Садници со марихуана пронајдени во Драчево

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Што ми е криво кога видам вакви вести. Туга ми некоја на срце доѓе. Иде ми се да чучну и да рову.
 
Марихуана садам, пари вадам.. Драчево Драчево..
Лабаратории имам, марихуана чувам.. Драчево Драчево..
магацин имам, цел град го снабдувам.. Драчево Драчево..

нова верзија на песната со кромидот што беше :icon_lol:
 
На странскиот пазар оваа количина на марихуана достигнува од 3 до 5 милиони евра ...
Малеров уште и во бегство е :pos: ... ќе си фати корени во идризово сигурно некој 5-10 години
 
Каква лабораторија бе, ова не е хемија!И фатете некој со хероин, запнале на детелина со 5 листа...

Природно си е природно!
 
Каква лабораторија бе, ова не е хемија!И фатете некој со хероин, запнале на детелина со 5 листа...

Природно си е природно!

Ма ајде неваспитање... и после оти неќеме со земјоделство да се бавиме. Како да се бавиме коа не апсат. o_O :D
 
Ке поскапи ганџата за нова година.

И ова не е лабараторија, повеке како бавча/стакленик за растенија. Полицијата не оди таму кај што има лабаратории, таму е опасно, фрчат куршуми.

Вака е посигурно.
 
А бе што не ја легализираат, само под еден услов: -Да не постои влез на друга дрога во земјава. Така да само травката да ја имаат како опција џанациве. Ем не е толку штетна дури и лековита е во некој случај, ем нема да можат да прејдат на нешто појако... И кога ке се легализира ке се донесат закони за квалитет на марихуаната,ке се прошири производството во голема мера, ке се усовршува,ке се вложуваат пари и со тоа ке се добие на квалитет што значи дека ке биде помалку штетна по здравје. Исто така ке има голема конкуренција меѓу производителите и ке падне цената по килограм. И онака има многу корисници на растението, барем да им се овозможи квалитетен производ и подобро задоволство.
Но едно е сигурно, нормален човек, среќен човек, нема потреба од дрога, бидејки тој си е среќен и без неа.
Се знае кој е зависен од дрога, најмизерниот,најнезадоволниот, најнесреќниот и најнесвесниот.
Нека им ја легализираат, што побрзо нека се истребат.
Сериозен сум.
 
А бе што не ја легализираат, само под еден услов: -Да не постои влез на друга дрога во земјава. Така да само травката да ја имаат како опција џанациве. Ем не е толку штетна дури и лековита е во некој случај, ем нема да можат да прејдат на нешто појако... И кога ке се легализира ке се донесат закони за квалитет на марихуаната,ке се прошири производството во голема мера, ке се усовршува,ке се вложуваат пари и со тоа ке се добие на квалитет што значи дека ке биде помалку штетна по здравје. Исто така ке има голема конкуренција меѓу производителите и ке падне цената по килограм. И онака има многу корисници на растението, барем да им се овозможи квалитетен производ и подобро задоволство.
Но едно е сигурно нормален човек, среќен човек нема, потреба од дрога, бидејки тој си е среќен и без неа.
Се знае кој е зависен од дрога, најмизерниот,најнезадоволниот, најнесреќниот и најнесвесниот.
Сериозен сум.
Јас сум за легализација на целата дрога, само на луѓето кои профитираат не им одговара инаку колку за информација дрогата е нелегална во последните 100 години
 
.....осмелисе..направи го првиот чекор - типот се осмелил
.....развој на земјоделието....ваква опрема само Драчево и Израел
.....се е по стандард ...Хасап, Исо, Хасо, Мујо, Фата...Халал, Кошар....сите ги исполнува
.....органско производство
.....без владини субвенции
.....погодно за извоз
.....загарантирана цена и пазар

Прво ти праат кампања БИДИ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ, а после те е*т
 
Јас сум за легализација на целата дрога, само на луѓето кои профитираат не им одговара инаку колку за информација дрогата е нелегална во последните 100 години
Не сакаат да се легализира бидејки ке се јави голема конкуренција и ке опадне цената, што значи својот профит ке треба да го делат со многумина.
Јас сум за легализација само на марихуаната бидејки реално таа си е природно растение,нема никаква штетна хемија.
Штетно е дејството од прекумерното пушење на растението, и затоа е таа забрана, бидејки те тера да зимаш се повеќе, пошто ти дава задоволство.
Човекот посегнува по тоа задоволство, бидејки нема задоволство во животот, или тоа е многу малку, држен е под притисок, нервоза и тн. а тревката му нуди привремен излез од тие проблеми.
Но реално тоа не е решение бидејки така не живееш во реалноста и не си го отстранил проблемот само го одолговлекуваш избегнувајки го.
И кога ке ти престане дејството, повторно се наоѓаш во реалниот мизерен свет, и така незадоволен од тоа што го гледаш во реалноста пробуваш да избегаш, бараш задоволство убаво нешто што ке те направи среќен. И постојано тој круг иде, ама на крај или завршуваш како лопов, убиец, или прерано ке умреш од предозираност, и реалноста ке ти донесе 10 пати поголема мизерија, пошто постојано си ја избегнувал, избегнувал, и кога ке се насобере, те удира се наеднаш. После е касно, бидејки откако ке бидеш казнет, тогаш ке се освестиш дека си направил нешто лошо и дека нема втора шанса за тебе.
 
Штетно е дејството од прекумерното пушење на растението, и затоа е таа забрана, бидејки те тера да зимаш се повеќе, пошто ти дава задоволство.
А ако лапниш 10 аспирина наеднаш тоа не е штетно, туку побрзо ќе се оздравиш. Тие забрани се баш како што кажав на некој не му одговара, целата дрога се легализира ќе си ја земаш на рецепти, ќе ти биде медицински препишана и ќе знаеш точно што пиеш за разлика од тоа што го купуваат од сомнителни луѓе со сомнително потекло само повеќе пари да се направат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom