- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Единствениот двор во кој скитам е дворот од мојата куќа, но сега има снег па и таму не скитам.Тебе, кој сеуште скиташ во Дворот на Профаните сеуште не можеме да ти откриеме се; но лесно ќе разбереш дека светските религии се само симболи и превези на Апсолутната Вистина. Исто како и философиите. За посветеникот, кој сиве овие работи ги гледа одозгора, не постои потреба за избор меѓу Буда и Мухамед, меѓу Атеизам и Теизам. Liber X
http://heptagramxi.wordpress.com/2011/11/23/цитати/
Инаку, не знам што ми е попретенциозно во цитираниов пасус. Дали претензијата за постоење на апсолутна вистина, или претензијата апсолутната вистина да е во посед на таен ред формиран од неколку наркомани набркани од масонските ложи. Единствената поголема претенциозност е веројатно Еврејската, каде што ЕДИНСТВЕНИОТ ВИСТИНСКИ БОГ во историјата им се појави токму нив, токму во тоа време за да ги спаси. Многу е веројатно тоа.
Без навреда, но кога ќе слушнам дека некој оперира со термин апсолутна вистина, јас право во клозет трчам. Толку немање чувство за иронија и дистанца е despicable.
Оваа поделбата на профани е иницирани е посебна приказна. Не е типична само за тајните редови, се сретнува и во други форми на општествен живот. На пример членовите на Национал Социјалистичката партија се иницирани, оние кои не се членови се профани. Од аспект на Ничеовата филозофија на пример, оној кој го разбира и прифаќа учењето на Ниче е инициран, другите се профани. И така, ad infinitum.
Дајте малку историска дистанца, и компаративно проучување на таквите појави. Никој не го приметува лудилото додека е дел од него...