DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Не знам јас каде тоа пишува дека Исус мислел на храната, а не на нешто друго. Нејсе.Пријателе мој драг, дека свинското месо е забрането тоа е во Стариот Завет. Во новиот Христос кажа дека не е нечисто тоа што влегува во устата (мислеше на храната) туку тоа што излегува од неа ( мислеше на лоши зборови )
Тоа што некаде е оставено на толкување на верникот, на други места е пшано експлицитно за да нема забуни од овој тип, нели:
Матеј 5:
17 ”Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
18 Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.
19 И така, кој ќе наруши една од овие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе биде наречен најмал во царството небесно; а кој ги држи и поучува, ќе биде наречен голем во царството небесно;
Ко што мене ми се чита, буквално, од овој цитат, се чини дека Исус е многу јасен околу почитувањето на законите од Стариот Завет.
Ти што викаш?