NBA Сезона 2011/2012

Дали ке започне НБА лигата со натпревари?

  • ДА! Ке се одиграат сите натпревари.

    Гласови: 19 16,8%
  • НЕ! Нема да со одигра ниту еден натпревар.

    Гласови: 24 21,2%
  • ДЕЛУМНО! Ке се играат помалку натпревари од предвидените 82 натпревари за секој тим.

    Гласови: 70 61,9%

  • Вкупно гласачи
    113

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
хахахаххахаха уште и оди во гужва да шутира преку троица хахахаха браво Чикаго со Мајами ми го направивте меракот и тоа многу
Е да, тоа му е најголемата слабост на Коби... кога е финиш мора он да ја реши утакмицата а така убаво отворен беше Фишер, веднаш на негово десно.

Барем не се плаши, во ваква ситуација ЛеКвин ќе направеше некако да не ја прими топката... ;-)


Честитки за Чикаго, браво!
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Многу добра утакмица... најдобрата денес дефинитивно.

Чикаго имаат светла иднина, инаку во плејоф серија тешко против Лејкерси ако новациве продолжат овака. Навистина пријатно изненадување, МекРобертс и Марфи заедно 16 скока (плус 13 поени со добар процент). Ибанкс 8 коша од 4/5 шута. Гауделок две тројки од три обиди.

Дури и Артест и Блејк не изгледаа така лошо...
Да се уигра тимов со тренерот и да останат здрави со набиениов распоред, па макар и како 8ми да влезат во плејоф.


П.С. Коби требаше да додаде на Фишер... 3-4ца го чуваа. :)
Мислиш во плејоф серија Чикаго-Лејкерс тешко? Тоа би му дошло финале... така?

Инаку Лејкерс не беа така лоши... Кога ќе се врати Бајнам треба да бидат уште подобри.

Да се разбереме... тоа би му дошло доволно за 4-5 место на запад и 2 коло плејоф... Толту...

Без навреда... ако не успеат да го донесат Хауард, или барем да направат некакви саглам трампи... Лејкерс сезонава ќе биде исмејуван (не затоа што ќе биде лош, туку затоа што ќе биде далеку од добар)... Со овој тим во Чикаго губат 15 разлика, у што сакаш...

П.С. Коби дефинитивно требаше да ја додаде топката... ама Коби е Коби...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Без навреда... ако не успеат да го донесат Хауард, или барем да направат некакви саглам трампи... Лејкерс сезонава ќе биде исмејуван (не затоа што ќе биде лош, туку затоа што ќе биде далеку од добар)... Со овој тим во Чикаго губат 15 разлика, у што сакаш...
Без навреда, ама не се сомневај во срцето на шампионите.
Сети се дека минус последнава сезона ова е тимот што ги доби претходните две титули, Чикаго тек треба да се докаже.

Се што им треба на Лејкерси е еден сервисабилен плејмејкер со пристојна одбрана. Нормално, ако гледаме чисто за титула во следниве година-две.
Хауард е потез за иднината, тоа иако и мене лично ми е поважно... сепак би сакал да видам титула сега и веднаш!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Offtopic, али има ли некоја страна за HD free steam?
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Без навреда, ама не се сомневај во срцето на шампионите.
Сети се дека минус последнава сезона ова е тимот што ги доби претходните две титули, Чикаго тек треба да се докаже.

Се што им треба на Лејкерси е еден сервисабилен плејмејкер со пристојна одбрана. Нормално, ако гледаме чисто за титула во следниве година-две.
Хауард е потез за иднината, тоа иако и мене лично ми е поважно... сепак би сакал да видам титула сега и веднаш!
Пријателе во тоа не се сомневам... но Лејкерс се премногу плитки...
Ова е дааааллеееееккууууу од шампионски тим. Ова во моментов ми личи на пристоен плејоф тим кој може да даде солиден отпор на Оклахома или Далас...
Неможеш да спиеш на „талентот“ на Мекробертс, Ворлд Пис или на Блејк... Бајнам, Гасол и Коби се три сјајни играчи, но комбинирано се далеку од шампионскиот калибар, посебно кога во близина не е Фил Џексон.
Плејмејкер би решил многу работи, но за да донесеш квалитетен плејмејкер ќе треба да направиш голема жртва (а играчи кои единствено заслужуваат жртва се гореспоменатите ѕвезди)... Тип како Гилберт Аренас нема да реши ништо.

Апсолутно се сложувам дека Чикаго допрва треба да се докаже, ама неможеш да им го одземеш фактот дека се импресивни на двете страни од теренот. Сега нивен пех е што до финалето ќе мора да се чукнат со Мајами... јебига... Другото за булси ќе биде боза-боровница...
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.285
Поени од реакции
8.463
И тогаш Баба Ванѓа...
Од досега прикажаното, предсезона и вечерва .. Хит и Клиперс би играле финале според мене. Многу рано да се коментира но сепак. И ќе навивам за тоа финале, би било страшно.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Инаку сите што мрчеа за Роуз... ајде 2:23 саатот... време ви е за нанање...



