 евра. Кога сме кај примањата, минималната пензија во тоа време изнесувала 1.700 динари, на која следувале разни додатоци, за да достигне 3.300 динари, или околу 220 тогашни германски марки. Под просечната плата примале дури 80 отсто од вработените, а најниско биле платени текстилците со просек од околу 4.000 динари.
Најпродаван автомобил во таа година бил „застава 101“, а цената на моделот „комфор“ во ноември 1980-та изнесувала 155.735 динари. Поинаку кажано, биле доволни околу 26 просечни плати за да се купи еден таков автомобил. Денес, со 26 просечни македонски плати може да се купи автомобил во вредност од околу 8.840 евра, што би одговарало на ново „пунто“. „Лада 160“ чинела 189.215 динари или за неа биле потребни 31,5 просечна плата, односно околу 12.000 тогашни германски марки, додека денеска за 31 просечна плата може да се купи автомобил од околу 10.540 евра (на пример, „рено клио сторија“ за 10.100 евра). Ако инсистирате на „лада“, тогаш добро би ви дошла „лада седан“, при што би ви останале меѓу 2.800 и 2000 евра во зависност од моделот што сте го одбрале. Патем, за тие на кои им недостига популарното „југо“, во 1980 година постои само најава за негово производство како прв самостоен југословенски автомобил, кој требало да почне да се произведува во декември 1980 година.

Меѓутоа, автомобилите не се единствена вредност што може да се споредува. Многу побитно е што, на пример, во таа година, според Заводот за статистика, работа барале 117.000 лица од 1,9 милион жители на СРМ. Но стапката на невработеност и тогаш била доста висока, некаде околу 23 отсто, што покажува дека и во „златното време“ кога дури и СКМ носеше одлуки дека секое претпријатие (односно ООЗТ) мора да покаже солидарност и да вработи луѓе од кои инаку нема преголема потреба (на пример, жени задолжени за варење кафе и сл.), Македонија имала проблеми од овој вид. Притоа, како што рековме, во 1980 година Југославија само се загреваше за кризата која допрва се засилуваше, за 12 години подоцна, 1992 година, во тогаш веќе самостојната Република Македонија да бидат евидентирани 190.000 невработени. Разликата од 73.000 нови невработени главно беше создадена во претпоследната деценија од минатиот век, но не толку со отпуштања, колку со неспособност на веќе атрофираниот систем да ги апсорбира младите кои стасуваа во Заводот за вработување. Денеска Македонија има околу 320.000 невработени со стапка од 32 отсто, а оваа разлика во однос на 1992 година е создадена во периодот до 1998 година, кога бројката достигна 330.000 лица и во периодот 2003/04 година кога невработеноста стигна до фантастичните 390.000 лица. Интересно е што во 1980-та работеле 419.621 лице, наспроти денешните 621.000 вработени.

Евтино, ама нема да се купи

Цената на месото во 1980 година изнесувала 138 динари за килограм јунешко без коска или околу 9 германски марки, а 126 динари за килограм свинско. Поради реакциите од населението за скапотијата, СИС на Југославија, односно тогашната федерална влада кон крајот на годината донела одлука за намалување на цените па, на пример, јунешкото е спуштено на 120 динари за килограм, а пилешкото на 56 динари. Меѓутоа, по само неколку дена месарниците останале без месо, бидејќи кланиците едноставно не сакале да доставуваат по намалени цени. Така што граѓаните можеле да уживаат во поевтиното месо, се разбира, доколку најдат да го купат, појава која често беше присутна во СФРЈ. Поради ова, македонската влада, односно Извршниот совет на Собранието на СРМ, донел одлука со која определил компензација за свинското месо од 10 динари и 5 динари за пилешкото, но тоа одвај ја поправило работата. Месото едноставно исчезнало. Инаку, денешната цена на овие меса е околу 300 денари за килограм, па наспроти 50-те килограми месечно кои пред 30 години можеле да се купат за просечна плата (поточно кажано не можеле да се купат бидејќи месо снемало), денес би добиле некаде околу 70 килограми.

За разлика од другите делови на Југославија, Македонија во тоа време имала проблем и со празните рафтови за млеко, па пред Новата 1981 година е најавена „стабилизација во снабдувањето“ со овој производ. Инаку, тогаш млекото се разнесуваше околу 4-5 часот наутро, а пензионерите веќе околу 6 часот создаваа ред пред продавниците. Постоеше период во кој можеа да се купат најмногу два литра млеко, а подобро поминуваа тие што имаа познати меѓу продавачите, кои пред отворање на продавницата им ставаа настрана уште по некој литар.
Дека кризата веќе ја нагризуваше СФРЈ сведочи и одлуката за воведување пар-непар во возењето автомобили. Тоа значеше дека заради потребата од штедење девизи, секој вторник во неделата не можеа да се возат автомобилите чија регистерска табличка завршува со парен број, а секој четврток забраната важеше за непарните броеви. При носењето на одлуката, тогашната влада, односно СИС не направил исклучок, па по реакција на автошколите во ноември 1980 година е донесена одлука според која пар-непар забраната не важи за нив, бидејќи автомобилите им биле „основно средство за работа“, нешто како машините за фабриките.

Дрва за греење - другата година

Во почетокот на декември 1980 година во Македонија завладува студ, па во Скопје се измерени минус 11 Целзиусови степени, а дури тогаш било констатирано дека „јаглен и дрва за греење нема ни за лек“. „Макпетрол“ најавил нормализација за јануари 1981 година, но само во снабдувањето со јаглен. Дека ништо подобро не било ни во другите републики, покажува 8 декември 1980 година кога поради преоптовареност колабира системот за електрично снабдување на целата земја, освен во Црна Гора и во БиХ. Тоа подразбира дека околу 17 милиони луѓе останале цел ден без струја.

Истата зима „Планика“ во Скопје почнува да ги рекламира своите детски, женски и машки чизми обложени одвнатре со нешто што личи на волна, а чија цена изнесувала меѓу 699 и 950 динари, односно меѓу 46 и 60 германски марки. Колку чинеа навистина квалитетните зимски планински чизми што се продаваа во „Словенија спорт“, за жал, не успеавме да пронајдеме.

Тие денови за приклучок за телефон се плаќаше по 1.000 марки, а значајна вест во весниците е дека за една недела во Скопје биле поставени дури 10 телефонски говорници!

Инаку, таа година, платата на Јосип Броз пред неговата смрт изнесувала над милион динари, или како што неодамна пресметаа некои српски медиуми, точно 297.619 германски марки. Платата била одредена од страна на Кадровската комисија на Претседателството на СФРЈ. Иако вредноста на динарот беше преценета и на црниот пазар беа потребни многу повеќе од 1.512 динари за 100 германски марки (речиси е невозможно да се пронајде податок за реалниот курс во тоа време), сепак, платата на саканиот маршал била неверојатно висока.

Ова би биле некои рамки до кои дојдовме и врз основа на кои може да се добие каква-таква слика за времето пред 30 години. Податоците не се соепфатни (на пример, недостигаат тие за медицинската опрема и техниките за лекување на лекарите, но тука му дадовме попуст на старото време бидејќи таа споредба би била поразителна за СФРЈ), но и тие што ги имаме, сепак, даваат можност за да се процени како се живеело тогаш, а како денес.

По една година живот плус во секоја деценија

По смртта на Тито, со Претседателството на СФРЈ неколку недели претседава Лазар Колишевски, а потоа едногодишниот ротирачки мандат го презема Цвијетин Мијатовиќ. Претседател на СИС е Црногорецот Веселин Ѓурановиќ, кој се обидувал што помирно да го истурка мандатот, оставајќи неопходните мерки за справување со кризата да ги донесе наредната влада. Него во 1982 година го наследува неодамна починатата Милка Планинц, во чие време, на рестрикциите за бензин се надоврзаа и рестрикциите за струја, кога во период од по неколку часа дневно беше исклучувано напојувањето. Од тоа време датира и кризата во снабдувањето со масло за јадење, како и недостигот на традиционалното кафе, по што профитираа шверцерите на напивката и производителите на рачни мелници за кафе, бидејќи шверцуваното од Грција или од Италија не беше мелено, туку се продаваше во зрна.

Претседател на Претседателството на СРМ во 1980 година е Љупчо Арсов, кој за 29 ноември порачува дека сме горди што живееме во Титова Југославија. Претседател на ЦК на СКМ е Ангел Чемерски. Лазар Мојсов ја има централната положба во ЦК на СКЈ.

Буџетот на Федерацијата за 1981 година во првичното гласање е одбиен поради противењето на Словенија, а Македонија немала став за тоа прашање во тој момент. При повтореното гласање, предлог-буџетот е изгласан во висина од 169 милијарди динари или 11 милијарди германски марки.

Животниот век во Македонија во таа 1980 година изнесувал просечни 70 години, додека денеска е нешто над 73 години, што приближно значи дека секоја деценија животниот век ни се продолжувал за по една година. Според овој параметар, денес ужасно лошо стоиме во однос на сите западноевропски држави, но сме подобри од речиси сите источноевропски земји, па дури и од земји како Унгарија, Полска и Словачка.

skic.jpg
 
Ммм, ако тогаш била плата ниска према трошоци...како тогаш моеше скоро сите да купат стан или куќа? Сега скоро никој, осим ако не ти е од дедовина (читај од бивша Југа), ако си транзициони јуришник или од њиве? Како сите одева дур и по двапути на одмор, сеа јок...често седат дома у лавор бања...и тако даље...истите лица, иста такозвана средна класа.
 
Се делеле државни станови, бараки... Кој бил поснаодлив по 2-3 си земал. Кој не бил останал со таквоато в раце.
ние не сме добиле ниеднаш државни, сме купиле. Нит од дедовина нит од бабовина, своја плата секој први, свој кредит...оп куќа.
Се отплаќаше со плата од медицинска сестра...дел за кола, дел за куќа, дел за облека...од 1 плата, плус остануваше. тогаш дури и преку студентска задруга се заработуваше солидно...за гледање фамилија. Не е за споредба нешто кое е далеку од тука до Марс во услови и погодности. Ако не се смени нешто, од т.н. лидери ќе завршиме длабоко во г....

А оние кои добија државни станови зависи ради што ги добиле. на некои им рушеле куќа, некои од фирма, некои оти беа војни лица... важно добиваа...ебаму комунистичкиот "мрак", кој запали светло.
 
ние не сме добиле ниеднаш државни, ние сме купиле. Нит од дедовина нит од бабовина, своја плата секој први, свој кредит...оп куќа.
Се отплаќаше со плата од медицинска сестра...дел за кола, дел за куќа, дел за облека...од 1 плата, плус остануваше.сеа со двајца високообразовани, вработени...не моеш ни за кредит за смена на кров од 2-3000 евра да заработиш. Мислам, не е за споредба нешто кое е далеку од тука до Марс во услови и погодности. Ако не се смени нешто, од т.н. лидери ќе завршиме на дно на септичка јама...

А оние кои добија државни станови зависи ради што ги добиле. на некои им рушеле куќа, некои од фирма, некои оти беа војни лица... важно добиваа...ебаму комунистичкиот "мрак", кој запали светло.
Тоа беше живот на кредит. Нешто слично ко Грциве што живееја до сега. Е така, ама еден ден мора да се врати борчот.
Иначе, ај објасни, како е можно да е одржлив таков систем, каде што ништо не произведуваш или ништо не работиш, а добиваш многу (станови, куќи, коли). Од каде се добиени, платени тие? Логично би било да секој троши и добива онолку колку што создава.
Мене лично, најмногу што ми се бендисува кај тој систем (СФРЈ), е социјалниот мир што го имаше. Не се грижиш воопшто дали ќе подмириш сметки, трошоци за храна, немаш грижи дали некој ќе те ограби или убие на улица. Немаш секојдневни оружени престрелки како денеска... многу работи што денес се негативни, ги немаше.
А тоа дека секој одел на одмор, имал кола, куќа... ако правиме такви споредби, тогаш средната класа возеше што? Застави исклучиво, москвичи и пезетки. Сега вози ако ништо друго, стари германски возила. Колку возила тогаш се тркалаа по улиците, а колку ги има сега? Памтам ко мал кај мене во маало можевме слободно со часови на улица да играме со топка или криенка и да не ти е страв дали ќе помини кола и ќе те згази. Сега на истата улица обавезно чекам да поминат прво колите па да ја преминам.
И кај одеше на одмор таа средна класа? Во Претор и Асамати, или Охрид и Струга по камповите. Сега таму само средношколци идат да се пијанчат. Средната класа оди Грција (таму каде што пред 30 години одеа поимашливите), Албанија, поретко Бугарија, Црна Гора... на море! Колкумина пред 30 години имаа видено море?
 
Па не знам...ја сум го прошетал цел јадран, од Бока Которска до Пиран и Порторож, неколкупати и по хотели...што сега за истите служби и работници е незамисливо дури и до Маврово во хотел не па Хрватска. Не знам колку општ лекар и медицинска сестра се имашна класа..а одевме и по 2 одмори, Грција и Охрид или Јадран и Охрид. Пак ќе спомнам...јас работев амал во студентски задруги и имав доволно пари дури и семејство да прехранам. Дури и при кризата 90-та година, одржував семејство бебе и мајка родилка со работа преку младинска задруга на по недела-две. Ова сега што се стега коланот за обичните граѓани е досега невидено...ги паметам и платите и трошоците...и цените на струја према плата и кесите од маркет...со истите примања сега човек од некоја си нормална релативно позиција (ако нешто од 901 е нормално во примањата) се најдува во многу лоша ситуација.

Затоа и се везден актуелни прашањата за името и албанците, одвреме навреме водичка со некоја афера...секогаш ќе служат за залажување на сиромаштијата, како дете лижавче. До толку да сметаат дека сме глупи, алал нека е.
Тоа беше живот на кредит. Нешто слично ко Грциве што живееја до сега. Е така, ама еден ден мора да се врати борчот.
Дали имаш информација/податок кој период се задолжи Југославија и во колкави износи? Тоа е мит како што е мит за третата најјака армија Јна.
 
Не ми е јасно само што правел Тито со 1 милион марки месечен приход... :(
И сите го сакале, ах перење мозок...нешто слично како во Северна Кореа денес
 
Не ми е јасно само што правел Тито со 1 милион марки месечен приход... :(
И сите го сакале, ах перење мозок...нешто слично како во Северна Кореа денес
Овие од северна кореа никаде не смеат да мрднат, а во Југославија можеа сите светот да го прошетаат!
Во Америка и Аустралија се одеше како од шала. сега не сакат да не видат!
Не знам колку земал тито плата, ама имаше и народот!

А со северна кореа е друга приказна и не можеш да споредуваш.
Така да прво информирај се подобро па после пишувај бидејќи ти во тоа време не си ни живеел, како што ти кажале некои искомплексирани така и прераскажуваш!

п.с. само за бугарофилите во СФРЈ беше лошо, другите имаа убав живот!
 
Ммм, ако тогаш била плата ниска према трошоци...како тогаш моеше скоро сите да купат стан или куќа? Сега скоро никој, осим ако не ти е од дедовина (читај од бивша Југа), ако си транзициони јуришник или од њиве? Како сите одева дур и по двапути на одмор, сеа јок...често седат дома у лавор бања...и тако даље...истите лица, иста такозвана средна класа.

Јас немам живено во тоа време, мала сум била, ама го делам истово мислење во овој поглед.
Баба ми и дедо ми кога влегле во брак немале ни игла ни конец, а изградиле огромна куќа со огромен двор и успеале комплетно да ја опремат. Добро да, земале кредит ама јас сега ни тоа не сум во можност да го направам што автоматски значи дека ако не успеам да се снајдам некаде надвор од државава јас никогаш нема да бидам во можност да си го дозволам тоа задоволство што се вика сопствен дом. Разбирам дека тогаш трошоците биле далеку помали зошто они немале ни половина од задоволствата кои ние денес ги имаме ама барем биле во можност главнината да си ја остварат.

Мене овој систем во кој ние живееме ми се свиѓа повеќе од тој систем, со исклучок на тоа што они можеле да си дозволат да изградат своја куќа, а ние не. Кога ние во нашево време би го можеле истото далеку подобро ќе се живи од моментов сега.
 
Овие од северна кореа никаде не смеат да мрднат, а во Југославија можеа сите светот да го прошетаат!
Во Америка и Аустралија се одеше како од шала. сега не сакат да не видат!
Не знам колку земал тито плата, ама имаше и народот!

А со северна кореа е друга приказна и не можеш да споредуваш.
Така да прво информирај се подобро па после пишувај бидејќи ти во тоа време не си ни живеел, како што ти кажале некои искомплексирани така и прераскажуваш!

п.с. само за бугарофилите во СФРЈ беше лошо, другите имаа убав живот!
Кој ти брани сега да идеш по светов? Социјалта што остана без работа од титовото време 90% неможе да се вработи сега не дека се стари туку дека се непродуктивни, научени од режимот нишај врата земај плата. Нив не им чини ова време пошто треба добро да се испотат за да заработат а,а тие одбираат цел ден на кооперација да седат пред продавници. Кој се потрудил сега со малце повеќе труд добро заработува и може да си дозволи солиден автомобил, 2 одмори и солидно уредена куќа/стан. Семејство со 700 евра месечни приходи добро може да живее што би дошло по една просечна плата од 350 евра кај мажот и жената.
А тој привиден социјален мир изгледал така бидејќи што Тито ќе кажел тоа идело по медиуми и затоа насекаде "цветале ружи".
 
Викаш.. а од каде се враќаа парите од невратените кредити ? Од каде се наваѓаа пари за к-15, 13 -ти плати и за 1000 работници во фирми во кои реално ни 200 не беа потребни ? Каква индустрија имаше Југославија и каде извезуваше за да ги покрие сите тие трошоци ? Потполно исто што ја снајде Грција и Исланд, а може да ја снајде Италија и Шпанија.. се позајмуваа пари од надвор, а кога стигна за наплата немаше од каде да се вратат.
----- od parite koi sega odat kako dividenta na sopstvenicite,citaj : 13-plata,k-14 ---- DIVIDENTAAAAAAAAAAAAAAAAAA
--- надополнето: 30 декември 2011 во 15:33 ---
А значи сам краде... како не му е срам.

Да пишам два вица на темава.
Претседателот на САД му вика на Тито: Ќе ти пуштам 300 авиони, 1000 тенкови, има да ти ја уништам државата за 24 часа.
Тито му вратил: Ќе ти пуштам 50 директори, ќе ти ја уништат државата пред да бидеш свесен за тоа.

Двајца директори оделе со томос моторчиња секој ден на работа.
Еден ден едниот од директорите тргнал со нова кола, и овој вториов го прашува:
- Иии од кај бе нова кола?!
- Сега ќе ти покажам. Ја гледаш онаа 10катница онаму?
- Па таму нема 10катница, има само од 5 ката.
- Еее... гледаш, требаше да има 10 ката :)
Наредниот ден вториов директор се појавува со нов мерцедес. Првиов директор го прашува:
- Од каде бе мерцедесов?
- Дојди со мене, ќе ти покажам. Го гледаш оној мост онаму?
- Каков мост бе? Нема ништо тука.
- Па нема, а требаше да има :)
---- a ti toa kazuvas li za yugo direktorite ili za denesnite, nekako ne mozam da pogodam za koi pisuvas , ili samo onie poranesnite kradele, a ovie denesnite ne kradat ?????
--- надополнето: 30 декември 2011 во 15:38 ---
Ммм, ако тогаш била плата ниска према трошоци...како тогаш моеше скоро сите да купат стан или куќа? Сега скоро никој, осим ако не ти е од дедовина (читај од бивша Југа), ако си транзициони јуришник или од њиве? Како сите одева дур и по двапути на одмор, сеа јок...често седат дома у лавор бања...и тако даље...истите лица, иста такозвана средна класа.
ne bese niska platata, tuku samo sega n uceduvat deka 1 evro vredi kako 2 marki, a ne e taka , presmetaj 1 evro-- 1 marka, pa presmetaj go standardot , edna ovca otsekogas cinela 85-100 marki, sega cini 85-100 evra
 
во времето на сфрј моите родители ко што ми кажувале оделе на одмор до хрватска бугарија словенија или слично без ниту една лоша помисла. значи ти текано палиш кола одиш на одмор и ич не му ја мислиш. седиш 10 15 дена прашуваш колку треба плаќаш во хотелот и чао пријатно. меѓувремено најаден напиен тип топ.

во денешно време правиш есап 2 недели унапред колку ке ти треба за гориво дали ке ти стигнат пари за 1 недела и со тешки маки се решаваш да појдеш до ОХРИД што е 200 километра од скопје одалечен. притоа бараш сместување и прво нешто што прашуваш е колку пари е дневен смештај. откако ке најдеш нешто така поефтино одиш дури неколку стотици метри да најдеш поефтин маркет за да купиш за јадење и пиење нели. па пак правиш пресметка дали ке ти стасаат пари и тн. Конечно се враќаш дома со -2000 / 3000 денари или во некој случај со 0 денари и ако дојдеш со 0 денари среќен си човече.


епа ај сеа ти види кога се живеело подобро. сега или во СФРЈ ?
 
Не ми е јасно само што правел Тито со 1 милион марки месечен приход... :(
И сите го сакале, ах перење мозок...нешто слично како во Северна Кореа денес

Tогаш 1 милион во денешна вредност би било исто како 10 милиони можеби..ама нема врска,тогаш и народот незнаел за тоа а и да знаел несмеел да се буни.. луѓето кои свршуваат денес на тоа време не се ни свесни какви далавери и криминали се правени и им се чини како тоа да постои од пред 20 години..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom