Алвин Плантинга, злото и слободната волја

Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
На форумов имаше теми во кои постоењето на злото христијаните го оправдуваат со неопходноста за постоење на слободната волја кај човекот, но за чудо, никој не го спомна Алвин Плантинга (барем јас не најдов со функцијата „пребарај“).
Накусо, според христијанските теолози Бог го создал човекот со слободна волја, а негово е што ќе прави понатаму. Ако правел добро - оди во Рајот, ако правел зло - оди во Пеколот. Многу едноставно, на прв поглед. Но, концепцијата за слободната волја цело време била напаѓана од атеистите, со сериозни аргументи. Таа „борба“ траела се до пред нецели 4 децении, кога христијанскиот филозоф Алвин Плантинга дал многу прецизна и детална разработка на „Одбраната на слободната волја“. Плантинга брилијантно ја одбранил тезата, докажувајќи дека ваквиов свет (никаков, со многу зла...) не го исклучува постоењето на Бог со неговата бескрајна добрина, моќ, нетемпоралност итн. Од неговите тези всушност неопходно произлегува дека Бог не може да создаде свет во кој луѓето би биле без слободна волја.
На прв поглед, супер победа на христијаните и тежок пораз на атеистите, но... што е со Рајот? Според последиците од тезите од Плантинга - во Рајот луѓето мораат да имаат слободна волја. Од друга страна, според христијанската дефиниција, во Рајот нема и не може да има зло! Сфаќате сега во што е проблемот?
Плантинга брилијантно ја одбрани христијанската логика за појавата на злото (предизвикана од човекот) на Земјата, но со тоа истовремено докажа дека или не постои Рај, или ако постои Рај - таму луѓето немаат баш слободна волја. И двете го рушат столбот на христијанството.
Право да ви кажам, после мојата смрт доброволно се пријавувам за Пеколот - топли купки во казанче, но со сочувана слободна волја. Подобро тоа, отколку бесконечно долго да зомбирам во Рајот лоботомиран од слободната волја. :)
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Брат не ми е јасно атеист си....а дење ноќе се замараш со религија.....што се случува со тебе???
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Брат не ми е јасно атеист си....а дење ноќе се замараш со религија.....што се случува со тебе???
Прво, јас сум антитеист (види ми го никот), а под 2 сум атеист. Прочитај дефиниција што е тоа антитеист, па ќе ти стане јасно.
 
Како и да е...битно се замараш, со нешто што објаснуваш дека треба да биде небитно за оние кои веруваат....т.е завлегуваш во парадокс.

Но јбг коа немаш риал лајф....ќе си куцкаш тука и ќе се објаснуваш со секој кој не мисли као тебе.
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Како и да е...битно се замараш, со нешто што објаснуваш дека треба да биде небитно за оние кои веруваат....т.е завлегуваш во парадокс.
Не се замарам, задоволство ми е (тоа е дел од дефиницијата за антитеист). На верниците оваа тема им е многу битна, па нема парадокс.
--- надополнето: 25 декември 2011 во 18:49 ---
Исто што и со останативе атеисти на форумов.
Пак не знаеш дефиниција за антитеист, а? Седи, кец!
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Брат не ми е јасно атеист си....а дење ноќе се замараш со религија.....што се случува со тебе???
Можеби му е хоби на човекот...
Која и да му е мотивацијата не е нешто кое би требало да те засега.
Само се осеќаш загрозен по малку, тоа е се.
Ако си верник, би требало да те засега покајанието поради гревовите на пример...

На прв поглед, супер победа на христијаните и тежок пораз на атеистите, но... што е со Рајот? Според последиците од тезите од Плантинга - во Рајот луѓето мораат да имаат слободна волја. Од друга страна, според христијанската дефиниција, во Рајот нема и не може да има зло! Сфаќате сега во што е проблемот?
Плантинга брилијантно ја одбрани христијанската логика за појавата на злото (предизвикана од човекот) на Земјата, но со тоа истовремено докажа дека или не постои Рај, или ако постои Рај - таму луѓето немаат баш слободна волја. И двете го рушат столбот на христијанството.
Право да ви кажам, после мојата смрт доброволно се пријавувам за Пеколот - топли купки во казанче, но со сочувана слободна волја. Подобро тоа, отколку бесконечно долго да зомбирам во Рајот лоботомиран од слободната волја. :)
Прво требало да каже дека одење во рајот нема се додека не се врати Исус.
До тогаш душите од почетокот на светот (4004 п.н.е према датирањето на Ашер) се складирани во небескиот рисајкл бин и го чекаат Судот.
А постоењето на квоти (2/3 од душите се одредени за во пеколот) со некои цитати од Писмото се побива било какво постоење на слободна воља бидејќи однапред е одреден бројот на оние кои ќе одат кај казаните, без разлика на делата земски...
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
мене па ич не ми е јасно како не ви се здосади за религија муабет да прајте. че беше ли некој атеист ако од некого не слушнал за атеизам ? и обратно.
ако немате попаметна тема на дебатирање и масирање на мозокот играјте шах.. истото па истото. неможи некому да докажиш дека Бог постои или не постои!
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
неможи некому да докажиш дека Бог постои или не постои!
Не е тоа поентата, Плантинга докажал дека ако постои семоќен Бог, тогаш може да постои зло (предизвикано од човекот) на Земјата, затоа што слободната волја на човекот е поважна од евентуалното зло што би можел тој човек да го нанесе на друг. Проблемот е во тоа што тогаш паѓа концептот на Рајот (во кој не може да има зло!), а со тоа паѓа и целото христијанство.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Плантинга? :)

Докажал?

Прво, концептот на семоќност на Бог се коси со концептот на слободна воља од едноставна причина што Божјата семоќ претпоставува и Божја сезнајност и нетемпоралност. Ако во умот на Бог минатото, сегашноста и иднината е едно исто, тогаш не може да стане збор за слободна воља, бидејќи неговата сезнајност претставува судбинска предодреденост за секој човек. Тоа исто го негира и концептот за наградување и казнување, нешто што одамна му било јасно на Св. Августин, кој јасно и гласно зборувал за предестинацијата.

Второ, дури и ако го прескокнеме овој аргумент, останува аргументот на Иван Карамазов, дека цената на познанието на доброто и злото, заради слободната воља е превисока за човекот, и дека ако тој е морален тогаш е обврзан да му ја врати влезницата за рајот назад на Бог со порака, јас сум поморален од тебе, не ми требаш...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прво, јас сум антитеист (види ми го никот), а под 2 сум атеист. Прочитај дефиниција што е тоа антитеист, па ќе ти стане јасно.
Брееее, ем антитеист, ем атеист?

„Дупло голо„, што би рекло лицето Б.Ц....:icon_lol:
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Плантинга? :)
Докажал?
Прво, концептот на семоќност на Бог се коси со концептот на слободна воља од едноставна причина што Божјата семоќ претпоставува и Божја сезнајност и нетемпоралност. Ако во умот на Бог минатото, сегашноста и иднината е едно исто, тогаш не може да стане збор за слободна воља, бидејќи неговата сезнајност претставува судбинска предодреденост за секој човек. Тоа исто го негира и концептот за наградување и казнување, нешто што одамна му било јасно на Св. Августин, кој јасно и гласно зборувал за предестинацијата.
Плантинга навистина го докажал тоа што го докажал, но тоа не ги покрива сите аспекти кои произлегуваат од христијанската теологија. Станува збор за обична (но многу детална!) логичка разработка на само мал дел од последиците кои произлегуваат од неколку основни хритијански постулати за Бог. Дури и атеистите се сложуваат дека "Free Will Defence" на Плантинга е логички совршена во однос на оправдувањето на постоењето на зло на Земјата заради одлуката на Бог да им овозможи потполно слободна волја на луѓето. Но последицата од таа Пирова победа е дека Рајот не може да постои, а со тоа се руши целото христијанство.
Она за што ти збориш: релацијата детерминизам - слободна волја, е сосема друга работа и претставува уште една тешка главоболка за христијанските верници. :)
Аргументот на Карамазов е капак. :)
--- надополнето: 26 декември 2011 во 16:22 ---
Брееее, ем антитеист, ем атеист?
„Дупло голо„, што би рекло лицето Б.Ц....:icon_lol:
антитеист = турбоџихад атеист :)

А јас па мислев ќе муабетиме на темата Плантинга, злото, слободната волја, Рајот, логика и логички заклучоци... сум се зезнал, изгледа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ќути бе ти. Антихрист еден. :P
Он на мене...:cautious:
--- надополнето: 26 декември 2011 во 16:29 ---
П
антитеист = турбоџихад атеист :)

А јас па мислев ќе муабетиме на темата Плантинга, злото, слободната волја, Рајот, логика и логички заклучоци... сум се зезнал, изгледа.
Ц, не си зезнал, освен желбата да ги опишеш или доловиш Рајот и пеколот, со користење овосвентовна мудрост.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Он на мене...:cautious:
Е па ти више ееееееееее, расипувач на забави
еве напиј се едно
Skopsko.jpg
Ц, не си зезнал, освен желбата да ги опишеш или доловиш Рајот и пеколот, со користење овосвентовна мудрост.
За то треба духовна логика, ама таа пред триесет и некоја не се добива.....:D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom