Годината кога македонскиот јазик умре

Аднување на пријател и организирање ивент се однесува скоро строго на Фејсбук. “Ме додаде за пријател...“ - што по ѓаволите значи тоа? Тврд диск?! Абе ај... Unfriend е нов збор во англискиот јазик произлезен од Фејсбук и строго се однесува на бришење на профил на друго лице од листа на пријатели на сопствен профил. Што правам на македонски кога твитам? Како тоа да се преведе на македонски? За мол, Crazy in Love, првин не ни сфаќав на што се мисли... Ако сме почнале да го користиме како замена за трговски, тогаш не е на арно работава, навистина... :)
 
Кили зборува македонски полошо и од мене (полно србизми) така да не е меродавен извор за ваков заклучок.

Нема врска заклучокот со Кили, не ме сфаќај погрешно. Го чув зборот и ми текна да ја отворам темата, а иначе инспирација ми е милионите глупости што ги чув во текот на годината, што го сакатат јазикот.

Aнглицизмот можам да го разберам до негде..во многу јазици завзема место..ама страшно ме вади од такт србизмот па дури и бугарицизмот..

Е како бе? Па Србија и Бугарија се соседи, нормално е покрај целата испреплетена историја да има влијание врз јазикот, а башка сме во истата јазична група, нормално е да има сличности.
Англицизмот е глупост што само во ситни државички може да се развие. Што не се развие во Франција, Италија, Германија, Русија бе?
Нема врска говорењето англиски јазик со сакатењето на својот. Зборувам совршено течно англиски, дали треба секој втор збор да го англицизирам? Го сакам англискиот јазик како јазик и сакам да го зборувам, ама кога му е време и место, а не да го бутам и да си го уништувам својот јазик.
-
Аднување на пријател и организирање ивент се однесува скоро строго на Фејсбук. “Ме додаде за пријател...“ - што по ѓаволите значи тоа? Тврд диск?! Абе ај... Unfriend е нов збор во англискиот јазик произлезен од Фејсбук и строго се однесува на бришење на профил на друго лице од листа на пријатели на сопствен профил. Како тоа да се преведе на македонски? За мол, Crazy in Love, првин не ни сфаќав на што се мисли... Ако сме почнале да го користиме како замена за трговски, тогаш не е на арно работава, навистина... :)

За аднувањето да, во ред, се користи за фејсбук, ајде ќе го тргнам тоа на страна, НО организирање ивент не е за фејсбук. Чув муабет во живо: Мојата фирма организира ивенти постојано... Е како? КАКО? Па ќе си го искршам јазикот додека кажам така.
 
Одредени сленговски жаргони стануваат дел од јазикот се почесто,ги слушам пред некој ден на ТВ.

За мојот лук и стајлинг се погрижи бла бла бла.Брат што бев викендов на еден ивент абе незнаш како беше.Или пак хејтер,имам дејт со една риба. ццц

Се согласувам со некој коментари погоре дека некој пак зборови немаат никаква смисла преведени на македонски ,но за жал немаме соодветен превод и така англискиот збор го вметнуваме во македонскиот јазик,неговото повторување станува дел од јазикот.
 
Па и во воведниот пост реков дека има глупави преводи, замени... како на пример за таб - јазиче. Ама ме болат ушите кога ќе чујам млад човек како отишол во молот за да купи фустан за ивент. Не велам дека јас не ги користам, ама оние што се соодветни.
Исто како што се глупи преводите за хард диск или десктоп, така е глупо и претворањето на англиските зборови во македонски, покрај соодветни замени.

Те разбирам што сакаш да кажаш ама тоа е. Првенствено разгледај ги каналите на телевизија и се ќе ти стане јасно.
Кога еден квалитетен македонски пејач оди да се претстави во Србија со песна на српски јазик, во Бугарија со песна на бугарски, а во Хрватска на хрватски, тогаш што можеш да очекуваш? Јас колку што сум запознаена ( а се надевам дека грешам) ниту еден пејач од соседите не не почести со една песна на македонски јазик, а ние нив редовно.

И ако ме прашаш мене не е нормално да се меша јазикот, ама понормални ми се англицизми отколку србизми и некојси факат зборови. Јас на пример секојдневно работам со англискиот јазик и несвесно може да употребам некој збор на англиски, ама не работам и со српскиот и страшно ме нервира кој ќе слушнам ПОБОГУ, ФАКАТ и други србизми. Ако против нешто сум против тоа се србизми.

Кога сме веќе кај СТУПИДНОСТ, па да се изразам во овој стил зборов е крајно ступиден.
 
Е како бе? Па Србија и Бугарија се соседи, нормално е покрај целата испреплетена историја да има влијание врз јазикот, а башка сме во истата јазична група, нормално е да има сличности.
Англицизмот е глупост што само во ситни државички може да се развие. Што не се развие во Франција, Италија, Германија, Русија бе?
Во Русија има тренд на воведување на англицизми, ме мрзи да го барам по нет, ако е ставен онлајн документарецот сниман во Москва.
Другиве земји цврсто стојат во одбрана на својот литературен јазик.
 
Или ко што имам слушнато, молот (трговскиот центар), организираа ивент (настан), ме адна (додаде), итн...

Се додека неговото дете не почне да ги користи овие зборови, според мене не постои некаква опасност за изумирање на македонскиот јазик.
А за да почне детето да говори ивент, мол, брадр, систр, треба неговиот татко/мајка интензивно да ги употребува овие зборови што не верувам дека просечен родител во Македонија упорно ќе му ги тупи овие зборови на своето дете (најчесто се користат во одредени ситуации каде што мислат дека е јако [не го употребувам кул:D] да се изговараат )
 
Аднување на пријател и организирање ивент се однесува скоро строго на Фејсбук. “Ме додаде за пријател...“ - што по ѓаволите значи тоа? Тврд диск?! Абе ај... Unfriend е нов збор во англискиот јазик произлезен од Фејсбук и строго се однесува на бришење на профил на друго лице од листа на пријатели на сопствен профил. Што правам на македонски кога твитам? Како тоа да се преведе на македонски? За мол, Crazy in Love, првин не ни сфаќав на што се мисли... Ако сме почнале да го користиме како замена за трговски, тогаш не е на арно работава, навистина... :)

Смени го Фејсбукот на македонски, па ќе ти е пологично ќе навикниш ;) Другото е ок.
 
Се додека неговото дете не почне да ги користи овие зборови, според мене не постои некаква опасност за изумирање на македонскиот јазик.
А за да почне детето да говори ивент, мол, брадр, систр, треба неговиот татко/мајка интензивно да ги употребува овие зборови што не верувам дека просечен родител во Македонија упорно ќе му ги тупи овие зборови на своето дете (најчесто се користат во одредени ситуации каде што мислат дека е јако [не го употребувам кул:D] )

Истите тие зборови не само што се употребуваат од родителите,се употребуваат и во друштвото на тоа дете.Младите дечиња се многу поизложени на тие зборчиња тие се интернет-технологии генерација.
 
Еве еден блог-запис во врска со темата.

Го прочитав и делумно се согласувам, ама зборот БРИФИНГ ми боде очи. Мислам дека во темава бев погрешно сфатена. Јас не велам дека македонскиот јазик мора да има само македонски зборови и дека други не треба да се користат.
На пример и јас користам зборови со странско потекло со оглед дека и факултетот кој го учев и се уште учам ми е таков, па зборовите како имплементира, релевантно и сл. ми се секојдневие. Кога има смисла - да. Зошто да не? Не велам дека за се можно треба да има превод, како повторно ќе ги спомнам табовите т.е јазичињата. Нема логика никаква и никогаш нема да го користам зборот јазиче. Ама и сигурно нема да велам бев у молот имаше ивент ама тоа беше толку ступидно што беше нонсенс. Мислам ај сега. Горе-доле мислам дека не сме во толку спротивни со ставовите, само не се разбравме на почетокот.

Те разбирам што сакаш да кажаш ама тоа е. Првенствено разгледај ги каналите на телевизија и се ќе ти стане јасно.
Кога еден квалитетен македонски пејач оди да се претстави во Србија со песна на српски јазик, во Бугарија со песна на бугарски, а во Хрватска на хрватски, тогаш што можеш да очекуваш? Јас колку што сум запознаена ( а се надевам дека грешам) ниту еден пејач од соседите не не почести со една песна на македонски јазик, а ние нив редовно.

И ако ме прашаш мене не е нормално да се меша јазикот, ама понормални ми се англицизми отколку србизми и некојси факат зборови. Јас на пример секојдневно работам со англискиот јазик и несвесно може да употребам некој збор на англиски, ама не работам и со српскиот и страшно ме нервира кој ќе слушнам ПОБОГУ, ФАКАТ и други србизми. Ако против нешто сум против тоа се србизми.

Кога сме веќе кај СТУПИДНОСТ, па да се изразам во овој стил зборов е крајно ступиден.

Е, кога спомна факат, ми текна на френдица... смешно е едноставно, не прилега. Реков, интернационализмите, англискиот јазик се составен дел од нашите животи, немам ништо против нив, како што веќе напоменав, јас англискиот јазик како јазик многу го сакам, ама има зборови кои не можеш секаде да ги бутнеш. Како ете ступидност, нонсенс. И се почесто место здраво, се употребува хелоу. Не ме разбирај погрешно и јас сигурно некогаш употребувам и ми се испушта некој англицизам што нема врска со животот, ама се трудам барем да пазам, да не испаднам фани и аут оф фешн. :)
 
Па и катедрата ќе ја затворат сега таман да се дозакопа

Што ќе ни е и онака во последнава година се појавија многу експерти од таа област за да не потсетат на правописот. Значи не само што имаме секојдневно силување со англиски изрази имаме и со правописни правила. Не дај боже да ја згрешиш запирката веднаш ќе те искараат.
 
Патетика сте. Знаете што губите со исчезнувањето на македонскиот јазик? Едно големо дебело Ништо.
Погледнете го интернетот. 90% од содржините на интернет се на англиски јазик. Се поврзано со компјутери е на англиски. Виндоусот (прозорците :pos:) ти е на англиски. Да не набројувам. Англискиот ти е глобален јазик. Буквално, ама буквално никој ништо не губи ако сите луѓе на оваа планета зборуваме на ист јазик, во овој случај англиски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom