Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Член од
15 декември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
Ако не веруваш во ниеден од тие 5000 концепти значи и ти си атеист.
Сега биди добра и објасни ни на што се заснова твојот атеизам?
Не се гледам себе во атеисти, пре би рекла дека сум агностик. Скептичноста е она што ме тера да не верувам. Ни во научнот ни во теолошкиот бог.
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Кој дел не ти се допаѓа и не сум во право? Не сум во право дека не може од ништо да направиш нешто?
Не сум во право дека многумина декларирани атеисти, не се она што дефиницијата за атеизам вели?
Дека Религискиот концепт и концептот биг-бенг абиогенеза се исти?
Дека доста декларирани атеисти ми реплицираа со .... ама науката?
Дека доста атеисти се повикуваат на науката? Дури еден доказите за абиогенеза ги бараше во фосилните остатоци, што е смешно.

Ајде кажи што точно не сум во право по која од тие точки?
Не знаеш колку многу години на на колку многу разноразни деца од родниниве сум им држел дополнителни часови, имам стекнато неверојатно трпение.
Ајде повторно: темата ти гласи: „Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?“. Сега отвори енциклопедија и види што пишува под зборот атеизам. Отприлика пишува ова: „Атеизмот е заснован на отфрлање на идејата за постоење Бог“. Атеизмот не е заснован на наука, ниту на вера. Заклучок: не си во право и насловот на темата ти е утка.

Првата реченица од твојот прв пост гласи: „Со години слушам прикаски дека атеизмот е заснован на необориви докази...“
Не бе злато, прикаските што си ги слушала се погрешни - атеизмот не е заснован на необориви докази, туку на здрав разум. И абориџинецот од некоја пустелија во срцето на Австралија може да биде атеист, иако не знае што е тоа наука.

Од твојот последен пост: „Не сум во право дека не може од ништо да направиш нешто?“
Не си во право, а ако сакаш да дискутираме за тоа, немој тука туку повели во друга тема - Креационизам или отвори некоја слична тема.

Во право си за ова: „Не сум во право дека многумина декларирани атеисти, не се она што дефиницијата за атеизам вели?“, но истото важи и за скоро сите декларирани верници - не се баш пример за дефиниција за вистински верник. Како и да е, ова нема врска со темата.

„Дека Религискиот концепт и концептот биг-бенг абиогенеза се исти?“
Не се, а башка абиогенезата нема врска со биг-бенгот. Понатамошна дискусија за ова - отвори соодветна тема.

„Дека доста декларирани атеисти ми реплицираа со .... ама науката?“
Тие атеисти не ја знаат дефиницијата за атеист. Ама и некој убиец можеби не ја знае правилната дефиниција за револвер, ама знае да го употребува.

„Дека доста атеисти се повикуваат на науката?“ Дури еден доказите за абиогенеза ги бараше во фосилните остатоци, што е смешно.
Тоа не ја негира дефиницијата за атеист. А за абиогенезата можеме да расправаме ако отвориш таква нова тема, не тука.
 
Член од
15 декември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
...................

На сите прашања местото им е тука и никаде на друго место, ако ти се дискутира повели, со дискредитирање, нема да ме поколебаш. Не знам зошто толку гнев спрема моите постови.
Твоето име има врска со твојата определба? Атеист си или Антитеист?
 
G

galaxy

Гостин
...
Твоето име има врска со твојата определба? Атеист си или Антитеист?
Пак со дефинирање? Исто ти се фаќа, атеист, антитеист, агностик...
Во свет во кој постојат религии кои имаат правила и концепт кои нивните следбеници ги сметаат за непогрешливи и врвни, не е битно која ти е филозофијата после одлуката дека не ги признаваш за врвни и непоглрешливи принципите на религиите.
Се` понатаму се темели на разумот на луѓето и на индивидуалниот пристап кон светот.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не се гледам себе во атеисти, пре би рекла дека сум агностик. Скептичноста е она што ме тера да не верувам. Ни во научнот ни во теолошкиот бог.
Ти си атеист Кеико. Без разлика дали не веруваш во теолошкиот бог и дали ти е поблиска идејата на биг бенгот, холограмски проекции или сосема десетта работа, ти си атеист. Атеизмот е отфрлање на божества, а ти ги отфрлаш.

Втора работа, не е ли малку лицемерно да ги отфрлаш нашите причини за неверување, кога ќе ти каже некој дека не верува поради здрав разум, перцепција на светот итн... а си земаш за право да го поставиш скептицизмот како единствена добра причина за неверување, само затоа што ти си скептик? А на сите нас да ни наметнеш други, дополнителни причини за неверување.

Атеист си Кеико. Сега DBack ќе ти ја залепи сликата за атеисти агностици. 5,4,3,2.... :)
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
На сите прашања местото им е тука и никаде на друго место, ако ти се дискутира повели, со дискредитирање, нема да ме поколебаш. Не знам зошто толку гнев спрема моите постови.
Твоето име има врска со твојата определба? Атеист си или Антитеист?
Нема никакво дискредитирање ниту гнев, јас ти понудив аргументи - а ти не ми одговори на ниту еден (од претходниот мој пост, малку погоре) Одговори прво на нив, па потоа ќе разговараме за биг-бенгот, абиогенезата и за се што ќе посакаш. Ама по ред, да не се расплинуваме. Еве за почеток: најди дефиниција за атеизам од некоја книга/енциклопедија/речник и препиши ја тука, да споредиме со она што досега си го напишала.
Јас сум и антитеист и атеист - тие две меѓусебно не се исклучуваат, напротив.
И да, ја користам науката, но не затоа што сум атеист. Тие две се независни едно од друго.
Има и верници кои ја употребуваат науката. Тоа па особено нема врска едно со друго.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Теолошки концепт кој и да е, јудејски, христијански, муслимански, индиски... е ист Некој си и некаков бог е одговорен за креирањето на се’ што не опкружува.
2. За информација.... не сум припадник на ниедна религија
3. б) Научниот пристап кој јас го критикував е биг-бенг/абиогенеза, на кој најмногу атистите веруваат (велам најмногу, не сите, можеби ти не си во тие). за тој концепт велам дека е ист со теолошкиот.
4. абиогенезата неоганска материја сама од себе одлучила да се организира во органска креирајќи ДНК, органи и тн.
5. Не ми се свиѓа ниеден концепт од илјадниците (5000 и кусур досега) и во ниеден од нив не верувам ти кажав и погоре и ниеден од нив не е точен
6. Вистионата е на сосем трето место, јас не знам каде, но некаде е. Зошто мора да е еден од тие концепти?
7. Позната ти е теоријата за Холограмска парадигма? Што би рекол на тоа? Или нешто сосем 10то?
1. Не е точно. Постојат различни претпоставки за настанокот. Не секогаш „некој си бог“ одлучил да креира. Постојат варијанти: ex nihilo (од ништо), од хаос, со понирање, со пораѓање од други светови, сонување, распарчување на божествено битие, со составување на божествени битија, раскажување... Листата е практично бескрајна. Повели еден сајт и уште еден поинтересен сајт каде ваквите приказни се збрани на купче. Те молам барем разгледај ја содржината.
2. Баш ми е мило.
3. Концетпот на Абиогенеза не е ист со теолошкиот. Претпоставувам дека недоволно го разбираш. За почеток, можеш да прочиташ тука. Ако си посериозна - тука.
4. Ова е најчестата заблуда од незнаење. Неорганската материја не одлучила да се организира во органска. Ниту во Абиогенезата, ниту во Теоријата на еволуција никаде не станува збор за НАМЕРА. Тоа ти се меша од религиите. Луѓето се тие кои бараат намера и кога нема да ја најдат - ќе ја измислат. Па раскажуваат приказни - кликна ли на поинтересниот линк?
5. Епа честито атеизам, другарице, and welcome to the club.
6. Зошто мислиш дека мора да е на трето место? За помалку од 100 години претпоставки и истражувања, во лабораториски услови се веќе синтетизирани делови од РНК. Со сегашниот развој на технологиите, не е далеку денот кога ќе се синтетизира и комлетна ДНК. Сите овие откритија се врз основа на претпоставките на Абиогенезата.
7. Позната ми е. Интересна е, но е бескорисна во случајов. Холограмската парадигма го опишува светот каков што смета дека е. Не се замара со тоа како настанал.
--- надополнето: 22 декември 2011 во 17:57 ---
Не се гледам себе во атеисти, пре би рекла дека сум агностик. Скептичноста е она што ме тера да не верувам. Ни во научнот ни во теолошкиот бог.
Кој е научниот бог?
 
Член од
15 декември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
Нема никакво дискредитирање ниту гнев, јас ти понудив аргументи - а ти не ми одговори на ниту еден (од претходниот мој пост, малку погоре) Одговори прво на нив, па потоа ќе разговараме за биг-бенгот, абиогенезата и за се што ќе посакаш. Ама по ред, да не се расплинуваме. Еве за почеток: најди дефиниција за атеизам од некоја книга/енциклопедија/речник и препиши ја тука, да споредиме со она што досега си го напишала.
Јас сум и антитеист и атеист - тие две меѓусебно не се исклучуваат, напротив.
И да, ја користам науката, но не затоа што сум атеист. Тие две се независни едно од друго.
Има и верници кои ја употребуваат науката. Тоа па особено нема врска едно со друго.
Веќе одговорив барем неколку пати прочитај ги моите постови не се многу педесетина се, не се фаќај само за првиот, кој што беше мала провокација. И не е воопшто исто дали атеист или антитеист. Штом си толку љубител на дефиниции. Ако си Антитеист, тогаш ти треба да го докажеш непостоењето на бог, кое е невозможно.

Ти си атеист Кеико. Без разлика дали не веруваш во теолошкиот бог и дали ти е поблиска идејата на биг бенгот, холограмски проекции или сосема десетта работа, ти си атеист. Атеизмот е отфрлање на божества, а ти ги отфрлаш.

Втора работа, не е ли малку лицемерно да ги отфрлаш нашите причини за неверување, кога ќе ти каже некој дека не верува поради здрав разум, перцепција на светот итн... а си земаш за право да го поставиш скептицизмот како единствена добра причина за неверување, само затоа што ти си скептик? А на сите нас да ни наметнеш други, дополнителни причини за неверување.

Атеист си Кеико. Сега DBack ќе ти ја залепи сликата за атеисти агностици. 5,4,3,2.... :)
Агностицизам (грчки: Αγνωστικισμός непознат, неспознаен) е израз што опфаќа мошне различни правци како трансценденталниот идеализам, позитивизмот и др што го застапуваат гледиштето дека стварноста не може да се спознае. Од религиозна гледна точка агностицизмот се наоѓа помеѓу теизмот и атеизмот. Агностичари тврдат дека не може да се спознае дали навистина постои Бог или не. Тие всушност се сомневаат во сѐ и дел од нив претставуваат вид скептичари. Прв пат овој термин го употребил Томас Хаксли, а најпознат философ со агностички ставови е Дејвид Хјум.

Еден од првите застапници на агностицизмот е Протагора кој, во своето дело „За боговите“ напиша: „Во врска со боговите, јас немам средства да знам дали тие постојат или не или од кој вид се тие, поради опскурноста на материјата и краткоста на човечкиот живот.“
Прочитај го болдот извор: http://mk.wikipedia.org/wiki/Агностицизам

или

ag·nos·tic
1.
a. One who believes that it is impossible to know whether there is a God.
b. One who is skeptical about the existence of God but does not profess true atheism.
2. One who is doubtful or noncommittal about something.

Извор: http://www.thefreedictionary.com/agnostic
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Шо тресиш зелени бе машко? Знаеш што е атеизам? Шо е тоа Демон? Измислено твое пријателче?
Атеизмот потекнува од демонот. Демонот го измислил за да не веруваат лиѓето во Бог. А кој не е со Бог ќе биде со демонот без разлика дали е сатанист агностик или атеист.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Па што не кажеш така, сега е појасно...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеизмот потекнува од демонот. Демонот го измислил за да не веруваат лиѓето во Бог. А кој не е со Бог ќе биде со демонот без разлика дали е сатанист агностик или атеист.
Жити се.... Мајка ти ли те излажа така? Или попот?

Јас ни Демон ни Бог имам видено. Ти си ги видел? Да не ти беа на свети никола на гости тие двајца?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom