Инвестициски БУМ во Македонија

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Кога веќе ја наполнивте темата со статистика добро е да се каже нешто и за инсвестиции по гава на жител или по илјада жители, а во најдобар случај да се каже во што се инвестира? Искрено инвестиција во трговски центар или бензиска пунпа не е ист со инвестиција во индустријата или земјоделството или инфраструктурата. Исто така добро е да се каже нешто и за местоположбата на земјите. Хрватите и Србите ја имат таа среќа што се поблиску до Европа, Бугарите се во ЕУ и граничат со Турција. Ние со кој граничиме, најголем инвеститор во МК е земја чија економија дише на шкрги.
Според мене ова што моментално се случува во Македонија е максимумот што можеме да го направиме во насока „странски инвестиции„ добро би било малко и домашните капацитети да дадат „гас„.
Не е потребно да граничиш само. Това е добро, но не е единственото необходно за да привлекуваш инвестиции. Давам ти пример, еве една от наjбитната инвестиции таа година за нас - на HP. Мести целиот си центар за Европа от Шпаниja во Софиja. Зашто? Традициja при образованието на IT специалисти, на прво место во Европа на сертифицирани IT стручнjaци по глава на жител, осма во светот, прават HP инвеститор клас А и користи многу бенефити, овде са веке и неколко други компании от този сектор - пример SAP, IBM,... Инвестициja на државата во супер компутер во 2009. Да генерализирам :
За да имаш инвестиции, ти треба добро изкуство, стратежка положба, добра дипломациja (за средните и големите инвеститори во светски маштаб. Добрата дипломациja и стратежките партнери са клучни), можност да понудиш стручен кадар,полесно тргуване со пазарите на потенциалниот инвеститор, ниски даноци, возможно помалце државна регулациja,лесен достап до пари, стабилност и предвидимост во државата и не на последно место -пониско платена работна рака от това што е имал до този момент.
Инвеститорот не сака само да добие землиште по поволни цени, тоj бара, ако може државата да му помогне да го поврже со пат, да му доведе гас, струja, да не мисли за вакви работи...
Ако може да биде со привилегии некакви пред други во побрзо обслужване, да не чека на шалтер, ако е можно да получи повеке услуги преку електрона влада и уште и уште....
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ФМИ се согласувам со постот, но токму местоположбата е битна за многу индустрии каде транспортот има голем удел на цената на чинење, па така кога се работи за Европа се преферираат земји кои се поблиску до западот. Но тоа е само еден аспект, како што кажа и самиот одлуката за инвестирање е многу комплексна па така има сплет на многу фактори кои во зависност од иневстицијата имат помала или поголема тежина. Според мене Македонија треба да се одлучи стратегиски кој видови на инвестиции сака да ги привекува и во која област може да понудиме квалитетен кадар и добри услови за инвестиција. Нешто слично како што ти спомна дека Бугарија е концентрирана во ИТ секторот.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Нешто што го пропуштив - вероватноста да доjдат инвестиции от големите трговски партнери е поголема от това да бараш инвестиции от партнер со коj немаш ни дипломатски односи,а са ти и многу далеку. Пример, многу повероватно е да доjдат инвеститори от Германиja, Австриja,Италиja, Хрватска наместо от Катар, Саудитска Арабиja или Кина (Ваквите инвестиции са повеке изклучок отколкото столб).
--- надополнето: 20 декември 2011 во 22:10 ---
ФМИ се согласувам со постот, но токму местоположбата е битна за многу индустрии каде транспортот има голем удел на цената на чинење, па така кога се работи за Европа се преферираат земји кои се поблиску до западот. Но тоа е само еден аспект, како што кажа и самиот одлуката за инвестирање е многу комплексна па така има сплет на многу фактори кои во зависност од иневстицијата имат помала или поголема тежина. Според мене Македонија треба да се одлучи стратегиски кој видови на инвестиции сака да ги привекува и во која област може да понудиме квалитетен кадар и добри услови за инвестиција. Нешто слично како што ти спомна дека Бугарија е концентрирана во ИТ секторот.
Абсолутно се слагам, треба стратегиja. Нито ние, нито вие можеме да продаваме техника на Jапониja, ни ке започниме да продаваме автомобили на Германиja. Нема да продаваме и вино на Франциja или роба на Турциja.
Треба добра анализа што можеш да понудиш ,во што си добар, какви ресурси имаш и како сакаш да се развиваш.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Abe pola od rabotive sto gi nabrojavte Makedonija gi nudi na potencijalnite investitori.Eve primer industriskite zoni.Ima pristap do niv,icela potrebna infrastruktura.Benifit od drzavata ima,kolku sto sum zapoznaen firma lesno se otvara,danocite isto taka se niski,za plati da ne ni zborime.Sepak investitori imame slabo,dali e toa poradi ostanatite raboti koj vie gi spomnavte a jas ne bidejki ne se dovolno razvieni. I okolu strategijata za ponuda e za toa se soglasuvam deka treba promocija,poseta na saemi,lobiranje,reklami,spotovi i dr.Eve od neodamna pocnavme i so takvi kampanji pa rezultatite za pocetok mislam deka se ok,no sepak od dovolno za da zadovolat.Kako i da e ideme napred i se nadevame na podobri denovi za nasava momentalno mizerna ekonomija.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
СТАТИСТИKАТА KОНТРА ИНВЕСТИЦИСKИОТ БУМ
Странските инвестиции останаа на темелите
Ниту една од компаниите што влегоа во земјава годинава не почна со производство иако, според првичните најави, дел од нив веќе требаше да извезуваат од Македонија
Седум камен-темелници на фабрики, едно официјално почнување со работа и многу помал прилив на пари од очекуваното, е резултатот од владините напори за привлекување странски инвестиции годинава.
Ниту една од странските компании што влегоа во земјава годинава не почна со производство иако, според првичните најави, дел од нив веќе требаше да извезуваат од Македонија. Некои од странските компании во моментов ги градат погоните, а дел с` уште стојат само на темелите што ги удрија заедно со властите. Единствена целосно реализирана инвестиција е таа на турската компанија ТАВ, која ги модернизира аеродромите во Скопје и во Охрид. Иако Турците почнаа да вложуваат во земјава уште лани, нивната инвестиција се официјализира во септември годинава, кога проработе новата терминална зграда на скопскиот аеродром.
Многу лопати и најави
Годинава ја „отвори“ швајцарската компанија ЕНФЛО, која во Желино почна да ја гради првата од најавените четири хали за производство на ветерни турбини. Иако првичните најави беа дека компанијата ќе почне со производство пред два месеца, погонот с` уште не проработел. Не се остварија ни најавите на италијанската компанија „Текнохозе“ дека до крајот на годинава ќе почне со производство на делови за автомобилската индустрија. Објектот на оваа компанија во индустриската зона Бунарџик е готов, а последните најави на раководството на „Текнохозе“ се дека пробното производство ќе почне во февруари.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Рудникот „Бучим“ се проширува и отвора нови работни места
Нов погон за лужење и катоден бакар ќе биде отворен денеска во рудникот „Бучим“, а со тоа ќе се отворат и нови 70 работни места.
Инвестицијата е на руски „Солвеј“, а изнесува 11 милиони евра. На пуштањето во употреба на новиот погон ќе присуствува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Новиот погон годишно треба да продуцира над 2.500 тони катоден бакар за првпат како финален производ наменет за извоз. За работа ќе се користи оксидна бакарна руда, како и постојната јаловина.
Освен економски бенефиции, со отворањето на погонот се вложува многу и во заштита на животната средина бидејќи се решава проблемот со отпадните води.
Во Македонија постојат околу 100 рудници во кои се вработени над 8.000 лица. Рударството зафаќа скоро третина од индустриското производство во земјава.

http://www.time.mk/read/6aecec8227/6b4812f3dc/index.html

Убава вест, особено за Радовишкиот крај,па и за цела Македонија.
Со среќа нека им е,особено на новите 70 вработени.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Несакам да ја минимизирам веста но факт е дека една те иста инвестиција по 5 пати се промовира во медиумите.
Прво кога ќе се најави, потоа кога ќе почне да се гради, во тек на градбата, кога ќе се изгради и на крај кога ќе почне со работа.
На крај и по пети пат ќе кажам ова е одлична вест, да ни се множат ваквите инвестиции.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Нови инвестиции најавени за првото тримесечје од годинава

Две нови инвестиции најавени за првото тримесечје од годинавата. Едната ќе произведува автомобилски делови, другата автобуси - ткрива министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак.
Првата – германска компанија е конкурент на Кронберг и Шуберт - Најавува отворање на 4. 000 нови работни места...
-Веднаш штом го потпишавме договорот со Кромберг и Шуберт ни се јави герамската компанија, нивни конкурент, која сака да инвестира во Македонија. Најави отварање на 4,000 работни места. Би почнале со производство средината на 2013 година. Бидејќи се директни конкуренти со Кронберг и Шубер мислам дека нема да биде на истата локација во Жабени, туку во некој а друга индустриска зона во централна Македонија, изјави Веле Самак, министер за привлекување странски инвестиции
На почетокок вели беше тешко да се убедат странските компании да вложат кај нас. Наместо активни фирми затекнале запуштени капацитети, заглавени во правни црни дупки.
Наместо актрактива бизнис клима, фирмите се гушеле во преобемна папирологија, со многу закони и регулативи. Владата имала полни раце работа.
Оваа 2012 година ќе биде тешка за сите, открива Самак. Тој е внимателен во прогнозите за новите инвестиции. Би бил пресреќен ако има исто ниво колку и ланската 2011 година.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/novi-investicii-najaveni-za-prvoto-trimesechje-od-godinavata
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Десет странски компании ќе инвестираат во Македонија
Во изминатите два месеци, десет нови меѓународни компании неофицијално испратиле известување дека донеле интерни одлуки за отпочнување инвестициски проекти во Република Македонија во текот на 2012 година
Ова му го соопштиле соработниците на премиерот Никола Груевски на вчерашната седница на владиниот комитет за странски инвестиции.
Во Владата велат дека вообичаено, објавата на имињата на компаниите од деловни причини се случува тогаш кога самите за тоа ќе одлучат, што најчесто е пред почетокот на официјалната градба или при потпишувањето договори со Владата.
Оттаму додаваат дека се очекува поголем дел од овие компании тоа да го сторат најдоцна до средината на оваа година.
- Покрај овие десет компании, комитетот беше информиран дека приближно уште толкав број се блиску до носење таква одлука, а континуирано се водат разговори и со поголем број други компании кои бараат нови локации со добри услови за водење бизнис - велат во Владата.
http://www.time.mk/read/311e4ab1ef/ae5badba42/index.html

Не сум голем љубител на вакви неофицијални информации, ама ајде да видиме што ќе ни донесе 2012.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Десет странски компании ќе инвестираат во Македонија
Во изминатите два месеци, десет нови меѓународни компании неофицијално испратиле известување дека донеле интерни одлуки за отпочнување инвестициски проекти во Република Македонија во текот на 2012 година
Ова му го соопштиле соработниците на премиерот Никола Груевски на вчерашната седница на владиниот комитет за странски инвестиции.
Во Владата велат дека вообичаено, објавата на имињата на компаниите од деловни причини се случува тогаш кога самите за тоа ќе одлучат, што најчесто е пред почетокот на официјалната градба или при потпишувањето договори со Владата.
Оттаму додаваат дека се очекува поголем дел од овие компании тоа да го сторат најдоцна до средината на оваа година.
- Покрај овие десет компании, комитетот беше информиран дека приближно уште толкав број се блиску до носење таква одлука, а континуирано се водат разговори и со поголем број други компании кои бараат нови локации со добри услови за водење бизнис - велат во Владата.
http://www.time.mk/read/311e4ab1ef/ae5badba42/index.html

Не сум голем љубител на вакви неофицијални информации, ама ајде да видиме што ќе ни донесе 2012.
Десет странски компании ќе инвестираат во Македонија

Десет нови меѓународни компании, во изминатите два месеци неофицијално испратиле известување дека донеле интерни одлуки за отпочнување инвестициски проекти во Mакедонија за оваа година.​
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=85975

Од април Југохром ќе работи под полна пареа

Во април печките на Југохром повторно ќе стартуваат со производство. Поради ниските температури, скапата струја и слабата побарувачка периодов наместо да се прават загуби како што велат од менаџментот ќе се искористи за ремонт на дел од печките.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/od-april-jugohrom-ke-raboti-pod-polna-parea

И јас сум сќептик за вакви информации,но како што викаш и ти да видиме.
Еве југохром најавува рестартирање на производство,исто така очекувам околу јуни, јули сечење ленти на темелите за фабрики кој ги удрија годинава. Да се надеваме дека ќе биде нешто.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Белгиски автобуси за Америка од Скопје

27

ЈАН 2012
11:38

Белгиската фабрика за производство на автобуси во близина Скопје гради нова производствена линија.„Ван Хол“ кај нас ќе произведува автобуси за американскиот пазар.
Одлуката на фабриката да гради погони во Скопје била објавена во вторникот од страна на извршниот директор Филип ван Хол, јавува Дестандард.
„Во Македонија наидовме на поволни услови. Таму има сè што ни е потребно за да ја покриеме нарачката од 300 автобуси за САД. Оваа инвестиција ќе ни помогне да се зацврстиме на американскиот пазар и дополнително да се шириме“, ја пренесува неговата изјава белгискиот портал.
Ван Хол е белгиски произведувач на автобуси и индустриски возила. Целото нивно производство се пласира во Европа и САД. Компанијата има 4.000 вработени во своите две фабрики во Белгија.
http://www.time.mk/read/NONE/6e8208e4e5/index.html

Патем еве им ја и интеренет страната, прават доста интересни продукти од автобуси до тролебуси , трамваи и комбинации на овие два.Она што е посебо интересно се двозглобните автобуси и тролебуси.

http://www.vanhool.be/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom