oon,
Секој сојуз си носи свој терет. Прашање е колку етиката ќе ни дозволи како луѓе да премижиме преку некои злосторства што се сторени. Признанието покажува и покајание, а непризнавањето раѓа сомнеж за задни намери. Не оди подалеку, и во Македонија има Ерменска заедница, што потекнува од тој геноцид. Оди соочи се со нив и прашај ги нека ти ги раскажат приказните на нивните баби и дедовци, и на нив речи им дека тоа е лага, дека никој не ги избркал од дома ниту им ги силувал и масакрирал роднините, кажи им дека тоа ги лажат комунистите.
За тоа дека жртвите биле Ерменци како дел од војската на Русија нека лажат други, бебиња, деца, жени, старци, силувања, колења, нечовечост, докажана суровост, не само врз Ерменците, во истиот период е истребено над 4.000.000 Православно христијанско население од Мала Азија и со тоа Мала Азија станува 100% муслиманска. Притоа еден цел народ буквално е целосно уништен, Асирците.
Не исчезнале тек така они, не извршиле харикири, биле масакрирани. Тоа бил геноцид од религиозен карактер.
Тоа што Турција не го признава тоа, мене ми дава за право да се запрашам, кои се вистинските намери на оваа држава.