Атеизмот и те како се проповеда и на локално и на светско ниво. Дури и на овој форум постојат неколку проповедници на атеизмот, кои деноноќно и со години проповедаат атеизам.
Немој да претеруваш. Ако некој на малку порадикален начин ги брани ставовите на атеистите - тоа не значи проповедање атеизам. Најпосле „проповедање атеизам“ е лошо изразување, треба да се каже „напаѓање на религијата“ - бидејќи без религијата, нели, не би постоел атеизмот. Со таа фраза веќе би се сложил.
Атеизмот е многу многу повеќе отколку таа реченицата, затоа што тој речиси секогаш и без исклучок доаѓа во пакет со верата во материјализмот и натурализмот
Па нормално дека доаѓа во пакет со материјализмот и со натурализмот... Ова требаше да ти звучи како овие поими да имаат негативна конотација? Демек ако сме атеисти сме алчни? Демек ако сме атеисти сме лакоми?
Знаеш и самиот дека тоа се чисти глупости...
Најпосле, да не почнуваме со поврзаноста на религијата и материјализмот... Кога и да помислам во тој правец се наежувам...
Прими мое длабоко соочувство. Свесен сум дека атеизмот е тешко да го проповедаш. Тешко е да се проповеда вера која нема никакви аргументи зад себе, вера во неверојатното, вера во екстремни случајности, вера спротивна на фактите и набљудувањата, спротивна на здравиот разум и вера која единствено ти преостанува да ја проповедаш со плукање на другите вери.
Овде имаш една печатна грешка: Наместо религија си напишал атеизам...
Нема потреба да ми се заблагодариш за поправката.
Значи коректниот текст би гласел вака:
Прими мое длабоко соочувство. Свесен сум дека
религијата е тешко да
ја проповедаш. Тешко е да се проповеда вера која нема никакви аргументи зад себе, вера во неверојатното, вера во екстремни случајности, вера спротивна на фактите и набљудувањата, спротивна на здравиот разум и вера која единствено ти преостанува да ја проповедаш со плукање на другите вери.