Фан Клуб: Барселона

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
кулеси нека ни е честито новата титула...односно ништо ново за нас :icon_mrgr:

 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.608
Поени од реакции
22.619
Не знам дали некој спомна. Натпреварот го почнавме со 9 играчи од сопствената школа. Само бековите(Дани и Аби) не беа производ на Ла Масија. Друго се е home-made. Валдес, Пике, Пујол, Чави, Буски, Иниеста, Меси, Цеск, Тиаго. :cuc:
Пеле, те молам речи дека нема да освоиме ЛШ!
Доминацијата продолжува!

Повеќе нема што да се зборува, додека момците зборуваат на теренот, убаво ќе е ние само да гледаме и уживаме.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
999
Поени од реакции
392
Ајде и официјално нека ни е честито титулата,со која и официјално станавме најдобриот светски клуб:icon_lol:,за играта нема што да кажам,искрено не очекував вака лесно да се справиме со Сантос,но момците уште еднаш докажаа дека се најдобри:cuc:
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Кои цареви се, не е можно.
Секоја чест за тимот, за тренерот, за тие погоре што се итн. Незнам по кој пат докажаа дека им нема некој што може да им конкурира. Во овие три и пол години, како што кажаа и горе, секој важен, неважен меч го гледав и се радував и не ми беше возможно каков тим станавме. Првo беше победата против Реал дома со 1-0, Златан кога им го стегна. Сезоната кога беа постигнати 5ки и 6ки најмногу. Потоа пак дојде победа против Реал, али со 6-2 на Бернабе. Како само тогаш се радував. После 10 дена, Копа Дел Реј против Атлетик Билбао, 4-1. Со таа титула почна доминацијата во Шпанија, Европа и во Светот. После 3 дена, славевме титула во Ла Лига со победата над Виљареал официјално бевме шампиони. Околу 10 дена потоа, финалето на ЛШ против Манчестер Јунајтед 2-0. После кревањето на пехарот, излегов и трчав и викав ко ненормален.. Барселона. 3 месеци поминаа до следните две титули, во Суперкупот на Шпанија повторно против Атлетик Билбао и во Суперкупот на Европа против Шахтјор. Подоцна беше освоена и титулата како најдобар светски тим, победа против Естудиантес во финалето. Наредната сезона беше помалку успешна но сепак останува во паметење. Освоивме титула во Ла Лига, тука беше и петардата против Реал Мадрид. Во ЛШ испаднавме од Интер, кои со Џозе подоцна ја освоија и титулата. Претходнава сезона, освоивме се што беше можно, освен Копа Дел Реј која им ја оставивме на Реал Мадрид. Освоена Ла Лига, освоена ЛШ со маестралната игра во финалето против Манчестер Јунајтед. Освоен Суперкуп на Шпанија, со победата над Реал Мадрид. Освоена титула и во Суперкупот на Европа со победата против Порто. За крај, денес освоена титулата најдобар светски тим против бразилски Сантош.
Ако нешто пропуштив дополнете ме.
Бидете среќни што сите сме дел од оваа фамилија.
Visca Barcelona, mes que un club.
Малце ги имаш смешано годините :) 2-6 победата над Реал беше 2008/2009та, сезоната кога се освои се можно. Следната сезона 1-0 дома Пинкио кога им го здрви, а на гости Мадрид го јадеа 0-2 (Меси) и таа беше „кобната“ сезона кога беше освоен САМО Шпански супер куп и Ла Лига (Интер кога заебаа работа). Минатата сезона започна со петардата против Реал, многу најавуваниот пораз на Барса од страна на „специјалниот“ Курињо и знаеш што се случи одпосле :)
Денес што се случи беше само една мала ретроспектива од последните неколку години, се покажа зошто е најсилниот клуб на планетава. Требаше да ги поделат играчите на Барса да изиграат меѓу себе зошто и онака Сантош денес баш и не играа, повеќе беа гледачи.
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Мислам дека оваа Барса е нешто подоминантна од таа Барса во 2008/2009 . Е сега зависи од тоа како ќе им биде мотивацијата и желбата но мислам дека ќе имаат сличен успех...
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.608
Поени од реакции
22.619

--- надополнето: 18 декември 2011 во 17:08 ---
Почнаа да флертуваат :ROFLMAO:
Моментот беше кога се поздравија и Меси му покажа со раката(прстот) во стилот: 'Ај, ќе те чекам горе во кафаната после' :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom