САД не е пријател на Македонија, тоа е факт и реалност

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Нека е лицемерие. Не менува ништо. Институциите на државата имаат пристап на цела територија, доколку сакаат, како што кажа. Дали си убеден дека ако во 2001 имаше на пример десетина илјади убиени албански цивили, МВР ќе можеше да апси секаде? Во конфликтот во 2001 имаше премногу кловнови за да може да го наречеме војна. Тоа беше контролиран конфликт, ништо повеќе.
Со болдираново се согласувам.А за да немаше таков крај и не знам колку илјади цивили (никој не би го посакал то од почеток) работата мораше да ја завршат уште од 22 јануари 2001 од нападот на ПС Теарце, да не чекаме 10-12 месеци.Мој близок (и уште неколку роднини имав пред и во војната во АРМ / МВР) беше на границата со Албанија пред почнување на овие работи и кажуваше дека на 2 пати пред ова беше запленето поголема количина оружје.Најмногу информации имало за околината на караулата Маздрача и караулата Спас Дебарско најмногу.
Сите служби имаа информации, а некој се праеше мутав или навистина беше (кловновите од цитираниот пост).
ПС, ептен ја избегавме темава без разлика шо многу се поврзани со 2001-ва Американците и НАТО.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.351
Поени од реакции
26.353
работата мораше да ја завршат уште од 22 јануари 2001 од нападот на ПС Теарце
Ова е сосема друга приказна и ова пробувам да го кажам цело време. Не треба да бараме виновници во сите. Треба да се погледнеме во огледало само. Од главата си патиме.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
Ова е сосема друга приказна и ова пробувам да го кажам цело време. Не треба да бараме виновници во сите. Треба да се погледнеме во огледало само. Од главата си патиме.
Многу ја проширивте темава,муабетот беше за улогата на американците во 2001,што правеа,на чија страна беа итн.Тоа не е барање виновници туку констатирање на факти околу кои како што гледам на темава има многу забуни.
Инаку се согласувам дека ако се погледнеме во огледало ќе видиме дека бевме жими куров ама тоа е веќе друга тема.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Брату, во ред се текстовите што ги постираш, но јас и понатаму мислам дека улогата од север и од југ беше голема.

Ништо чудно сите достави на оружје да беа помогнати од Грција и платени од неа.

Сепак официјалната полтика на САД не дозволи ние да се распаднеме како држава, за да денес сме во подобра позиција од пред десет години, нели?

Добивме време, а како ние ќе го искористиме, е тука треба да му ја мислиме...

Исто како напомена во врска со целата тема, немаме многу пријатели и глупаво е да покажуваме со прст, барајќи оправдување за нашата килавост.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
пааааа многу воени експерти имало овдека.. Само незнам зошто некои членови се уште сакат да не убедат дека Американците ни се пријатели ? И дека во никој случај не помагале на Албанските ТЕРОРИСТИ ?

Да не беа Американците, ќе ги згазевме терористите за неколку саати, а денес немаше да постои Рамковниот Договор..
 
Знаеш колку пати го слушав тоа пред 2001 ?

Сите тие што ми кажуваа како ќе ги згазиме, ќе му напрајме ова, ќе му напрајме она, сите бараа врски во 2001 да не ги мобилизираат.
 
B

Black Guard

Гостин
Нема пријатели во политика, само интереси.

А досега се покажа дека на Америве им одговара Македонска држава. И по мене тие ни се единствени пријатели по таа основа, затоа што другите ги боли к.. за нас дали постоиме или пак уште полошо, работат против нас.
Еј по ѓаволите конечно да се најде човек кој реално ја перцепира Американската политика во Регионот но и за Р.М.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 22:04 ---
И дека во никој случај не помагале на Албанските ТЕРОРИСТИ ?

Имаше Приватни воени контрактори-не и официјални лица или да бидам поконкретен НИЕ ги вовлековме НАТО во ситуација ПОСРЕДНИК(нели за Арачиново).

Разберете на НАТО баш тогаш му требаше стабилна Логистика а тоа беше Р.М зарем не ви е јасно??!?!

Да не беа Американците, ќе ги згазевме терористите за неколку саати, а денес немаше да постои Рамковниот Договор..

Можна граѓанска војна и ризик за регионален конфликт кој може сериозно да го дестабилизира регионот-не доаѓа предвид.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
Еј по ѓаволите конечно да се најде човек кој реално ја перцепира Американската политика во Регионот но и за Р.М.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 22:04 ---

Имаше Приватни воени контрактори-не и официјални лица или да бидам поконкретен НИЕ ги вовлековме НАТО во ситуација ПОСРЕДНИК(нели за Арачиново).

Разберете на НАТО баш тогаш му требаше стабилна Логистика а тоа беше Р.М зарем не ви е јасно??!?!
Аман бе пријателе ова како портпаролот на НАТО да го слушам.Тоа што си го напишал е верзијата за пред камери,на терен воопшто не беше така.

Инаку на дечкиве што биле неутрални,па дури и чат-пат ни помагале може само капа да им се симне за тоа што успеале толку македонци да убедат во нивната верзија :cuc:
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
А има ли некој што е пријател на САД? (без Ј.Кореа и Израел со нивните дудлачки способности и географската близина до Блискиот Исток и С.Кореа :tapp: )
САД исто така има многу "пријатели" долж границата со бивши СССР :pos:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
САД и гарантира на Грција дека НАТО нема да ја смени одлуката за Македонија?!

09.12.2011 - 14:11 |
САД и дале гаранција на Грција дека Македонија нема да влезе во НАТО додека не се реши спорот со името.
Ова го тврди грчкиот весник Катимерини

Грција е членка на НАТО , тие веќе се пријатели , како тоа мислите САД да подржат држава која не знае кај припаѓа , кон западот или славјанскиот исток , народ кој одсекогаш бил антиамерикански настроен.
Во оваа држава се дозволиле настани кои можат да се случат само во Сомалија , Иран или Јемен ... а тоа е палење на америчката амбасада.
За кого ? За Србија , за Милошевиќ.
Истите тие луѓе денес уредуваат весници и телевизии , и шират антиамериканизам.

САД го гарантираше опстојувањето на Македонија , кога другите цртаа мапи за делење , САД велеа оваа држава може и на овие граници , само мала промена на Уставот може да ги спаси овие 25000км2.
--- надополнето: 14 декември 2011 во 13:18 ---
пааааа многу воени експерти имало овдека.. Само незнам зошто некои членови се уште сакат да не убедат дека Американците ни се пријатели ? И дека во никој случај не помагале на Албанските ТЕРОРИСТИ ?

Да не беа Американците, ќе ги згазевме терористите за неколку саати, а денес немаше да постои Рамковниот Договор..
Многу се лажеш.

Американците се измешаа на крај , кога видоа дека на проблемот македонските власти погрешно пристапуваат , наместо политичко решение , тие мислат дека воено можат да се справат а немаат капацитет за тоа , економијата пропадна за неколку месеци војна , цели села се палеа и гранатираа , исто како на Косово , наместо да се справиш со УЧК , од 10км стрелаа само за да уништат домови на македонските граѓани.

Ќе ги згазевме за неколку саати :) Читај болдот горе.

На почеток цел запад УЧК ги нарече терористи , и никој не ги подржа , власта имаше слобода на оперирање , но наместо да ги згазеа , фронтот само се ширеше.

Не е добро да се вратиш во минатото и да тугуваш , пошто сепак многу добро се заврши се спасивме со само 200 загинати , и двете страни не беа подготвени да дадат повеќе.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.672
Поени од реакции
4.368
Грција е членка на НАТО , тие веќе се пријатели , како тоа мислите САД да подржат држава која не знае кај припаѓа , кон западот или славјанскиот исток , народ кој одсекогаш бил антиамерикански настроен.
Во оваа држава се дозволиле настани кои можат да се случат само во Сомалија , Иран или Јемен ... а тоа е палење на америчката амбасада.
За кого ? За Србија , за Милошевиќ.
Истите тие луѓе денес уредуваат весници и телевизии , и шират антиамериканизам.

САД го гарантираше опстојувањето на Македонија , кога другите цртаа мапи за делење , САД велеа оваа држава може и на овие граници , само мала промена на Уставот може да ги спаси овие 25000км2.
--- надополнето: 14 декември 2011 во 13:18 ---

Многу се лажеш.

Американците се измешаа на крај , кога видоа дека на проблемот македонските власти погрешно пристапуваат , наместо политичко решение , тие мислат дека воено можат да се справат а немаат капацитет за тоа , економијата пропадна за неколку месеци војна , цели села се палеа и гранатираа , исто како на Косово , наместо да се справиш со УЧК , од 10км стрелаа само за да уништат домови на македонските граѓани.

Ќе ги згазевме за неколку саати :) Читај болдот горе.

На почеток цел запад УЧК ги нарече терористи , и никој не ги подржа , власта имаше слобода на оперирање , но наместо да ги згазеа , фронтот само се ширеше.

Не е добро да се вратиш во минатото и да тугуваш , пошто сепак многу добро се заврши се спасивме со само 200 загинати , и двете страни не беа подготвени да дадат повеќе.
Ти се лажеш друже односно ти кажувале многу бајки.Тоа што ве НАРЕКУВАА терористи во нивните јавни настапи не значи дека на терен не ве помагаа(Ал Каеда одсекогаш ги нарекувале терористи ама кога овие војуваа со СССР на терен сите знаат кој им беше најголем донатор на оружје).За тоа дека само гаѓале нашите војници,а немале дуел гради во гради со учките сте сами вие криви затоа што штом слушневте дека идат волците бегаа што побрзо преку планините кон Косово(ДА СЕ СУДРАТ ГРАДИ В ГРАДИ ВОЛЦИТЕ И УЧКИТЕ ШТО МИСЛИШ КАКОВ ЌЕ БИДЕ ЕПИЛОГОТ
:)).Ама добро не те обвинувам тебе нормално дека ќе ви прават приказни па никој не сака за себе да каже дека е слабак, сите во своите приказни се победници.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
имаше ли американски инструктори во Арачиново или тоа е шпекулација?
Шпекулација.

Сте запнале за Арачиново , а имаше уште 30-40 села кои не беа под контрола на државата неколку месеци по ред, а уште десетина други беа спремни да прошират фронт.
Тоа го знаеле американците и не им се допаѓало тоа , не сакале Македонија да биде поделена.
Според тоа што пишувате , вашиот антиамериканизам започнал со Арачиново , како да беше само Арачиново село кое се контролираше од УЧК.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Сте запнале за Арачиново , а имаше уште 30-40 села кои не беа под контрола на државата неколку месеци по ред, а уште десетина други беа спремни да прошират фронт.
Кои се тие 30-40 села?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Кои се тие 30-40 села?
Само општина Липково има толку села, еве Арачиново ќе паднеше , ама Гостивар ќе се отвореше , а автопатот Скопје-Тетово редовно ќе нудеше нови карпалаци.

Улогата на САД во 2001-ва е позитивна за двете страни, завршете веќе со овие сомничења.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Само општина Липково има толку села.
И сакаш да кажеш дека у цела општина Липково не била под контрола на безбедносните сили на РМ у 2001?
Мех, не верувам, претпоставувам пак продолжуваш со шпекулациите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom