Дали свинското месо е забрането во христијанството?

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Кон топикот на темава:

-Од сите верници во светот, христијаните најмалку ја познаваат својата религија.:свиркам:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Кон топикот на темава:

-Од сите верници во светот, христијаните најмалку ја познаваат својата религија.:свиркам:
Па, не би рекол. Јеховините сведоци и евангелистите (пр. Чорба) се опако потковани. Исто, не би се сложил дека црнцине по бандите низ САД кои се муслимани по вероисповед се многу попотковани од Аце наш од прилепско кој е ново-православен-еден-единствен-вистински-неадвентист.

Понатаму, има пун курац хиндуси кои освен што редовно се откачуваат на тоа празниците и журките, два реда немаат прочитано од ведите, од проста причина што се неписмени. Истото важи и за сериозен дел од муслиманите - не си фрлај многу-многу чатал.

На пример, од 7 земји со најголем јаз во писменоста помеѓу мажите и жените, 5 се исламски земји. Останатите две се Централната Афричка Република и Етиопија.

Понатаму, од 28-те најниско рангирани земји во поглед на писменоста на жените, 20 се исламски држави. (извор)

Сеа ти види колку жените можат да ја познаваат својата религија кога воопшто не можат да ја прочитаат. Можеш што сакаш да им „продадеш“. Што и се гледа, нели. Пази ја само уткава.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
9
нема никаква забрана за јадење свинско или било каква храна
освен во посебни случаи

1 Коринтјани: 8:13 Затоа, ако јадењето го соблазнува мојот брат, нема воопшто да јадам месо довека, за да не го соблазнувам својот брат.

значи збори за секакво месо

Римјаните: 14:21 Добро е да не се јаде месо, ниту да се пие вино, ни да се прави нешто, поради што твојот брат се сопнува или соблазнува, или слабее.

ПОСТОТ - ВОЗДРЖУВАЊЕ ОД ХРАНА ИЛИ БИЛО КАКВО ЈАДЕЊЕ СЕ НАРЕКУВА ЛАЖНА СТРОГОСТ кон биолошко тело , ЛАЖНА ЗНАЧИ МЕХАНИЧКА ВЕРА , ЛАЖНА ДУХОВНОСТ

КОЛОШАНИТЕ 2

20 ....., зошто позволувате да ви се определуваат прописи, како да живеете во светов:

21 ”Не фаќај! Не вкусувај! Не допирај!”

22 сè што пропаѓа со употреба - според човечките заповеди и учења;

23 сè ова изгледа-привидна мудрост, што се состои во самоволна ЛАЖНА побожност и понизност и во непоштедна НЕПОТРЕБНА строгост кон телото, а не во нешто чесно, туку само заради задоволување на телото.

ете написмено е напишано :
јадење ваква или таква храна нема врска со никаква вера , ништо заедничко со духовност .Тоа се обични човечки измислици....драпешници .
.
.
.
.

само оваа духовност и вера се признаваат :

Дела Ап.: 2:44 А сите кои ПОВЕРУВАА беа заедно и сè им беше општо.
4:4 А мнозина од оние, кои го чуја словото, поверуваа, така што бројот на мажите се зголеми до пет илјади.
4:32 А множеството на оние, кои ПОВЕРУВАА, имаше едно срце и една душа, и никој не велеше дека нешто од неговиот имот е негово, туку сè им беше општо.
33 Апостолите сведочеа многу силно за воскресението на Господа Исуса и голема благодат беше над сите нив.

34 И никој меѓу нив не беше во скудност, зашто сите, кои имаа ниви и куќи, ги продаваа, а цената на продаденото ја донесуваа и ја ставаа пред нозете на апостолите.

35 И секому му се даваше колку кому му беше потребно.


ЕТЕ НАПИСМЕНО Е ЗАПИШАНО ШТО Е ВЕРА И ДУХОВНОСТ САМО ОВА СЕ ПРИЗНАВА
А НЕ НЕКАКВИ ДРАПАНИЦИ ШТО НЕ НЕКОГО МУ ПРДНАЛО НА ПАМЕТОТ ДА ОГРАНИЧУВА ШТО СМЕЕ А ШТО НЕСМЕЕДА СЕ ЈАДЕ
интересно за еден атеист значи знаеш за што дошол христос...
--- надополнето: 2 јануари 2012 во 10:46 ---
само пази на зборовите.....за секој кажан збор ке ни биде судено
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ако веруваш во Исус, нема да јадеш свинско, ќе се обрежуваш ќе почитуваш сабота нема да му се клањаш на икони, ако веруваш во Павле, ќе јадеш се, нема да се обрежуваш нема да почитуваш сабота и ќе бацуваш и му се молиш на слики и статуетки
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.830
Поени од реакции
2.922
според библијата, христијаните е забрането да јадат свинско,ама ете се полакоми затоа што е вкусно и после на крај докторите им забранува на пациентите да јадат свинско за да не добијат инфаркт и шлог;) поентата е докторите сега ни откриват дека свинското е
штетно по здравјето е тоа е веќе е ,,дежа ву,, уште на времето на Мојсеј и Библијата ни кажува забрането е да се јаде свинско месо:);)
и се поставува прашањето за што ни служи свињата? Свињата служи како чистачи во депонија;)
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.830
Поени од реакции
2.922
Немој за докторите.
Ова важи само за лицата со зголемен холестерол, не за сите.
тоа е точно за оние високиот холестерол , а знате ли како се добива високиот холестерол??? од нездравиот начин на исхрана тука спаѓа и свинското;)
 
T

Tetro

Гостин
тоа е точно за оние високиот холестерол , а знате ли како се добива високиот холестерол??? од нездравиот начин на исхрана тука спаѓа и свинското;)
Повеќе улога игра консумацијата на алкохол, отколку чистото свинско месо, ама да се држиме до насловот на темата.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
според библијата, христијаните е забрането да јадат свинско,ама ете се полакоми затоа што е вкусно и после на крај докторите им забранува на пациентите да јадат свинско за да не добијат инфаркт и шлог;) поентата е докторите сега ни откриват дека свинското е
штетно по здравјето е тоа е веќе е ,,дежа ву,, уште на времето на Мојсеј и Библијата ни кажува забрането е да се јаде свинско месо:);)
и се поставува прашањето за што ни служи свињата? Свињата служи како чистачи во депонија;)
Според библијата и зајакот не смее да се јаде.
Ај едно објаснување зајачкото месо што проблеми прави кај човекот?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Според библијата и зајакот не смее да се јаде.
Ај едно објаснување зајачкото месо што проблеми прави кај човекот?
Не го разбираш трикот за недезволеното јадење на месо.
Според религијата, господ го создал живиот свет и како јадење ни ги оставил плодовите од растенијата, додека животните не треба да ги јадеме. Јас така го толкувам тоа не дека ке ни штети месото на нас туку дека е греота да колеш живо суштество за да ја задоволи потребата за храна. За да не страда некое живо суштество поради твојата глад, постои и друга храна која ни доаѓа како плод од некое растение ние го нарекуваме зеленчук и овошје, и со консумирање на ваква храна не наштетуваме на никој, едноставно растението раѓа, за потоа неговиот плод да биде обран од нас или од некое животно и изеден. Тоа е целта на постоењето на растението.
Жалното е што растението си знае која е неговата цел на неговото постоење, додека ние луѓето како суштества со највисок потенцијал на интелигенција уште не знаеме зошто постоиме и кон што треба да целиме во животот. А едно е сигурно, дека омразата, скржавоста и алчноста нема да не доближат до осознавање на нашата смисла за постоење. Ниту пак религијата ке не доближи кон таа цел, 2012 години не успеала а и уште толку АКО опстане нема да успее.
Мораме да го смениме целиот систем на функционирање на луѓето почнувајки од пирамидалната организација во сите полиња, да бидеме посвесни за акциите кои ги превземаме и да го доведеме светот во понормална состојба.
Малку офф...
Мислам дека затоа во сфрј сите викаат дека се живеело подобро, бидејки немало толкава разлика помеѓу класите на луѓето, богати и сиромашни, имало подобар баланс на средствата односно сите луѓе имале доволно за нормален живот и малку повеќе од тоа, и тоа ги правело среќни и задоволни.Исто така се чувствувале безбедни од физички повреди, имало јака милиција во тоа време. Секој човек има потреба од две работи, безбедност и материјална стабилност.Додека сега има или богати или сиромашни ,многу ретко да се најде некоја фамилија со некакви средни примања кои ке им овозможат да имаат се за нормален живот без сериозни проблеми. И затоа постои голем револт кај граѓаните, нервоза, самоубиства, криминал и сл, работи што не водат никаде.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
9
според библијата, христијаните е забрането да јадат свинско,ама ете се полакоми затоа што е вкусно и после на крај докторите им забранува на пациентите да јадат свинско за да не добијат инфаркт и шлог;) поентата е докторите сега ни откриват дека свинското е
штетно по здравјето е тоа е веќе е ,,дежа ву,, уште на времето на Мојсеј и Библијата ни кажува забрането е да се јаде свинско месо:);)
и се поставува прашањето за што ни служи свињата? Свињата служи како чистачи во депонија;)
Господ вели ..не е нечисто тоа што влегува низ устата туку тоа што излегува....колку и да се чуваш од јадења ако некого навредиш си го промашил наравоучението,инаку јас знам дека се ми е дозволено од Бога само се не е полезно за мене и не сакам да експериментирам со нешто што може да ме одвои од Бог....
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.032
И ние сме живееле во такви услови каде свинското од жешко се расипувало, и ги сечеле долу дека ретко бањање а жешко и инфекции и слично па после сето тоа преминало во традиција и начин на живот и еве денес е свето? Незнаев. Aма треба, шо.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Свинското не е забрането во Христијанството.
Не ми е јасно што е тука не јасно. :)

Или темава се претворила во тоа дали треба воопшто да се јаде месо?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Навистина значајно прашање. Дали свинското месо е забрането да се јаде во христијанството. Тема чија важносот единствено ја надмунува темата со прашањето дали ако слушате рок музика сте поклоници на Цацко...

Дубока тема, метафизичка...

:facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom