Ни јас не ја барам слободата, ниту пак ја замислувам по севернокорејскиот терк. меѓутоа, јас поставувам прашања и барам одговори: Зошто Северна Кореја е толку сиромашна земја. Има одговори, бааги. И самиот добро знаеш... во тој одговор ќе се најдат многумина, најмалку „режимот“.
Среќа што сум глуп, па паралелата која ја направив беше буквална и нема да ми замерите.
Режимот е најмногу крив.Има и други дикторски режими,но ниту еден не е на ова ниво.Мајмунот цела хуманитарна помош што ја има добивано за да го нахрани народот ја има дадено на војската да ја рани.Он сам си ја има затворено земјата.Па дури ни со Кина која е единствената што ја толерира династијата и ја спасува да не виси на некоја бандера во Пјонгјанг не соработува.И кон нив им е затворена границата,надворешна трговија не постои,во земјата владее глад,а тој гради нуклеарки.......
О да........режимот е целосно од почеток до крај одговорен за сите срања во Северна Кореа.Зашто еве комунистичка Кина не е таква,па ете и Југославија на Тито диктаторот не беше таква,во СССР исто.........
Само Пол Пот во Камбоџа може да се мери со овие........само што тој траеше неколку години,а овие 3 генерации.
Најтешки макијавелисти во историјата на човештвото е таа династија.Никој како нив нема толку работи направено само за да остане на власт.