Марјан Ѓорѓиевски

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.518
Оооффф... ти видов во локација дека ти пишува Битола и се ми стана јасно.
Членот што го цитира го искористи за пример на гомнојадач, а Марјан кој јаде гомна за пијаници, комшии, глупи луѓе (овде не знам како не се навредивте вие обожавателите ко ви го пикна на многу директен начин), па за луѓе што слушаат ваква, таква музика... Најди ми еден клип на Марјан во кој не јаде гомна и тогаш ќе се повлечам од дискусијава. :tapp:
дали сметаш дека само ради тоа што сум од битола го бранам дечкото. прво битола не е некоја паланка од 5000 жители па да сите се знаеме. воопшто и не го познавам дечкото.
како второ некој ке се навреди од неговите клипови само ако го вреѓа вистината , што би рекле има премногу високо мислење за себе засновано на лага. сега дали и ти спаѓаш во луѓе кои ги вреѓа вистината или имаш ептен прозападно мислење за себе така да нашиот прост балкански менатлитет некако ти е туѓ незнам, но ако ми речеш дека никогаш и во ниеден негов клип се немаш препознаено во ниедна ситуација тогаш или си премногу млад или стварно животот тие монотон и досаден. така да и во првиот случај и во вториот би ти препорачал да се смешаш малце со луѓе, да не речам стани од пред компјутер и излези малце.
а и чудна дефиниција имаш за хумор. ај најдими некој добар хумор каде некој или некоја карактерна црта не се напаѓа или вреѓа, пример вицеви за плавуши или џандари црногорци боснаци и тн да не бројам.самиот хумор се заснова на тоа да се исмејува нешто и сега сите што се плавуши или што се полицајци или генерално земено треба да се вреѓаат или ??
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219

Ете го тој контра аргумент - ќе се навреди некој. Како, објасни ми, некој би се навредил од обичен клип на некој искомплексиран егоист? Ако не ми се свиѓа, не значи дека сум се пронашол во некое негово видео. О брате... јас се пронаоѓам себе си во филмови и во книги, во многу поскапоцени работи него ваков хумор. Мене балканскиот менталитет воопшто не ми е туѓ, напротив, многу добро го познавам и сум заклучил дека човек со тоа за да се шегува, треба да се шегува на многу суптилен начин. Уште еднаш ќе кажам на оваа тема, не е битно што ќе кажеш, битно е како ќе го кажеш тоа.
Ако јас стигнав на моиве Х години да се спознам себе си преку клипови на некој комичар, тогаш ќе пуштам сапун на сред Велмеј за кога ќе клекнам да ми го забиберат со ред. До толку ќе се казнам себе си.
Ако нормален човек одвои по 1 минута дневно за да размисли каков е и што е, него не му требат никакви прирачници за "пронаоѓање".

За реченицата дали треба да се смешам јас меѓу луѓе, како да се смешам кога според Марјан сите се оштетени на некој начин? :( Како ќе излезам навечер кога постојат пијаници, како да се дружам со комшии кога се напорни, како да одам на слави и визити кога се ретардирани и пред се, како, како да го напуштам компјутерот и да одам во реалниот свет кога е полн со "глупи луѓе"?

Ако мислиш дека хуморот се заснова на вреѓање и исмејување, тогаш искрено мислам дека годините што си ги пишал на профилот ти се лажни.
Ако навистина сакаш да знаеш каков хумор обожавам, репер ми е Луис Си Кеј.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.518
малце забегавме од темата ама ај.
што ти е тебе смешно, што ми е мене смешно и што му е смешно на 7 милијарди луѓе на планетата воопшто не е битно. секој со вкусовите. начинот на кој го исмејува нашиот менатлитет му е таков како што му е.
можеби требаше да биди копија на некој за да ти се допаѓа ??? тебе можеби не ти е доволно софистициран пошто ете ти се пронаоѓаш во многу пософистицирани нешта , филмови и книги и незнам што. во ред твое право.
искрено ни јас не се акам од смеење на сите негови клипови, не му се сите ремек дело или на ниво но и тоа не е битно.
не е ни битно тоа дека без разлика дали мене или тебе не ни се допаѓа, ако му ја следиме популарноста од тотален анонимус стана некој и нешто ни се допаѓало тоа нам или не. за да постигнеш таков успех за толку кратко време и при тоа ако ги следиме постовите тука само на форумот кој го окарактеризираја како ептен неспособен, аматер досаден и незнам каков тогаш се доаѓа до заклучок дека со дечкото нема никаков проблем, проблемот е во некои поедници кои се губат во просторот на мнозинстовото.
е тоа е она битното што ме натера да реплицирам некого а кое очигледно го имаш пропуштено или несакајки го имаш превидено. да не заборавиме дека си сепак модератор и дека во основа тоа и ти е работа да ги забележуваш таквите нешта.
 
Како тоа требало да биде копија за да ми се допаѓа? Искрено за да препознам кој чива копија е треба да имам големи познавања од нештата, а кога немам не коментирам, ама многу други кажале дека Марјан според нив е бледа копија на Жаре.

За болдот, па зарем не е јасно кои се најпопуларните луѓе во нашава држава? Боки 13, Амди Бајрам, Величе Шумуликоски, Џеј Џеј, Гоки од Муртино, Емин Брачед, Лофе од Ново Коњарево, сите се познати по нешто специфично, така да за да станеш популарен не е никаков проблем.
А и за последното, што има врска дека сум модератор? Јас сум на подфорумот Филм и Тв, што нема никаква врска со темава.
 
добро популарни се и Игор Џамазов ,Тони Михајловски и ред други, ама очигледно пак не ме свати што ми беше поентата на постот. за да не ја тупиме уште тука и да одиме офтопик и притоа да ги малтертираме другите можеме и на пп.
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Поштено ко опозиционер станал. Само сере и критикува се и сешто. Ко за инат почнал да ги прави видеата и по 9минути :pos:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Прво самото: stand up comedy боде очи. Стенд-ап комедија е кога ќе излезеш во живо пред публика. Тоа е најсуровата работа во шоу-бизнисот, нема бегање: излегуваш пред публика која на лице место или ќе ти даде стоечки аплауз или ќе те отера у три лепе. Ретки се луѓето кои успеваат во тоа и навистина треба голем талент и IQ затоа што ако работите тргнат во несакан правец потребна е моментална реакција за да ја врати наклонетоста на публиката. Им симнувам капа на тие што успеале во тоа, реков, не се многу.

Снимање клипови и аплоад на јутјуб не е стенд-ап комедија. Материјалот се снима се додека не излезе онака како што замислиле сценаристите, се монтира и се сервира како продукт. Тука и попросечни актери па дури и обични луѓе кои снимаат интересни работи можат да се снајдат. Има луѓе кои живеат од правење клипови кои се посетени и заработуваат од рекламите на youtube (не зборам за наши луѓе, не знам за таков кај нас).

Изгледав неколку клипови од дечково, се состојат во главно од имитирање луѓе во стилот на Ранко Рангелов и во принцип дирекно исмејување на некои појави. Не е мој тип на хумор, во принцип многу е примитивен. Потребно е комичарот да има изграден стил и да знае да долови поента која публиката не ја очекувала, а некогаш и да и препушти на публиката да го протолкува значењето на фората (суптилност). За мене Џорџ Карлин беше број 1, но за тоа си има посебна тема.

Во секој случај, за народ кој гледа шпанско/турски серии и слуша кич музика, дечково си е таман. Ко Џемо Биљбиљ на времето. Немам ништо против него, си работи, си има публика, му посакувам успех. Ама не е тоа тоа, се надевам дека во иднина навистина ќе имаме квалитет на ова поле.

Имаше една серија на ТВ, македонска, пред некое време, и го заборавив името. Режисерот беше Србин, гледав некаква прес-конференција и човекот најави дека снимаат нова комедија по европски терк, нова, модерна... и се израдував дека штом го викнале човекот од надвор и по она што го кажува, ќе видиме сит-ком барем блиску до некои стандарди, малку свеж хумор.

И видов една фамилија, прекубројна, напикана во еден стан, безработица, безпарица.... или поинаку кажано, Бољи Живот the sequel. Сакам да кажам: хуморот е отиден напред. Ние останавме.
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
...И видов една фамилија, прекубројна, напикана во еден стан, безработица, безпарица.... или поинаку кажано, Бољи Живот the sequel. Сакам да кажам: хуморот е отиден напред. Ние останавме.
Камо нешто такво да се направи уште еднаш... Би го гледал Бољи Живот уште илјада пати отколку да погледнам уште едно видео од „смешниве“ типови кои се појавуваат на нашиве медиуми.

Факт е дека Балканот и Македонија се специфично подрачје за хумор. Факт е дека обичниот народ овде се служи со иронија и црн хумор повеќе отколку секаде во светот. За жал, факт е и дека кај нас многу често поминува кич-хумор кој се базира на квази-имитирање или пак на кажување „масни“ штосеви.

Бивша Југославија во нејзините златни години на телевизијата и филмот изгради еден завиден репер за тоа како се пласира хуморот онаков каков што е во реалноста - суров и едноставен, но истовремено луциден и симпатичен.

Ко то тамо пева, Маратонци, Бољи Живот, Среќни Људи, Балкански Шпиун... смееле генерации на луѓе од срце. Нешто што новиве „комичари“ можат само да го сонуваат.

Денеска за жал младиве генерации ги скокаат овие филмови и серии (што поради јазичната бариера, што поради прогресивниот западен хумор), па така денеска примери за „добар“ хумор се типци како овој од темава или Тони Михајловски кои со оној другиот тип напушени се смеат во емисија.

Бидејќи златното време помина, а на регионов веќе не му е толку до смеење, мораме хуморот да го бараме во Америка или Британија, патем дексајќи ги ваквите ликови кои сепак наоѓаат сопствена публика која ги следи...

Има еден добар термин од социлогот Драган Коковиќ наречен „Пукотине Културе“. Ние сме класична дефиниција за такво нешто, заедно со грото од пост-комунистичките земји...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Скраја да е, не ги споредив двете серии по квалитет. Туку очекував нешто инвентивно, нови современи ликови, претежно млади, па некоја урбана приказна итн... а добивме што: натрупана фамилија, стечајци, невработени, пензионери... башка ужасен хумор. Инвентивност нула.

Тоа ми беше муабетот, да не одам оф-топик.
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Скраја да е, не ги споредив двете серии по квалитет. Туку очекував нешто инвентивно, нови современи ликови, претежно млади, па некоја урбана приказна итн... а добивме што: натрупана фамилија, стечајци, невработени, пензионери... башка ужасен хумор. Инвентивност нула.

Тоа ми беше муабетот, да не одам оф-топик.
Те разбирам. Се сложувам.
Јас постојано викам: Со вакви работи кои ни се случуваат во државава има неисцрпен материјал за литература, филм, театар, па и хумор... Меѓутоа за се тоа да личи на нешто сака малку повеќе од импровизација.
Ух какви добри серии би можеле да паднат со темите како стечајци, невработени, пензионери... Само треба некој да го напише сценариото, некој треба да го направи дијалогот и некој треба да го одглуми тоа. Се разбира, некој треба и да го плати тоа - а кај нас одомаќено е тоа дека оној кој плаќа е газда!
Е па нема така добар хумор... Па нека пукнат ако сакаат...
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Дојдов на темава за да видам дали сум единствениот што не го капира хуморот на типот. Мислев да не е до мене. Среќа, не било.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Прво самото: stand up comedy боде очи. Стенд-ап комедија е кога ќе излезеш во живо пред публика. Тоа е најсуровата работа во шоу-бизнисот, нема бегање: излегуваш пред публика која на лице место или ќе ти даде стоечки аплауз или ќе те отера у три лепе. Ретки се луѓето кои успеваат во тоа и навистина треба голем талент и IQ затоа што ако работите тргнат во несакан правец потребна е моментална реакција за да ја врати наклонетоста на публиката. Им симнувам капа на тие што успеале во тоа, реков, не се многу.
Во право си. Стенд ап комедија е токму соочување со публика, која кај нас не е секогаш наклонета. Од лично искуство тврдам дека секогаш има некој паметен кој сака да се направи фраер/ка и дофрла на комичарот, па ако не ти работи мозокот сто на саат, можеш да наебеш дебело.

Но поопасно од дофрлање од публика е публика која е „мртва“. Ти кажуваш шеги, они ќутат, ги р`чкаш ќутат и те гледаат ко теле во шарена врата. Тогаш почнуваш да се препотуваш, се мислиш дали си кажал убаво, да не не е јасно нешто, али тоа ти е, народот е навикнат на прост хумор и се лути ако ги земаш нив за пример.

Инаку знаеш на што највеќе се смеат: на пцовки (пичку матер, ај у курац, да ти ибам), кур, пичка, цицка и сл. безобразлуци, така да ако не протнеш барем некој ваков збор цело време ќе те гледаат немо.

Како што си кажа прост народ - прост хумор.
 
В

Вори

Гостин

Ја ова го кажав уште тогаш кога бев на настап од Марјан.Курот да им го извадеше ќе се умреа од смеење.Без разлика на должината и широчината.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Ја ова го кажав уште тогаш кога бев на настап од Марјан.Курот да им го извадеше ќе се умреа од смеење.Без разлика на должината и широчината.
Тоа е друже, што да правиш. Не знам зошто толку палат пцовките, ама народ се гази од смеење на нив. И ако си комичар на народот му го даваш да го чуе тоа што сака да го чуе. Тоа ти е исто ко кафанска певаљка, само што на комичарите не им лепат бакшиш. ;)
 
P

PewDiePie

Гостин
Поштено ко опозиционер станал. Само сере и критикува се и сешто. Ко за инат почнал да ги прави видеата и по 9минути :pos:
И тоа а и плус се гледа дека е искомплексиран дебил,во последнив клип 100 пати се промовираше себе во личност на годината,па комедијант кој го викнале во новогодишна емисија да ги засмее. ДЕМЕК на шала. :tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom