Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Бре, бре, што сме важни! Па баш во Исус и баш верување во непостоење.

Атеизмот е НЕверување во богови. Како можеш да не разбираш после толку време поминато тука?

Не може НЕверувањето да е вера!

А ти после толку години не разбра ли дека постојат лажни богови?
Затоа и експлицитно е наведен живиот Бог да не се збуниш.
Ако не си христијанин, не си и толку. Но зошто толку многу сакаш да докажеш дека не постои Господ Исус Христос? Што ти е целта? Што проповедаш?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Разум.
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Атеизмот и те како се проповеда и на локално и на светско ниво. Дури и на овој форум постојат неколку проповедници на атеизмот, кои деноноќно и со години проповедаат атеизам.
Немој да претеруваш. Ако некој на малку порадикален начин ги брани ставовите на атеистите - тоа не значи проповедање атеизам. Најпосле „проповедање атеизам“ е лошо изразување, треба да се каже „напаѓање на религијата“ - бидејќи без религијата, нели, не би постоел атеизмот. Со таа фраза веќе би се сложил.

Атеизмот е многу многу повеќе отколку таа реченицата, затоа што тој речиси секогаш и без исклучок доаѓа во пакет со верата во материјализмот и натурализмот
Па нормално дека доаѓа во пакет со материјализмот и со натурализмот... Ова требаше да ти звучи како овие поими да имаат негативна конотација? Демек ако сме атеисти сме алчни? Демек ако сме атеисти сме лакоми?
Знаеш и самиот дека тоа се чисти глупости...
Најпосле, да не почнуваме со поврзаноста на религијата и материјализмот... Кога и да помислам во тој правец се наежувам...

Прими мое длабоко соочувство. Свесен сум дека атеизмот е тешко да го проповедаш. Тешко е да се проповеда вера која нема никакви аргументи зад себе, вера во неверојатното, вера во екстремни случајности, вера спротивна на фактите и набљудувањата, спротивна на здравиот разум и вера која единствено ти преостанува да ја проповедаш со плукање на другите вери.
Овде имаш една печатна грешка: Наместо религија си напишал атеизам...
Нема потреба да ми се заблагодариш за поправката.

Значи коректниот текст би гласел вака:

Прими мое длабоко соочувство. Свесен сум дека религијата е тешко да ја проповедаш. Тешко е да се проповеда вера која нема никакви аргументи зад себе, вера во неверојатното, вера во екстремни случајности, вера спротивна на фактите и набљудувањата, спротивна на здравиот разум и вера која единствено ти преостанува да ја проповедаш со плукање на другите вери.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па нормално дека доаѓа во пакет со материјализмот и со натурализмот... Ова требаше да ти звучи како овие поими да имаат негативна конотација? Демек ако сме атеисти сме алчни? Демек ако сме атеисти сме лакоми?
Знаеш и самиот дека тоа се чисти глупости...
Кога велам дека атеистите веруваат во материјализмот, не мислам на народното сфаќање на тој збор (љубов кон материјалните добра, парите и сл.), туку на неговата идеолошка/филозофска конотација - а тоа е дека физичката материја е единствената реалност, дека се што постои, сите процеси и феномени, можат да бидат објаснети преку манифестација или резултат на материјата.

Овде имаш една печатна грешка: Наместо религија си напишал атеизам...
Нема потреба да ми се заблагодариш за поправката.

Значи коректниот текст би гласел вака:
Не, сега го препрочитав текстот и видов дека не сум направил печатна грешка. Тоа што го напишав, тоа и го мислев. Зборував за атеизмот, а не за религијата. Значи коректниот текст изгледа вака:

Прими мое длабоко соочувство. Свесен сум дека атеизмот е тешко да го проповедаш. Тешко е да се проповеда вера која нема никакви аргументи зад себе, вера во неверојатното, вера во екстремни случајности, вера спротивна на фактите и набљудувањата, спротивна на здравиот разум и вера која единствено ти преостанува да ја проповедаш со плукање на другите вери.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Чорбаџија, доста бе. Како не ти се смачи. Стрижена бричена. Оди изгледај еден порнич и легни си. Аман, досаден си, труеш...
 
T

Tetro

Гостин
Прими мое длабоко соочувство. Свесен сум дека атеизмот е тешко да го проповедаш. Тешко е да се проповеда вера која нема никакви аргументи зад себе, вера во неверојатното, вера во екстремни случајности, вера спротивна на фактите и набљудувањата, спротивна на здравиот разум и вера која единствено ти преостанува да ја проповедаш со плукање на другите вери.
Атеизмот е само НЕверување во Божества од било каква форма.

Атеизмот во основа значи: НЕМА БОГ.

Атеист е човек кој е слободен да истражува со своја глава, ослободен од религиите и нивните идеи.
Нема проповедање како во други религии, секој атеист си има свои сфаќања, свои размислувања.

А што најдовме кај религиите досега?
Секоја нова религија е бледа копија на некоја стара религија. Воала. https://en.wikipedia.org/wiki/Existence_of_God#Empirical_arguments
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Не знам дали те разбрав баш :)
Како би се поклапале енергиите?
Да не мислиш на свеста во корелација на материјата?
Па.. Незнам баш како да објаснам баш.. Ете по пример на твојата дефиниција - Мислам.. свеста и ПОДсвеста во корелација на материјата, но и на некоја друга димензија која во одреден момент поврзан можеби донекаде со подсвеста се поклопува со нашата димензија каде енергијата што доаѓа од нас постои и благодарение на тоа поклапање со подсвеста се создава и онаа друга енергија што е ОКОЛУ нас.. Одприлика тоа е тоа.. Само некако тешко ми е за објаснување ко што кажав па се надевам ме разбра..
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Атеизмот е само НЕверување во Божества од било каква форма.
Атеизмот значи неверување во божества, а верување во материјализмот и натурализмот.
Христијанството значи неверување во материјализмот и натурализмот, а верување во библискиот Бог.

Значи и двете вклучуваат верување и неверување. Јас како христијанин верувам во она што верувам, а неверувам во она што ти веруваш. Исто така и ти како атеист веруваш во она што ти веруваш, а неверуваш во она што јас верувам. И двајцата сме верници во своето, а неверници во туѓото. Просто како два и два.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Христијанството значи неверување во материјализмот и натурализмот, а верување во библискиот Бог.
Значи ти не веруваш дека загревањето на водата кога ќе ја ставиш на шпорет може да се опише со физичките законитости, туку само со мешањето на семоќниот.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Атеизмот значи неверување во божества, а верување во материјализмот и натурализмот.
Христијанството значи неверување во материјализмот и натурализмот, а верување во библискиот Бог.

Значи и двете вклучуваат верување и неверување. Јас како христијанин верувам во она што верувам, а неверувам во она што ти веруваш. Исто така и ти како атеист веруваш во она што ти веруваш, а неверуваш во она што јас верувам. И двајцата сме верници во своето, а неверници во туѓото. Просто како два и два.
Уште една неделна манипулација на лажгото.

Ти, Чорба, ни се фалиш постојано колку си бил мајстор по физика и астрономија. Не ли веруваш во физичките закони? Не се сложуваш со теоријата за гравитација? Њутн и Ајнштајн се преваранти, а?

Христијанството значи уживање во сета корист од натурализмот и материјализмот, а мрчење против истите во слободно време - најчесто у недела или на денови за слава. Исто, христијанството значи и легална педерастија у Ватикан, плаќање 4000 еур за лопата у Свирипичино или, пак, 1400 долари месечно за ширење протестантство меѓу насекирани бруцоши кај тебе у дувло.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Атеизмот значи неверување во божества, а верување во материјализмот и натурализмот.
Христијанството значи неверување во материјализмот и натурализмот, а верување во библискиот Бог.

Значи и двете вклучуваат верување и неверување. Јас како христијанин верувам во она што верувам, а неверувам во она што ти веруваш. Исто така и ти како атеист веруваш во она што ти веруваш, а неверуваш во она што јас верувам. И двајцата сме верници во своето, а неверници во туѓото. Просто како два и два.
Поимот Атеист се однесува исклучиво на теологијата, како што и името му кажува - А-теист, спротивно од теист. И секој ваш обид да го ставите во ист кош со теолошкиот поим "верник" е или продукт на неукост или на подмолност.
Материјалозмот и натурализмот како што ти љубиш да ги нарекуваш немаат догми, не се служат со заплашување и подмитување и не пропишуваат казни и судови ако некој размислува со своја глава и реши дека не треба да верува во нив! Вие го правите токму тоа! Теистите имаат догми, во кој се вградени лаги, заплашувања, лажна надеж и слепа верба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom