NBA Сезона 2011/2012

  • Креатор на темата Креатор на темата GreenRoot
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ке започне НБА лигата со натпревари?

  • ДА! Ке се одиграат сите натпревари.

    Гласови: 19 16,8%
  • НЕ! Нема да со одигра ниту еден натпревар.

    Гласови: 24 21,2%
  • ДЕЛУМНО! Ке се играат помалку натпревари од предвидените 82 натпревари за секој тим.

    Гласови: 70 61,9%

  • Вкупно гласачи
    113
Сега ги гледав Клиперси на лига пас
Доста лошо изиграја се до последните 5-6 минути, кога Пол презеде се во свои раце, и на крајо +19 шо не би рекол заслужено, да види некој резултат ќе си речи ги сакатија а не беше така
Иначе Грифин и Пол доста слабо изиграја се до последните 5-6 минути кога Пол погоди 3 со ред а Грифин 2.
Се на се слаба партија на Клиперси, но пак победија, шо е добра вест. Лани вака да играја ќе изгубеа со +20
Батлер и Билапс доста солидни, макар шо Билапс многу го форсираше шутот, 19 шута имаше ако не се лажам а само 6-7 погоди. Мо добар од клупа.
Деандре фантастичен во одбрана, 8 блокади имаше, но мора да поработи на слободните, срамота е онака да се избрукаш 7 со ред да промашиш, дури и стратегијата хак-а-шек му ја праеа.
И многу лошо, Деандре и Блејк имаа само 4 дефанзивни скока цела утакмица
Од Г Стејт Ли и Биедринш беа добри, Елис и посебно Кари катастрофа
Немаше многу егзибиции како шо се очекуваше, а и кошарката не беше многу квалитетна. Се на се добра победа на Клиперси
 
не бе се заебавам!!!!..тоа е само мое размислвуање не знам што е тука чудно..и држи логика донекаде не е туку така трескано!
Да, ке држи логика кога ке објасниш зошто тој е Измислен за нив двајца. Вака....
Вака се само празни зборови.
 
Мислиш во плејоф серија Чикаго-Лејкерс тешко? Тоа би му дошло финале... така?

Инаку Лејкерс не беа така лоши... Кога ќе се врати Бајнам треба да бидат уште подобри.

Да се разбереме... тоа би му дошло доволно за 4-5 место на запад и 2 коло плејоф... Толту...

Без навреда... ако не успеат да го донесат Хауард, или барем да направат некакви саглам трампи... Лејкерс сезонава ќе биде исмејуван (не затоа што ќе биде лош, туку затоа што ќе биде далеку од добар)... Со овој тим во Чикаго губат 15 разлика, у што сакаш...

П.С. Коби дефинитивно требаше да ја додаде топката... ама Коби е Коби...
Не за џабе Ворлд Пис во финалето се радуваше на пресот дека коби му ја додал топката ретко се дешава тоа :)
 
Пријатееллее... Како му се ругав на world peace со другар ми во 2 по полноќ..
 
Каква играа им удрија на ,,шампиониве,, од денеска Новицки слободно може пиљара да си отвори.Секој втор напад беше украдена топка и куцање од контра.
п.с Лејкерси да си се отепаат, на чело со Гасол, 2 пати топка му бега во клучни моменти.
 
Kaко за фанови на Бостон би требало да ви е јасно, што значи темпирање на форма низ регуларна сезона и играње со повреди и без клучни играчи.

Малку да бевте реални ќе си кажевте дека сите очекувавте Лејкерси да бидат згазени без Бајнам, без Одом, со нов тренер наместо великанот Фил Џексон, со Коби кој не се знаеше дали ќе игра -а играше со пред два дена целосно скинати лигаменти на десната шутирачка шака... и „засилени„ со тројца белци од кои еден грееше клупа и кај вас.



ap-201112251923697864397.jpg
Ова е Коби Брајант, дами и господа.
Во кариерата има дадено и премногу вакви решавачки поени од неверојатни ситуации, за да биде свесен за лимитите на сопственото повредено и остарено тело. Похрабар е одколку што е тоа добро за него...



Факт е дека ако Лејкерси не промашеа 4-5 слободни фрлања во последната минута, ако судиите не досудија фаул врз Денг кој го немаше, ако се досудеше травелинг на Денг непосредно пред победничкиот шут на Роуз... Лејкерси немаше да изгубат.

Но тоа е веќе барање влакна, без разлика што навивам за ЛА, Чикаго победи и го заслужи тоа.
ЛА ако веќе потфрли, потфрли како тим.
Одбраната на Чикаго, а посебно во последните минути беше одлична. Не знам дали го слушнавте Тибодо како инструктира да се направи замката и која потоа Булси совршено ја изведоа врз Коби... ама за мене ова е знак дека Чикаго е спремен да стигне далеку оваа сезона. Имаат добар тренер, одлична одбрана и лидер кој може да го носи тимот во одлучувачките секунди.

Да повторам, браво и честитки за Булси.


П.С. Лејкерси секогаш губат на Божиќ, а да не биде дека напамет зборам, еве и еден клип за травелингот на Денг:
 
Термините од 2.30 и 4.00 ми се фатени со Далас-Денвер и со Лејкерс-Кингс
Дилемата е што да се гледа од 1 саат?

Нетс@Визардс?
Бакс@Бобкетс?
Рокетс@Меџик?
Репторс@Кавс?
Пистонс@Пејсерс?

Помош...
 
Термините од 2.30 и 4.00 ми се фатени со Далас-Денвер и со Лејкерс-Кингс
Дилемата е што да се гледа од 1 саат?

Нетс@Визардс?
Бакс@Бобкетс?
Рокетс@Меџик?
Репторс@Кавс?
Пистонс@Пејсерс?

Помош...
Пистонс - Пејсерс или Рокетс - Меџик. Барем јас би гледал нешто од ова.
 
Колаж од Хјустон-Орландо и Милвоки-Шарлот... иако и утакмиците со Кливленд и/или Вашингтон би требало да се подѕирнуваат заради рукијата.
 
Ајде вечер да го видиме Џимер против ЛА
 
MVP , по формата лани моментално најдобар играч во НБА !!:)

Моќно изгледа Чикаго со овој тим, а Чикаго треба да земат плеј макар и Аренас да го соберат, или Мо Вилијамс и така е вишак у Клиперс !
Не бе што ќе им е уште еден плеј, си го имаат С.Џ. Вотсон. :)
 
wadej.gif

--- надополнето: 26 декември 2011 во 20:37 ---
Термините од 2.30 и 4.00 ми се фатени со Далас-Денвер и со Лејкерс-Кингс
Дилемата е што да се гледа од 1 саат?

Нетс@Визардс?
Бакс@Бобкетс?
Рокетс@Меџик?
Репторс@Кавс?
Пистонс@Пејсерс?

Помош...
deron vs wall
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom