Законот на Телема

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Моралните навики на Кроули, претставени од твоја страна како аргумент за негативност и одвратност, само ја докажуваат очајноста да се фати "сламка", само за да се дискредитира телемата по секоја цена.
Но секој според својата воља.:)
Еве за збогум да ти појаснам нешто кое не сакаш да го прочиташ меѓу редови.
Моралноста на Кроули не ме интересира воопшто а одвратноста е само одраз на лична перцепција.

Хомосексуалноста на Кроули, без разлика дали станува збор за Виктор или група нубијци со големи алати не е одраз на љубов кон мажите.
Кроули сфати дека не е доволно магички силен за да ја премине бездната па затоа одлучи со сперма уберфјул да ја подигне кундалини доволно високо и така да акумулира окултна моќ (за потсетување Буда немаше потреба од мажи за да го совлада Мара).
Си се запрашал ли колку жени успеале да се издигнат во ОТО системот?
Зошто од оние мајсторите на повисоки степени кои низ историјата на редот биле познати нема ниту една жена?

А сега Збогум
Do what thou wilt shall be the hole of the law
 
... Единствената поголема претенциозност е веројатно Еврејската, каде што ЕДИНСТВЕНИОТ ВИСТИНСКИ БОГ во историјата им се појави токму нив, токму во тоа време за да ги спаси. Многу е веројатно тоа.

... Никој не го приметува лудилото додека е дел од него...
.

Единствениот лек од тоа лудило за коешто ти пишуваш е верата во Мудроста БОЖЈА и жртвувањето на индивидуалниот (вертикално) егоизам и колективниот (хоризонтално) егоизам!
Таквите верници вистински го понеле сопствениот крст и ги следат стапките на Мудроста БОЖЈА, Која што е и Единстевниот Лекар од тоа лудило и синдром, со кое - повеќе или помалку - е инфицирано сето човештво, од Адам па до денес.

ЕДИНСТВЕНИОТ ВИСТИНСКИ и СОВРШЕН БОГ лично се појави во Инкарнацијата на Неговата Мудрост (Исус Христос) , но не да го спаси само избраниот народ, туку да ги спаси сите коишто ќе веруваат!

Тука нема повеќе ни Грци, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а се’ и во се’ е - Мудроста БОЖЈА - Христос!

(Колос.3:11)

.
 
Единствениот лек од тоа лудило за коешто ти пишуваш е верата во Мудроста БОЖЈА и жртвувањето на индивидуалниот (вертикално) егоизам и колективниот (хоризонтално) егоизам!

Оди бе тепај пајки.

Кој тебе те пушти од лудница, само да знам...
 
Еве за збогум да ти појаснам нешто кое не сакаш да го прочиташ меѓу редови.
Моралноста на Кроули не ме интересира воопшто а одвратноста е само одраз на лична перцепција.

Хомосексуалноста на Кроули, без разлика дали станува збор за Виктор или група нубијци со големи алати не е одраз на љубов кон мажите.
Кроули сфати дека не е доволно магички силен за да ја премине бездната па затоа одлучи со сперма уберфјул да ја подигне кундалини доволно високо и така да акумулира окултна моќ (за потсетување Буда немаше потреба од мажи за да го совлада Мара).
Си се запрашал ли колку жени успеале да се издигнат во ОТО системот?
Зошто од оние мајсторите на повисоки степени кои низ историјата на редот биле познати нема ниту една жена?

А сега Збогум
Do what thou wilt shall be the hole of the law
Што велиме ние телемитите за жената?
Ние не им ласкаме и не ги залажуваме жените; ние не ги потценуваме и не ги малтретираме. За нас жената е самостојна, апсолутна, оригинална, независна, слободна, самоопределена, точно онолку колку што е и мажот. Секој маж и секоја жена е Ѕвезда вели Законот.
Ние не го осуетуваме Нејзиното Движење, на Божицата! Ние не полагаме никакво право над Нејзината волја; не го одвраќаме Нејзиниот развоен пат за да господариме со нејзините желби, или пак да ја одредуваме нејзината судбина. Ние не бараме ништо повеќе освен да и ја понудиме нашата сила.
Книгата на Законот вели: Нека пред мене застане жената опашана со меч!
Добре дојде ти, Жено, те поздравуваме како Ѕвезда! Добредојде на лумпување и веселба! Добре дојде во борба и на гозба! Добре дојде на бдеење и победа! Добредојде во страст и громогласна смеа! Добре дојде на трпеза и в кревет! Добре дојде на тажење и смрт!
Ние телемитите сме оние кои вистински ја сакаат и почитуваат Жената, кои ја сметаат подеднакво безгрешна и бесрамна како што сме и ние самите; а оние кои што велат дека ја презираме, се оние кои бегаат од замавот на нашите сабји со кои ги раскинуваме зарѓаните окови од нејзините нозе!
Дали жената ја нарековме Курва? Да, Навистина и Амин, Таа тоа и е; сиот воздух трепери и гори додека го викаме, радосно и страстно.
О вие (христијани)! Зар не ја презревте и осрамотивте со вашиот потсмев и вашиот злобен Шепот? Не е ли „Курва“ – вистината за неа, име на ужас кое и го дадовте заради сопствениот страв од Неа, со кој кукавиците меѓусебно се тешат, со скриено намигнување на окото и со движење на раката?
Но ние не се плашиме од неа! Книгата на Законот е Повелба на Жените! Зборот Телема(волја) го отклучи катанецот на нејзиниот „појас на невиност“! Вашата(христијанска) Сфинга конечно оживеа, да знаеш, да сакаш, да смееш и да молчиш!
Модерната жена повеќе нема да биде глупава, робинка и жртва; туку жена која слободно ќе се предава за свое сопствено задоволство, без барање противуслуга, ќе ја здобие почитта на своите браќа и отворено ќе ги презира „невините“ (поткупливи сестрички),токму како што машките денес ги презираат „мамините синови“, „мекушите“ и „лигушите“.
Жената треба да научи дека Љубовта е спорт, уметност, религија, ако сакате; Голем Панаѓур!
Постои крик на непознат јазик. Тој одекнува низ Храмот на Универзумот; во еден негов Збор е Смрт и Екстаза и твоето име на честа, о ти која си самата за себе Првосвештеничка, Пророчица, Царица и Божица чие име значи Мајка и Курва!
Љубов е законот љубов под волја

П.С. Малата застапеност на жените во тајни редови како О.Т.О во минатиот век, според мене најмногу се должи на нејзината положба во општеството, кое било па донекаде и сеуште е патријалхално ориентирано.
 
Што велиме ние телемитите за жената?

..., о ти која си самата за себе Првосвештеничка, Пророчица, Царица и Божица чие име значи Мајка и Курва!
.

Не ли вие срам!? :mad:

Јас нешто друго те прашав а не за правата или еманципираноста на жената, ти ми одговараш со "што велите вие за жените". Велете што сакате, ваша работа.

Мислев дека само Хептаграм е добар спин доктор но не рекле залудно србите "ko je kakav s'njim se i sastaje".

Кога на Хептаграм му посочив на вампиризмот, тој веднаш направи споредба со стихови од книгата на законот.
Да ставиш на еден тас на вагата изјава на Кроули од негов есеј за тоа како цицал крв од жртва, а на другиот тас стихови од книгата на законот за која нема сомнение дека е во целост исполнета со симболизам, е исто како да го споредуваш Откровението по Јован со житието на Св. Јован Осоговски.
 
Одговорот го имаш во пост скриптум на мојот пост:
П.С. Малата застапеност на жените во тајни редови како О.Т.О во минатиот век, според мене најмногу се должи на нејзината положба во општеството, кое било па донекаде и сеуште е патријалхално ориентирано.
Или можеби ни на ова не мислеше?
 
Си се запрашал ли колку жени успеале да се издигнат во ОТО системот?
Зошто од оние мајсторите на повисоки степени кои низ историјата на редот биле познати нема ниту една жена?
Ова "познати" сега го забележав.
Во манифестот на О.Т.О помеѓу другото, стои и следново:

Имињата на женските членови никогаш не се откриваат.
Не е дозволено овде да се открие името од било кој жив старешина.
http://www.oto-mk.org/?page_id=2
--- надополнето: 27 декември 2011 во 00:20 ---
Секој број е бескраен

„Секој број е бескраен; нема разлика.“ – Книга на Законот, Поглавје I:4
Ова е голема и света мистерија. Иако секоја ѕвезда има свој број, секој број е еднаков и совршен. Секој маж и секоја жена не е само дел од Бога, туку е и Врховен Бог. “Центарот е насекаде, а работ никаде”. Старата дефиниција за Бог добива ново значење за нас. Секој од нас е Еден Бог. Ова може да биде сфатено единствено од страна на иницијантите; за да се увиди тоа, човек мора да достигне висока состојба на свест.
Секоја “ѕвезда” директно е поврзана со секоја друга ѕвезда и бидејќи Просторот е без Граница (Аин Соф), Тело на Нуит, секоја ѕвезда подеднакво е Центар како што е било која друга. Секој човек инстинктивно чувствува дека е Центар на Космосот, но филозофите се потсмеваа на таа негова претпоставка. Сепак, тој беше сосема во право. Земјоделецот не е ништо “помалку вреден” од Кралот, ниту Земјата е помалку вредна од Сонцето. Секое едноставно, елементарно Себство е врховно, Сам Бог. Да, во оваа Книга Вистината е речиси неиздржливо Величенствена, бидејќи Човекот премногу долго се криел од сопствената слава: тој се плаши од бездната, од безвремениот Апсолут. Сепак Вистината ќе го ослободи!
 
Да инвоцираш архетип е како да инвоцираш тип од слика. Јас тоа го викам лудило, ти како сакаш. Слушај, кога некогаш ќе се вратиш наваму, јас се пријавувам да бидам scapegoat во било каков магиски експеримент кој можеш да го изведеш. Инвоцирај ми демони, вампири, Германци со камиони, што ти душа сака, мува не ме лази...

Архетип не е еднакво на слика. Ај прочитај го Јунг, ако си го прочитал - отвори го уште еднаш.

Неам потреба да доаѓам, ти само испрати ми малку коса, по некој нокт и маравче со сексуални течности - твои. Онака, као за сувенирче :rolleyes:

На сериозна нота - не евоцирам нити инвоцирам Гоетиски суштества. Ама и да го правев тоа, ти би ми бил последен на листа. Нема потреба никој да си троши енергија на некој што е никаков фактор у нивни живот - а уште помалку за играње експерименти. Без навреда, ништо лично. Со експериментирање дали некој ќе го фати клетва или не јас лично не добивам ништо. Пре ќе инвоцирам нешто за да ми помогне во мојот личен живот и нормално на мојата фамилија. За други мене ич мува не ме лази. ;)
 
Архетип не е еднакво на слика. Ај прочитај го Јунг, ако си го прочитал - отвори го уште еднаш.

Се разбира дека архетип не е слика, тоа беше споредба за да ти ја доловам веројатноста за инвокација...

;)
 
не евоцирам нити инвоцирам Гоетиски суштества. Ама и да го правев тоа, ти би ми бил последен на листа. Нема потреба никој да си троши енергија на некој што е никаков фактор у нивни живот - а уште помалку за играње експерименти. Без навреда, ништо лично. Со експериментирање дали некој ќе го фати клетва или не јас лично не добивам ништо. Пре ќе инвоцирам нешто за да ми помогне во мојот личен живот и нормално на мојата фамилија. За други мене ич мува не ме лази. ;)
Ако ги имаш тие способности зошто не ги инвоцираш или евоцираш, што и да е, тие "Гоетски суштества", за да ти помогнат тебе или на твојата фамилија. Јас на пример, кога би ја имал таа способност, би инвоцирал едно десетина суштества дневно: Супермен да ја однесе девојка ми на работа кога доцни (ако не е зафатен и да ја врати дома), Бетмен ако некој ме закача на улица, лавот од нарнија за да имам егзотично милениче дома, Мери Попинс да пее и да брише прашина по дома, Исус на вели петок за да го распнам во дневна, Мухамед за да идеме да шмекаме малолетнички.....ехеј долга и широка е листата...
 
whatever floats your boat.

Се разбира дека архетип не е слика, тоа беше споредба за да ти ја доловам веројатноста за инвокација...

;)
Зошто да не може? Ај да размислиме со прост пример.

Да речеме, некоја жена/девојка само што го родила првото дете и се осеќа дека може не е до толку добра мајка ко што би сакала да биде. Пример, ќе ја повика Кван Јин - како архетип на мајчинство, caring and nourishing person и ќе се осети после некое време многу подбро во своите способности како caregiver.

Сега можеме да рационализираме до бесвест дали е во психа или не - ама тоа не е битно воопшто. Што е битно е дека делува ако некој има вера.

П.С. Овој пример го дадов онака, као општ и генерализиран. Целата уметност во евоцирање и инвоцирање не се состои само во тоа.
 
Ти треба да расчистиш некои работи околу врстите на постоење, вака мешаш баби и жаби. Примерот за инвокација кои го даваш е класичен пласибо ефект, одамна забележан и веќе добро документиран. Од таму до инвокација на ентитет кои има независна свест настрана од оној кој го инвоцирал, има светлосни години...
 
Сакам да ти кажам дека за некои луѓе тие ентитети постојат само како производ на психата, а за други луѓе тие ентитети имаат своја совест. Плацибо ефектот не е невалиден. Ова ти го кажував и страници уназад. Дури и ти дадов пример како е можно битие како нив да добие живот само по себе - ама кој да чита.

Ти мешаш инвокации со евокации. Инвокација е да го повикаш тоа да има ефект и појава внатрешно, something like a possession. Евокација е да го повикаш надворешно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom