Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
...
Не знам дали во оваа тема да прашам, али не видов друга посоодветна...
Вака значи, јас со тежина не сум имала никакви проблеми...176 см сум и имам 71 кило...Е сеа, проблем ми е што сакам да го намалам стомакот, ама при тоа не сакам да ослабам во другите делови од телото, значи сакам само стомакот да го намалам, а не рамномерно да слабеам...
Во врска со исхраната, си јадам многу и не пребирам многу...И количински доста храна внесувам...Не можам против апетитот и точка...Пешачам, али не многу...
Што да вежбам, ама да не почнам рамномерно да слабеам, туку само стомакот...?И пред некој месец одев на зумба фитнес и мислам дека после тренинзите ќе умрев( значи еден саат непрекинато рипање, скокање и секој читав мускул мислиш ти е воспален после тоа...) Не можам тоа, многу ми е напорно...
Пороци немам, што негативно би ми влијаеле на кондиција, дури не пијам ни газирани сокови...)
И...?????

Повеќе ти е во тема за слабеење ама може и тука ;).

Прилично тешко е да ослабиш само на мешето а целото друго салце да остане, колку и да се трудиш пак и од другите делови малку ќе фати :).

Сепак ако ставиш главен акцент на стомакот (разни типови стомачни вежби) со соодветен аеробен тренинг плус соодветна исхрана најмногу ќе ослабиш на стомакот, односно најмногу таму ќе стопиш салце така да тоа е тоа што го бараш :).

Со аеробен тренинг има едно правило, не се претерува туку се наголемува постепено. Наместо зумба од еден саат почни со 20 мин па постепено во рок од неколку месеци наголемувај. Не мора ни зумба да биде, можеш џогинг, скокање на јаже итн.

Стомачните вежби ги имаш на нет премногу, земи еден систем од да речеме пет различни вежби и почни да ги правиш редовно но внимавај и да имаш ден за пауза. Затоа што топиш салце кај тебе ќе треба голем број повторувања во серија ама пази да не се претренираш.

Од исхраната исфрли маргарин а намали пржени храни, фаст фуд, газирани пијалоци и сите врсти на бел шеќер (бел шеќер и колачи со него) и ќе имаш резултат под услов константно да не се прејадуваш ;).

Си почнала да вежбаш, браво :D
 
Со намалување на стомакот, т.е. мастите на стомакот нормално е и да се намалат и другите делови од телото односно и таму да се исчистат мастите.

Како изгледа дневното мени, со што се храниш за да може да те упатиме во насока на постигнување на целта.

Зашто да се откажеш? Штом си можела до сега продолжи, ако неможеш цел саат прави паузи измеѓу па после некое време и тој саат ќе биде ништо.

Тестенините и белите пецива ми се главен дел во исхраната и тешко дека ќе ги намалам...Овчото сирење исто така...
Од месо јадам телешко, јунешко и пилешко, а свинско јадам поретко...Компири, ориз, гравче исто така обожавам...Риба и јајца јадам поретко...
Газирано не пијам, млеко и јогурт исто така не конзумирам, ниту кафе, ниту алкохол...
Пијам џусеви, вода, чаеви и цедевита.
Зеленчук обожавам, а од овошје само неколку врсти јадам...
Иако јадам тестенини многу, благото не го сакам толку (значи чоколади и торти ретко јадам...) Али пити, пици, шпагети, кифлички, кроасани, пирошки... - мммммм....Не можам без нив...
Плус и не сум склона кон дебелеење...
И јадам чајна, кулен и сланина многу...Насабајле поготово со лутеница, сирење... :D
 
Тестенините и белите пецива ми се главен дел во исхраната и тешко дека ќе ги намалам...Овчото сирење исто така...
Али пити, пици, шпагети, кифлички, кроасани, пирошки... - мммммм....Не можам без нив...
Плус и не сум склона кон дебелеење...
И јадам чајна, кулен и сланина многу...Насабајле поготово со лутеница, сирење... :D

Зашто имало салце на мешето, барем ги откривме виновниците :icon_lol:.
 
Намали со пиците, кроасаните, пирошките и сувомеснатите, барем додека не го постигнеш тоа што го имаш замислено. Збогати ја исхраната со целосен спектар на Б витамини (ги има и во аптека) за делумно ослободување од стресот. Бидејќи секојдневниот стрес резултира со наталожување на масно ткиво во долниот предел од стомакот.
И според мене, најдобро за тебе е да правиш кардио два часа пред легнување.
Ах, и за крај, вметни зелен чај како прво нешто по будењето (никако 4 часа пред спиење) тој помага за побрзо топење на масните наслаги и воедно претставува антиоксиданс кој ни е многу потребен.
 
Blondi,
Од тоа што го напиша за себе, не си склона на дебелеење, ти се допаѓа се на твоето тело (освен долниот дел од стомакот) 80% од исхраната ти се ЈХ...тешко дека лесно ќе успееш да дојдеш до постигнување на целта.
За да се направата промени во телесниот изглед, потребни се и промени во начинот на живеење. Значи, изјави од типот " неможам без нив" не доведуваат до цел.
Човек може да се однесува на начинот на кој ти се однесуваш и повторно да биде мускулест, само ако зад себе долги години вежбачки стаж, доволно процент на мускули на себе....НО, и покрај тоа, сепак ќе го има тоа што тебе те мачи. зДелови од телото прекриени со масно ткиво, вода и сл. со што нема да биде целосно задоволен.

2 часа кардио пред легнување за секого е многу.
 
Кардио два часа пред легнување, не два часа кардио.
 
Тестенините и белите пецива ми се главен дел во исхраната и тешко дека ќе ги намалам...Овчото сирење исто така...
Али пити, пици, шпагети, кифлички, кроасани, пирошки... - мммммм....Не можам без нив...
И јадам чајна, кулен и сланина многу...Насабајле поготово со лутеница, сирење... :D

Плавко, тоа што дечкиве ти зборат е сѐ точно и би додал ако јадеш количински многу (а јадеш) не само што ќе ти треба јак и тежок режим за сите тие калории да ги изгориш пред да се наталожат во масно ткиво туку ќе мораш и да зајакнеш тренинг за да ги стопиш веќе наталожените на мешето а тоа е практично невозможно кога тебе и зумба од саат те капитулира :D.

Едино чаре за тебе е да намалиш количина на храна во тек на целиот ден (многу помалку калории зашто тоа што го јадеш од болдот е калориска бомба посебно, пиците, кроасаните, пирошките и сувомеснатите) и додатно да правиш стомачни и кардио секој ден инаку нема ни сантиметар да се симне од мешето :).

Ако не можеш од одма почни малку по малку за да го навикнеш телото да не ти бара толку храна. Просечен нетрениран човек во цивилизација во принцип јаде 30% повеќе од тоа што стварно му треба и сѐ што е вишок оди во масни наслаги :).
 
Фала за советите...
Од утре ќе почнам да купувам црн леб (интегрален) зашто со овој белиот претерувам...
И за почеток ќе правам вакви вежби и слични на овие...
 
Фала за советите...
Од утре ќе почнам да купувам црн леб (интегрален) зашто со овој белиот претерувам...
Абе батали тоа, си го сакаш ти стомачето а и ние те сакаме таква. :pos:
По сличен пример на твојот и јас се имам здебелено иако тоа претходно ми делуваше како невозможна мисија. Баш оној долен дел од стомакот е проблематичен така да на исти маки сме само што јас веќе работам полека на тоа.
Ќе биде се, само трпение и желба.

П.С. не ја гледај вагата секогаш лаже, види се пред огледало најточно ќе ти одговори
 
што вежби во теретана да правам за да ставам маса на градите појке и да имаат некоја дефиниција плочести со тоа линијата на среде? :)
 
што вежби во теретана да правам за да ставам маса на градите појке и да имаат некоја дефиниција плочести со тоа линијата на среде? :)
Во основа бенч, различни стомачни со тежини и многу кардио.
 
Во основа бенч, различни стомачни со тежини и многу кардио.

Како мојт во теретана да направам кардио тренинг, вежби некој? или само трчање на орбитрејк?
 
Како мојт во теретана да направам кардио тренинг, вежби некој? или само трчање на орбитрејк?
орбитрек, точак или лента мада според мене не е кардио ако не искочиш на кеј да истрчаш или пак во некоја сала да го сториш истото на ладново.
 
орбитрек, точак или лента мада според мене не е кардио ако не искочиш на кеј да истрчаш или пак во некоја сала да го сториш истото на ладново.

А од прилика колку време на орбитрек, точак и сл? колку дена во неделата?
 
Целосна програма за вежбање,исхрана,за почетник?Висок сум околу 180 со 78 кила.Начин на вежбање по денови,како и тоа кога и што да почнам да земам.

Сакам да кажам некои си 7-8 кила ама квалитетно,несакам да изгледам ко типичен балкански билдер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom