P
Princ
Гостин
Кили зборува македонски полошо и од мене (полно србизми) така да не е меродавен извор за ваков заклучок.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кили зборува македонски полошо и од мене (полно србизми) така да не е меродавен извор за ваков заклучок.
Aнглицизмот можам да го разберам до негде..во многу јазици завзема место..ама страшно ме вади од такт србизмот па дури и бугарицизмот..
Аднување на пријател и организирање ивент се однесува скоро строго на Фејсбук. “Ме додаде за пријател...“ - што по ѓаволите значи тоа? Тврд диск?! Абе ај... Unfriend е нов збор во англискиот јазик произлезен од Фејсбук и строго се однесува на бришење на профил на друго лице од листа на пријатели на сопствен профил. Како тоа да се преведе на македонски? За мол, Crazy in Love, првин не ни сфаќав на што се мисли... Ако сме почнале да го користиме како замена за трговски, тогаш не е на арно работава, навистина...![]()
Па и во воведниот пост реков дека има глупави преводи, замени... како на пример за таб - јазиче. Ама ме болат ушите кога ќе чујам млад човек како отишол во молот за да купи фустан за ивент. Не велам дека јас не ги користам, ама оние што се соодветни.
Исто како што се глупи преводите за хард диск или десктоп, така е глупо и претворањето на англиските зборови во македонски, покрај соодветни замени.
Во Русија има тренд на воведување на англицизми, ме мрзи да го барам по нет, ако е ставен онлајн документарецот сниман во Москва.Е како бе? Па Србија и Бугарија се соседи, нормално е покрај целата испреплетена историја да има влијание врз јазикот, а башка сме во истата јазична група, нормално е да има сличности.
Англицизмот е глупост што само во ситни државички може да се развие. Што не се развие во Франција, Италија, Германија, Русија бе?
Или ко што имам слушнато, молот (трговскиот центар), организираа ивент (настан), ме адна (додаде), итн...
Аднување на пријател и организирање ивент се однесува скоро строго на Фејсбук. “Ме додаде за пријател...“ - што по ѓаволите значи тоа? Тврд диск?! Абе ај... Unfriend е нов збор во англискиот јазик произлезен од Фејсбук и строго се однесува на бришење на профил на друго лице од листа на пријатели на сопствен профил. Што правам на македонски кога твитам? Како тоа да се преведе на македонски? За мол, Crazy in Love, првин не ни сфаќав на што се мисли... Ако сме почнале да го користиме како замена за трговски, тогаш не е на арно работава, навистина...![]()
Се додека неговото дете не почне да ги користи овие зборови, според мене не постои некаква опасност за изумирање на македонскиот јазик.
А за да почне детето да говори ивент, мол, брадр, систр, треба неговиот татко/мајка интензивно да ги употребува овие зборови што не верувам дека просечен родител во Македонија упорно ќе му ги тупи овие зборови на своето дете (најчесто се користат во одредени ситуации каде што мислат дека е јако [не го употребувам кул] )
Еве еден блог-запис во врска со темата.
Те разбирам што сакаш да кажаш ама тоа е. Првенствено разгледај ги каналите на телевизија и се ќе ти стане јасно.
Кога еден квалитетен македонски пејач оди да се претстави во Србија со песна на српски јазик, во Бугарија со песна на бугарски, а во Хрватска на хрватски, тогаш што можеш да очекуваш? Јас колку што сум запознаена ( а се надевам дека грешам) ниту еден пејач од соседите не не почести со една песна на македонски јазик, а ние нив редовно.
И ако ме прашаш мене не е нормално да се меша јазикот, ама понормални ми се англицизми отколку србизми и некојси факат зборови. Јас на пример секојдневно работам со англискиот јазик и несвесно може да употребам некој збор на англиски, ама не работам и со српскиот и страшно ме нервира кој ќе слушнам ПОБОГУ, ФАКАТ и други србизми. Ако против нешто сум против тоа се србизми.
Кога сме веќе кај СТУПИДНОСТ, па да се изразам во овој стил зборов е крајно ступиден.
Па и катедрата ќе ја затворат сега таман да се дозакопа