Ако се иселува само еден народ , тоа веќе треба да се испитува , зошто , дали се работи за државна политика за да се направи тихо етничко чистење , преку економска дискриминација.
Јас разбирам да се иселуваат од Дебар , Пехчево , Кратово , Демир Хисар ... Но не можам да разберам иселување од Струга , туристички град , на рамен терен , не се работи за планински предел ... да се иселуваат од Полог ... Скопје ..Струмица .. тука веќе се работи за економска нерамноправност која е создадена од човекот, не се работи за некоја природна препрека.
Сега ако 30% од албанците, турците , бошњаците се иселиле , додека кај македонците само 5% ... јас би рекол дека намерно се принудуваат тие првите да се иселат.
Еве ги и податоците од Албанија , иселувањето ја зафатило отприлика целата држава и сите етнички заедници, освен 2-те најзначајни градови.
Во Македонија има 22.000 лица со високообразование , а сепак невработени , чекаат и чекаат , полнат години ... џабе што ќе чекаш , толку е пазарот , тешко се отвараат нови работни места ... мора надвор.