Road to Avonley! Back to 1998-99, есен, зима, рано наутро...Се будиш и се смрзнуваш, а на школо НЕ ТИ СЕ ОДИ, ама Road to Avonley ќе си го направи своето за да ти тргне денот...
Ме асоцира на 5-6 одд, ладно и замрзнат прозорец + седење на печка за да се згрееш и топло млеко со кифлички, надвор - сив ден, а внатре - жива смеа со ликовите!

Ми текнува уште на првата епизода, кога ја донесе татко и на Сара во Avonley - колку ја нејќев Хети тогаш! (btw, после ми стана омилен лик! Ви текнува на епизодата кога Феликс и Сара (кои беа многу здружени) ја лажеа Фелисити дека всушност е заменето дете и дека родителите не и се родители? Колку се смеев! Или кога им дојде на посета една тетка за која по грешка мислеа дека е глува, па се дереа за да се разберат со неа, а тетката - бидејќи многу викаа, мислеше дека они се глуви!
Цело едно детство, цел една бура од спомени ми враќа патот кон Авонли! Да можам, таму ќе се преселам, за да живеам со тие ликови!
Патот кон Авонли, пат кон многу затскриени спомени кои копнеат да бидат оживеани...сакам ПАК!