Тоа е проблем плус, што пак ќе менува формација што е лошо за било која екипа на планетава.
Он најдобро се снаоѓа со 4-4-2 формацијата, само си има голем проблем при изборот на играчи во истата, со Удинезе Нагатомо играше лево крило цели 45 минути откако влезе место Алварез, ние се заебаваме кога ќе кажеме овој и со реми се задоволува ама гледајќи ги тогаш измените, дефанзивната игра, местото на табела на Удинезе, некако мене ми изгледа ко навистина да оди човеков на бод.
Денес идеална 4-4-2 поставеност користи Ферги, две крила и двајца вонсериски напаѓачи напред, на ова ако ги додадеш бековите, поготово Евра и плус Џонс, не е ни чудно што секој втор напад им е шанса за гол и што многу лесно креираат акција по одземена топка на своја половина.
Во ваква формација да играш со Коутињо, Алварез, Форлан и Пацини/Милито друга ќе е сликата на терен, поготово против вакви тимчиња ко Чезена. И Снајдер кога ќе се врати треба да го користи во ваков систем, позади еден напаѓач.