Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Мачката е животно со карактер, кога сака спие, кога сака јаде, кога сака се милува... Кога не сака очи вади :D За разлика од кучето кое е научено на наша команда, кога ние сакаме го шетаме, во секој момент можеш да го милуваш, секој 5 мин да му фрлаш нешто за јадење ќе јаде итн, додека мачката кога е сита и пастрмка да и фрлиш нема да ја чепне, или пак пробај да ја носиш на каивче во шетња :pos:
Инаку мојот Џејџеј (мачор) секое сабајле ме поздравува и и се тркала пред мене не дека толку ме сака туку да му дадам за јадење :D После јадењето свиткува опаш и не ме познава...
Тоа болдираното,пробај на моето маче да му го кажеш :D
Кога и да му дадеш,све си е гладно сиротот :pos:
 
И кај мене многу јаде, незнам дали само во овој период е така, оти предходно не јадеше толку. Нон стоп си има јадење во чинијата и помини-замини си каснува :pos: Како трупче е направен, ми е страв да не е штетно да е толку дебел. Кога и да го отворам фрижидерот тој е веднаш нацртан пред него седнува и си разгледува внатре, а некогаш пробува и да влезе:cautious: Или кога јадеме веднаш и тој завзема позиција, седнат на столче и чека да му фрлиме по нешто.
Пред некој ден си варев виршли ме искина по тренерките, како божем го оставам да гладува:eek:

Еве и некоја понова слика :)
391809_336636873019653_100000200293131_1559886_1889824600_n.jpg

391809_336636886352985_100000200293131_1559887_653002859_n.jpg

Like a Boss :cool:
303050_315956691754338_100000200293131_1491553_1418608806_n.jpg
 
И кај мене многу јаде, незнам дали само во овој период е така, оти предходно не јадеше толку. Нон стоп си има јадење во чинијата и помини-замини си каснува :pos: Како трупче е направен, ми е страв да не е штетно да е толку дебел. Кога и да го отворам фрижидерот тој е веднаш нацртан пред него седнува и си разгледува внатре, а некогаш пробува и да влезе:cautious: Или кога јадеме веднаш и тој завзема позиција, седнат на столче и чека да му фрлиме по нешто.
Пред некој ден си варев виршли ме искина по тренерките, како божем го оставам да гладува:eek:

Еве и некоја понова слика :)

Like a Boss :cool:
Хахах,и моето беше исто.
Да,пробај да не му даваш по толку многу,може да му наштети,ќе стане гојазен,па тоа може да доведе до многу проблеми.:)
 
На мачка кога не и даваш да јаде, а таа бара, може да биде многу проблематично, знам мојот намерно се качуваше кај што има кршливи предмети само за да не заплаши и праеше разни други глупости се дур не го нахраниме :D Ама сега е смирен си јаде точно околу 80 грама храна на ден.
 
Јас така го навикнав, не чекам никогаш скроз да ја изеде храната, кога ќе видам дека е при крај во чинијата одма ја дополнувам... Ама денес реков господине вака не бива. Ќе чекам да ја изеде цела па да ставам нова. Почна по 3 пати на ден да кака:confused:
 
Се извинувам за мислењето едно под друго, ама морам да прашам.
Мојот мачор скоро никогаш не мјаука освен кога многу го задевам или ќе го изнервирам, па тогаш ќе пушти некој крик навидум мјаукање... А вчера и денес нешто му се случува и мене ме наведува да мислам дека му е периодот за парење:cautious: Нон стоп почна да мјаука, си шета по ходник и некои жални крици испушта, како да плаче :cautious:
Некој знак е тоа? Затоа што јадење има, не е до тоа да е гладен...Има година ипол, и досега не е парен никогаш.
Енибади? :confused:
 
Со дебел глас? Плаче за женска :D
 
Значи сега имам проблеми. Каде да му барам таква како него, несакам да го пуштам надвор затоа што незнае да се бори само дома е чуван, мачорите ќе го искинат, а и несакам болви да фати. Има нешто со што би му поминала желбата? :D
 
Да, ќе го однесеш на ветеринар за саат време ќе го средат и никогаш веќе нема да имаш проблеми со нагони за парење :D
 
Да, ќе го однесеш на ветеринар за саат време ќе го средат и никогаш веќе нема да имаш проблеми со нагони за парење :D
Мислиш да го кастрираат? :eek:
Овде во Велес имаме само една ветеринарна станица и таму врска немаат.
 
Мислиш да го кастрираат? :eek:
Овде во Велес имаме само една ветеринарна станица и таму врска немаат.

Епа ќе си дојдеш во Скопје (препорачувам кај Диме) и ќе си завршиш работа.
Кастрацијата е најдобра опција доколку сакаш еднаш засекогаш да го решиш проблемот со мјаукањето.
 
Можеби не е на место моево прашање но јас да си прашам.
Дали знае некој која е процедурата да можам мачка од странство да донесам во Македонија?

Подетално какви документи треба да извадам од овде за да немам проблеми на граница во Македонија?

Фала
 
Мислиш да го кастрираат? :eek:
Овде во Велес имаме само една ветеринарна станица и таму врска немаат.

Да, како што кажа Argasi, ќе го донесеш во СК ако немаш доверба во тамошните ветеринари. Тоа кај мачорите е многу едноставна процедура и многу кратко трае одма си го зимаш дома. Мојот мачор е кастриран баш од таа возраст на која што е сега твојот и немаме никакви проблеми со него. А пред тоа имавме многу проблеми :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom