Едно прашање, може се однесува и на темата за софтвер ама и хардвер е умешан. Со мојот ПЦ имам поврзано Surround System и тоа преку оптички кабел. Е сега некогаш, да речам почесто, кога на системот имам поврзано слушалки ми се појавува некој шум во позадина. Нешто наликува како на телевизорите кога има снег, што значи не е чист звукот. Пробав директно да ги поврзам слушалките со ПЦто, нема никаков проблем. Пробав системот да го користам без слушалки, пак нема проблем. Некогаш знае да се појави на Youtube песна, но некогаш се појавува рандом. А после неколку песни пак се оправа звукот.
Проблемот е што немам никаква претстава до што може да е. Има некој некаква идеа да ми даде, и што да пробам дали ќе се оправи?