П.С. Bold prediction... Орландо ќе ги тепа Оклахома...
шо значи дека ние Езерџииве треба да останеме будни нели !? Пошто не видов некој од нас да мрчи за МВП-то... :)
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
шо значи дека ние Езерџииве треба да останеме будни нели !? Пошто не видов некој од нас да мрчи за МВП-то... :)
Вие ќе си ги гледате комшиите од 04:30...
Домашна задача...
:)
--- надополнето: 26 декември 2011 во 02:41 ---
Од досега прикажаното, предсезона и вечерва .. Хит и Клиперс би играле финале според мене. Многу рано да се коментира но сепак. И ќе навивам за тоа финале, би било страшно.
Пардон... Што прикажаа Клиперс??? :coffee:
--- надополнето: 26 декември 2011 во 02:47 ---
Играчиве на Оклахома ми се како жилети од 1,90м просек...
Незнаев да употребам подобра метафора...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Пријателе во тоа не се сомневам... но Лејкерс се премногу плитки...
Ова е дааааллеееееккууууу од шампионски тим. Ова во моментов ми личи на пристоен плејоф тим кој може да даде солиден отпор на Оклахома или Далас...
Неможеш да спиеш на „талентот“ на Мекробертс, Ворлд Пис или на Блејк... Бајнам, Гасол и Коби се три сјајни играчи, но комбинирано се далеку од шампионскиот калибар, посебно кога во близина не е Фил Џексон.
Плејмејкер би решил многу работи, но за да донесеш квалитетен плејмејкер ќе треба да направиш голема жртва (а играчи кои единствено заслужуваат жртва се гореспоменатите ѕвезди)... Тип како Гилберт Аренас нема да реши ништо.
Плејмејкер би ги решил сите важни проблеми.

Сосема си во право дека Фил е тешко да се замени, ама сети се дека ова е горе-долу истиот тим кој зема две од последните три титули. Одом беше важен дел, ама и многу непредвидлив дел.
Далас беше (донекаде уште е) многу лош мечап за ЛА, за што пишувавме и порано. Најефикасниот пик анд рол скорер Новицки во комбинација со брз бек, кој да го браниш? Твоите бекови не можат да останат на својот човек а треба да го дуплираш и Новицки... Не дека тоа не се брани, како што ни покажа Мајами денес, туку едноставно ЛА нема ростер што може да го брани тоа.
Да го избегнеа ЛА Далас во плејофот, ќе беа трет пат шампиони. Мајами не може толку да ја искористи слабоста на ЛА.

Јас се надевав на Бајрон Дејвис, ама ни тоа не бидна. Многу сакав да го видам рукито Морис во игра денес. Ако продолжи вака во одбрана Блејк може и ќе го видиме Морис наскоро во игра.



Хауард премногу форсира, ОКС изгледаат добро.

П.С не можев да одолеам :) :
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Браво за Мекробертс и Марфи. Исто Ибенкс се покажа добро. Задоволен сум од прикажаното од нивна страна. Само да сум јас Мајк Браун, наместо Артест би го играл Мет Баренс. Артест не треба да го види паркетот, посебно не во ваква "форма", со извинување до зборот форма. А и Капоно можеше малку да се проба бе...

P.S Очајно ни треба плеј. Очајно.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Плејмејкер би ги решил сите важни проблеми.

Сосема си во право дека Фил е тешко да се замени, ама сети се дека ова е горе-долу истиот тим кој зема две од последните три титули. Одом беше важен дел, ама и многу непредвидлив дел.
Далас беше (донекаде уште е) многу лош мечап за ЛА, за што пишувавме и порано. Најефикасниот пик анд рол скорер Новицки во комбинација со брз бек, кој да го браниш? Твоите бекови не можат да останат на својот човек а треба да го дуплираш и Новицки... Не дека тоа не се брани, како што ни покажа Мајами денес, туку едноставно ЛА нема ростер што може да го брани тоа.
Да го избегнеа ЛА Далас во плејофот, ќе беа трет пат шампиони. Мајами не може толку да ја искористи слабоста на ЛА.

Јас се надевав на Бајрон Дејвис, ама ни тоа не бидна. Многу сакав да го видам рукито Морис во игра денес. Ако продолжи вака во одбрана Блејк може и ќе го видиме Морис наскоро во игра.



Хауард премногу форсира, ОКС изгледаат добро.
Во ред е тоа што го напиша.
Лејкерс се секогаш незгоден противник за било кого... поради репутацијата, поради Коби, поради историјата...

Но неможе Лејкерс вака да влезе во сезона - недовршени, недосредени, некомплетни.

Во сезона кога се играат 66 утакмици за 4 месеци неможеш да влезеш со клупа која не личи на ништо...Тоа можеби може да си го дозволи Клиперс, може да си го дозволи Њујорк...екипи кои шампионската титула им е оддалечена светлосни години... ама неможе да си го дозволи Лејкерс (кои секоја година одат на титула - со чест на сезоните кога неможат :)).

Во моментов (повторно без потценување) Лејкерс изгледаат како добро мезе за ОКЦ и ДАЛ... За екипите од истокот да не правиме муабет...

Сеуште чекам да се врати Бајнам, бидејќи сум прилично убеден дека Браун ќе воспостави некаква дефанзивна дисциплина, но не гледам како Лејкерс, со оваа екипа (да, дефинитивно ќе има промена до март - но без жртвување на Гасол и Бајнам, не и драстична) може да парира на длабоките тимови од лигата кои изгледаат моќно и остро.


П.С. Оклахома се многу , многу добри... Орландо изгледаат просто кажано - јадно...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom