Живот после смртта

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Јас за малку ќе сум почувствувал кога сум имал 2-3 години, барем така ми кажуваат, само сум направил грешка...наместо вилушка сум употребил штравцигер, пукнал штекерот ама јас сум останал без мистично искуство :)
Same here само со турпија за нокти со пластична дршка,возраст незнам околу 5 мислам било...осигурачот се упокоил.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Ја замлце ке сум го копирал потегот на 6 години ама мама не ми дала.
Добро е што било на 6, бар сеа (ваљда) знаеш шо праиш :). А такви сведоштва иам слушано од луѓе и од една колешка од работа. Дедо и нејзин и една другарка на другар (него му е поблиска мене не ) кажуваа за тавки работи.
Дедото доживеал клиничка смрт на негови 7 години, и цел живот кажувал како дошол до некој мост и човек во бело го пречекал и му рекол- Дете ти по грешка си дојден, ајде врати се назад, и оживеал (значи немало филмови тогаш коа се родил, ваљда 1920 :) па да лаже ). Слична приказна раскажало девојчево, но кај неа (коа умрела) родителите ја чекале во некоја куќа, пошо биле загинати и веднаш ја изркале, и и рекле дека и е рано за у таа куќа уште.

Чудно, но сепак...
 
Член од
26 октомври 2010
Мислења
90
Поени од реакции
4
Добро е што било на 6, бар сеа (ваљда) знаеш шо праиш :). А такви сведоштва иам слушано од луѓе и од една колешка од работа. Дедо и нејзин и една другарка на другар (него му е поблиска мене не ) кажуваа за тавки работи.
Дедото доживеал клиничка смрт на негови 7 години, и цел живот кажувал како дошол до некој мост и човек во бело го пречекал и му рекол- Дете ти по грешка си дојден, ајде врати се назад, и ожив,еал (значи немало филмови тогаш коа се родил, ваљда 1920 :) па да лаже ). Слична приказна раскажало девојчево, но кај неа (коа умрела) родителите ја чекале во некоја куќа, пошо биле загинати и веднаш ја изркале, и и рекле дека и е рано за у таа куќа уште.

Чудно, но сепак...
Епа или е така нешто или како House шо вика, чисти хемиски реакции у мозокот пред смрта.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Епа или е така нешто или како House шо вика, чисти хемиски реакции у мозокот пред смрта.
Искрено, колку филмови и да се снимаат, мислам дека нема конечно да биде истражено ова прашање.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Ovoj zivot e zivot pred smrtta, a nekoj zivot kako sega ovoj ke bide zivot po ovaa smrt, kako sto sega ovoj nas zivot e ovozmozen zatoa sto nekoj pred nas umrel ne stvoril i se taka samsara.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Тоа е реинкарнација и повеќе би верувал во тоа од него ли пекол и рај :sleep:
--- надополнето: Sep 22, 2011 7:41 PM ---
Тоа е реинкарнација и повеќе би верувал во тоа од него ли пекол и рај :sleep:
 
Член од
27 јануари 2011
Мислења
70
Поени од реакции
20
појма неам дали постои...кој видел...си знаат тие што пошле..имаше една случка со дедо ми..ми раскажуваа демек кога тој веќе заминал, баба ми спискала нешто, и тој се разбудил..се стресив кога ми кажуваа..а не кажаа што кажувал когаа се разубидл.. некогаш на училиште со другарите ќе фатиме ќе прајме муабет за овие работи..и еден другар кажуваше дека некој се вратил од смртта..мислам дека негов дедо (на другаро) и рекол дека никаде нема поубаво од таму...и појма неам сеа дали е то вистина или лажат луѓето.бвввв :S
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Не верувам во задгробен живот а кога би постоел тој духовен свет како би изгледал ? .... можете ли да замислите некое место каде што милјарди,милјарди души уживаат во рајот или патат во пеколот ? Јас искрено не можам
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702

Рај-Пекол е Зороастерска замисла. Не секоја култура го дели тој поглед кон духовниот свет и кон задгробниот живот.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Рај-Пекол е Зороастерска замисла. Не секоја култура го дели тој поглед кон духовниот свет и кон задгробниот живот.
Реинкарнација,задгробен живот ..... исто е за мене , него ти дали веруваш ?
Без разлика каков е погледот кон смртта, религијата наметнува дека сепак постои нешто , односно дека нашиот живот продолжува и после смртта - БУЛШИТ

Зошто човекот си наметна религија ? Според мене тоа е само една добра утеха да се има некоја цел нашето постоење , но болната вистина е дека јас и ти се разликуваме од едно обично куче во тоа што ние како луѓе и како доминантен вид на оваа планета сме станале свесни за нашето постоење и сме мотивирани од перспективата за истрашување а не само од нагонот за преживување
 
Хаххааа....изјава доаѓа од човек што верува во теоријата на Ancient Aliens - no offence :P The kettle called the pot black...lol :pos: Не мешај религии со верувања во задгробен живот. Се ограничуваш. Инаку, да - верувам во духовен свет т.е. астрален свет. Верувам и во задгробен живот - ама не на оној начин на којшто ти би претпоставил - не на начин кој што го опишува било која религија.

Е па ете ја знаеш разликата меѓу едно обично куче и човек. Исто така, човекот има совест - знае да размисли дали во даден момент е паметно да се постапи овака или онака....може тебе ти се чини како мала разлика - ама огромна е.
 
Ако религијата без разлика дали е христијанска или будистичка не ти ја наметна теоријата за задгробен живот од каде па ти веруваш во астрален свет ? Го имаш доживеано ова искуство ? баш сакам да го споделиш со нас .... а за разликата помеѓу човек и куче ми е позната само ја зедов како прост пример. Ако зборуваме за разлики замисли дека 99,9 проценти од нашата ДНК е идентична со шимпанзо но таа мала разлика во некој хромозон од неколку молекули е доволна да не создаде нас. Ова а и безброј други докази ( кои се офтопик за темава ) се доволни за мене да верувам во теоријата за Ancient Aliens а не во некоја религија
 
Од религии не сум здобила такво мислење. За искуства баш и не би делела. Тоа е многу лична работа и не сум овде да раскажувам за валидација од други луѓе. Ако на пример, читаш за астрална проекција, за Near Death Experiences, за искуства со ајахуска и сл - тоа се очигледни искуства во астралниот свет and spirits.

Знам, да...имам читано за све тоа одамна....ама од една страна тоа може е доказ за тебе за Ancient Aliens, а на оние што се религиозни им е доказ дека тука Бог (кој/а/и и да с/е) има умешано прсти. Секој си ги присвојува тоа кон својата перспектива.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom