Antiteist
ateist
- Член од
- 19 декември 2011
- Мислења
- 127
- Поени од реакции
- 104
На форумов имаше теми во кои постоењето на злото христијаните го оправдуваат со неопходноста за постоење на слободната волја кај човекот, но за чудо, никој не го спомна Алвин Плантинга (барем јас не најдов со функцијата „пребарај“).
Накусо, според христијанските теолози Бог го создал човекот со слободна волја, а негово е што ќе прави понатаму. Ако правел добро - оди во Рајот, ако правел зло - оди во Пеколот. Многу едноставно, на прв поглед. Но, концепцијата за слободната волја цело време била напаѓана од атеистите, со сериозни аргументи. Таа „борба“ траела се до пред нецели 4 децении, кога христијанскиот филозоф Алвин Плантинга дал многу прецизна и детална разработка на „Одбраната на слободната волја“. Плантинга брилијантно ја одбранил тезата, докажувајќи дека ваквиов свет (никаков, со многу зла...) не го исклучува постоењето на Бог со неговата бескрајна добрина, моќ, нетемпоралност итн. Од неговите тези всушност неопходно произлегува дека Бог не може да создаде свет во кој луѓето би биле без слободна волја.
На прв поглед, супер победа на христијаните и тежок пораз на атеистите, но... што е со Рајот? Според последиците од тезите од Плантинга - во Рајот луѓето мораат да имаат слободна волја. Од друга страна, според христијанската дефиниција, во Рајот нема и не може да има зло! Сфаќате сега во што е проблемот?
Плантинга брилијантно ја одбрани христијанската логика за појавата на злото (предизвикана од човекот) на Земјата, но со тоа истовремено докажа дека или не постои Рај, или ако постои Рај - таму луѓето немаат баш слободна волја. И двете го рушат столбот на христијанството.
Право да ви кажам, после мојата смрт доброволно се пријавувам за Пеколот - топли купки во казанче, но со сочувана слободна волја. Подобро тоа, отколку бесконечно долго да зомбирам во Рајот лоботомиран од слободната волја.