Кој дел не ти се допаѓа и не сум во право? Не сум во право дека не може од ништо да направиш нешто?
Не сум во право дека многумина декларирани атеисти, не се она што дефиницијата за атеизам вели?
Дека Религискиот концепт и концептот биг-бенг абиогенеза се исти?
Дека доста декларирани атеисти ми реплицираа со .... ама науката?
Дека доста атеисти се повикуваат на науката? Дури еден доказите за абиогенеза ги бараше во фосилните остатоци, што е смешно.
Ајде кажи што точно не сум во право по која од тие точки?
Не знаеш колку многу години на на колку многу разноразни деца од родниниве сум им држел дополнителни часови, имам стекнато неверојатно трпение.
Ајде повторно: темата ти гласи: „Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?“. Сега отвори енциклопедија и види што пишува под зборот атеизам. Отприлика пишува ова: „Атеизмот е заснован на отфрлање на идејата за постоење Бог“. Атеизмот не е заснован на наука, ниту на вера. Заклучок: не си во право и насловот на темата ти е утка.
Првата реченица од твојот прв пост гласи: „Со години слушам прикаски дека атеизмот е заснован на необориви докази...“
Не бе злато, прикаските што си ги слушала се погрешни - атеизмот не е заснован на необориви докази, туку на здрав разум. И абориџинецот од некоја пустелија во срцето на Австралија може да биде атеист, иако не знае што е тоа наука.
Од твојот последен пост: „Не сум во право дека не може од ништо да направиш нешто?“
Не си во право, а ако сакаш да дискутираме за тоа, немој тука туку повели во друга тема - Креационизам или отвори некоја слична тема.
Во право си за ова: „Не сум во право дека многумина декларирани атеисти, не се она што дефиницијата за атеизам вели?“, но истото важи и за скоро сите декларирани верници - не се баш пример за дефиниција за вистински верник. Како и да е, ова нема врска со темата.
„Дека Религискиот концепт и концептот биг-бенг абиогенеза се исти?“
Не се, а башка абиогенезата нема врска со биг-бенгот. Понатамошна дискусија за ова - отвори соодветна тема.
„Дека доста декларирани атеисти ми реплицираа со .... ама науката?“
Тие атеисти не ја знаат дефиницијата за атеист. Ама и некој убиец можеби не ја знае правилната дефиниција за револвер, ама знае да го употребува.
„Дека доста атеисти се повикуваат на науката?“ Дури еден доказите за абиогенеза ги бараше во фосилните остатоци, што е смешно.
Тоа не ја негира дефиницијата за атеист. А за абиогенезата можеме да расправаме ако отвориш таква нова тема, не тука.