Помош за избор на лаптоп

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Полоши се Toshiba и Lenovo, отколку Acer и Asus.
како е ова могуче не ми е јасно. Сега пред да земам лаптоп секаде каде што читав за ацер имаше погрдни зборови, и за асус исто така само за некој хи енд добри. Така да врска нема оваа твојава теорија.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322

Дај линк од тоа што си читал?
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Фала ви многу на сите за советите.
Јас и со други луѓе зборев, сите ми рекоа дека е одличен лаптоп-от, плус чини 32.000, што е максимум што можам да издвојам, а да земам десктоп со монитор кој би ме чинел 6.500 минимум, ми остануваат 25.000 за конфигурација, која според мене не би била на исто рамниште со оваа на лаптоп-от.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767

Лаптопот за цената е ОК, само за тие пари ќе купиш десктоп кој ќе биде гарант побрз.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
како е ова могуче не ми е јасно. Сега пред да земам лаптоп секаде каде што читав за ацер имаше погрдни зборови, и за асус исто така само за некој хи енд добри. Така да врска нема оваа твојава теорија.
Абе друже могуче е. Еве на пример прашај некаде (во некој салон за лаптопи) некој поискусен и да видиш што ќе ти каже. Леново се можеби подобрени малку од споредба ко што беа, но нема шанси Тошиба и Леново да бидат подобри од Асус и Ејсер.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940

шо збораш бе од кај тоа, ај најди некоја релеванта листа да видиме каде леново е под ејсер
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Момци кажете ми што мислите за овој лап-топ:

Notebook HP ProBook 4730s i5-2430M 4GB DDR3/640GB/ATI HD6490M 1GB/17.3"/Linux/ BAG

Intel® Core™ i5-2430M (2.40 GHz, 3 MB L3 cache)
Mobile Intel® HM65 Express
4 GB 1333 MHz DDR3 SDRAM
2 SODIMM slots
640 GB 5400 rpm SATA II
DVD+/-RW SuperMulti DL
Display: 43,9 cm (17.3") diagonal LED-backlit HD+ anti-glare
VGA: AMD Radeon HD 6490M with 1 GB dedicated GDDR5 video memory
Ports: 3 USB 2.0; 1 USB 3.0; 1 VGA; 1 HDMI; 1 stereo microphone in; 1 stereo headphone/line-out; 1 AC power; 1 RJ-11 (select models); 1 RJ-45
Expansion slots: 1 Express Card/34; 1 Media Card Reader
720p HD webcam
Spill-resistant keyboard with separate numeric keypad and drains
Touchpad with scroll zone and gestures support
Realtek Ethernet (10/100/1000 NIC)
Atheros 802.11b/g/n WiFi and Bluetooth 3.0 HS Combo
Battery: 8-cell (73 WHr) Lithium-Ion Battery
Weight: Starting at 2.92 kg
OS: SUSE Linux Enterprise 11
Included HP Bag

Чини 32.000 денари.
Се исплати, не се исплати, добар е, не е добар, некој совет ако може.
Чини 30990 во АМЦ http://www.amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=32023&id=85&l=3&SupplierArticleID=A1E71EA&Action=1 кај го виде ти 32000?
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Абе друже могуче е. Еве на пример прашај некаде (во некој салон за лаптопи) некој поискусен и да видиш што ќе ти каже. Леново се можеби подобрени малку од споредба ко што беа, но нема шанси Тошиба и Леново да бидат подобри од Асус и Ејсер.
Во секој салон кај што ќе прашаш ќе ти кажат дека нивните лаптопи се најдобри ;)
Така да, тоа ти е ептен залудно трошење на време...

Од моето лично искуство со лаптопи, како најшкарт ми се баш Асус, Ејсер и Тошиба... Леново, Hp, dell, и msi се марките кои ги гледам секогаш во ценовниците :)

Сепак, секој различни потреби и вкусови си има...
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Токму така кого и да прашав за Acer ми викаа немој да земаш. Ако ти е за фејзбук да, но за поголема работа во никој случај.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Токму така кого и да прашав за Acer ми викаа немој да земаш. Ако ти е за фејзбук да, но за поголема работа во никој случај.
За каква поголема работа мислиш?
Ако мислиш за игри има и други специјални лаптопи што се направени само за игри. Иначе јас користам Ејсер и не дека ги фалам, сум користел и од другите марки (па скоро сите освен Сони) и мене најголем впечаток ми остави Дел и ХП па после нив следат Ејсер и компанија. Е сега за игри јас не играм, така да до сега на ниеден лаптоп не сум пробувал игри. И не ги зимам за игри туку за работа.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=33402

http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=33425
Мене ми се ептен исти по перформанси, незнам шо е разликата само тоа бројчето до моделот

N5110-9874 N5110-8152

http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=33497

и овој само што има 6ГБ РАМ иначе друго се исто дури и цена :)
мислам овој ќе го одберам шо викате?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom