Максимална брзина со која сте возеле моторно возило?

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Ништо не сум се збунил...Ако има трка легално како што викаш ти и се одржува на некоја одредена локација таму и ќе си го тестираш возилото и сите останати учесници во трката таму ќе си ги загреваат и припремаат возилата.А алфи безпотреба не се собираат по 10 дефендера.Доколку правиш прекршок и не застанеш на знак од полицијата е тогаш си мета на алфите и полицијата.Доколку сте пример другари (една екипа од 10 души имате тркачки коли сакате да учествувате на некаква трка или припреми за трки)обрати се до МВР прашај во полициската станица каде што сакате да ги тестирате возилата дали ќе дозволи,дали ќе добиеш одобрение дали местото каде што сакаш да го тестираш возилото е соодветно и сл.Не е се црно како што вие гледате.
Да беше се така розево супер ке беше и немаше да јадам гомна тука. Муабетов е сакаш да бидеш фудбалер а да немаш терен и да ја прашуваш полицијата дали може да поставиш голови на улица и да тренираш на улица мислам нема смисла и никогаш нема да ни дозволат. Сите знаеме каде се одржуваат трките во македонија тренинг и да не постои и доколку постои е за запознавање на стазата нема време измеѓу тренинг и квалификации да рчкаш кола само некој ситници можеш да средиш. Како и да го вртиме муабетот македонија нема место каде што можеш да се издуваш со кола без да бидеш закана за други и да не правиш прекршоци. Така да немој да се чудиш зашто покрај тебе поминува некој со 200 на саат или па на водно кога ке се шеташ да го видиш ова
 
elektro

Генијалец
Член од
11 мај 2009
Мислења
132
Поени од реакции
40
Абе јас ти кажав нешто 100 пати нема да повторувам ако толку сакаш да возиш брзо повели вози и не почитувај ни сигнализација ништо коа ќе ти текне стисни гас(а после дали ќе имаш работа со БПС,Алфи,брза помош твој проблем) ИЛИ КУПИ СИ МЕСТО НАПРАВИ СИ СТАЗА НАДВОР ОД ГРАДОТ ПА АКО САКАШ СПИЈ НА ВОЛАН (тоа е твое право)
Јас глупости не трескам на сите им кажувам дека нема потреба да си прават проблеми и штета на самите себе а и на граѓаните.Вози колку сакаш ама немој да применуваш често голема брзина не е добро за тебе и за околината во која возиш.Што побрзо возиш(Шансите за да се случи нешто се зголемуваат)Ти како сакаш јас не ви држам предавања ви кажувам нешто што мислам дека е исправно.А тоа стаза имало немало,полицијата нејќела сакала неможам јас сам да решам.Ако имаш подршка и ако се држиш цврсто до планот или целта во се ќе успееш.
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Јас глупости не трескам на сите им кажувам дека нема потреба да си прават проблеми и штета на самите себе а и на граѓаните.Вози колку сакаш ама немој да применуваш често голема брзина не е добро за тебе и за околината во која возиш.Што побрзо возиш(Шансите за да се случи нешто се зголемуваат)Ти како сакаш јас не ви држам предавања ви кажувам нешто што мислам дека е исправно.
Убо ти кажаа дечките погоре дека никој од нас а и од цела држава, не излегва со колата и константо вози 200 на сат. Прво условите не дозволуваат, патиштата се за кршење на камења во бубрези, а и немаме ферари/ламборџини по гаражи... Конкретно мојата кола поќе од 165 на гла да се наместам не оди :гик:
Meне лично еве ми смета на пример кога во Скопје на партизанска возат со по 150... Сепак е градско подрачје, настрана од градот во зависност од условите на патот можиш да се опуштиш.
Исправно е тоа што го велиш дека не е во ред да земиш кола и да ја нагазиш до даске... Ама оти на пример на места каде што има предиспозиции да се вози пример по 90, има ограничување од 60?
Јас лично возам со навигација која ме предупредва ако возам со 10 km/h повеќе од дозволеното, и сум наишол на многу места каде што е претерано ограничувањето.
Сеа човек сум, еднаш на 100 пати ми иди да се издувам и да нагазам малку повеќе, и ти не си имун на тоа 100% сум сигурен ;).
Ставот ти е јасен, сакаш да се почитуваат правила и прописи и јас сум за... Али општо ние сме махери за обратното :sneaky: Казни? Нека има, ама да има за сите :coffee:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Вие цело време не возите 100,150,200 ама тоа го правите барем (2,3,5,6***) пати во денот и тоа не само на автопат.Повеќето учесници во сообраќајот(со моторни возила) дококу пред нив се наоѓа некое постаро возило/возило кое вози според пропис/го забрзуваат и со тоа "изигруваат фраери како да се на трки" и од ништо настануваат сообраќајки и сл.(зборам за сите)

Пример од пастичарската улица до маџари нема некој да вози 60 стандард сите возат 70/80/90 па дури и 100 за ловците со неозначени возила има доволно работа благодарение на таквите возачи.Кратко и јасно кај нас не се почитува патната сигнализација ни на населено место ни на автопат. Ако пишува дозволено 120 (автопат) според мене *(Проценка)*лицата на возраст од 18 до25 години ја пречекоруваат ограничената брзина) Зошто??? Која е причината??? Фраер да претекнува други возила да биде прв! и после кога ќе биде сопрен од Екипа на Безбедност и патен сообраќај (републичка полиција) еј вака,еј така,овој ми е вујко... за таквите казна дирекно и нека се жали кај сака.
Направете тема ПРИМЕРЕН возач/Возач кој ги почитува правилата и сл. и за тоа може да се прави муабет а со тие големи брзини може штета да си нанесете на самите себе.Сите вие возите но зошто безпотребно да го управувате возилото со голема брзина (доколку нема потреба од тоа).Доколку сте љубители на брзо возење има каде да се покажете .Ради тој голем мерак (сосема случајно)може да настрада некој.
Многу ми е мерак да си разговарам на автомобилистички теми со г-да од Органот :)
Би сакал да ти реплицирам на повеќе твои постови, но заради прегледност, не цитирав се, а овој пост го земав, бидејќи токму тука сакам да се задржам најмногу.
Но да почнам со ред:
Велиш, возиш 60 и си уживаш во вожњата. ОК тоа... индивидуална работа е тоа. Но, дали спората вожња е секојпат сигурна? Или... дали брзината сама по себе е опасна?
Мојот одговор е НЕ и на двете прашања. Не дека сум некој брз возач, имам легално возачко искуство од некои 16 години, плус уште некоја нелегално, башка најчесто не се возам сам...
Јас на пр. во зависност од возилото кое го управувам, но и самиот коловоз, неговата конфигурација, на автопат се држам помеѓу 110-140. На магистралите обично во рамките на дозволеното, и пак во зависност од коловозот +20 на пр.
Тука е работата во тоа што си знам лимитот на возилото, очите ми се отворени...
За град се знае. По пропис! Премногу непредвидливо е да се случуваат работите побрзо од дозволеното :)
Во целост се согласувам во делот во кој тврдиш дека кај нас не се почитува сигнализацијата и ограничувањата. Проблемот е во тоа што и самата полиција не ги почитува.
Сум бил сведок на паркирање полициско возило на место за инвалиди, паркирање на лента за возење паралелно со паркинг, па блокирани едно две возила токму од возило на МВР... да не го ни спомнувам класичното дивеење од страна на вработени во МВР по патиштата со нерегистрирани, но и со возила со странски таблички, и нивно несанкционирање... нели колеги.
За ловците... повеќе се однесуваат како агент-провокатори, отколку како ловци.
Пред едно месец дена, еден таков ми се залепи на газот по Скопјето. Класичен tailgating, за што во културните држави се одзема возачка на подолг период. Блендира, свири за да се заебеш. И, остава гуми на асфалтот заради едно палење на моите штоп светла, демек кочам. малце обука им треба на тоа ловците, ептен аматерски...
Се согласувам и со констатацијата дека најчесто оние од 18-25 возат брзо... младост-лудост... јбг.
Инаку, 98% од казните ви се фалични од формална страна и треба да паднат на Управен суд по жалба.
Неможе бе, златен, ме фаќаш со радар, велиш брзо возиш, ми го пикаш тоа радарот во лице на 0,5 милисекунди, не ми покажуваш претходен записник со измерена брзина на возилото пред мене, се правиш фраер кога прашувам дали е баждарен радарот, или кога барам да се легитимираш. Толеранцијата од 10% на измерената брзина до 100 км/ч и 10 км/ч на измерени брзини над 100 не постои? А да... и сето тоа треба да го наведеш во записникот кој ми го пишуваш мене, пред мене, ми го прочиташ, и ги запишуваш во него моите забелешки токму онака како што сум ги рекол.
Во тефтерот не се пишуваат мои генералии, ако го правиш тоа, прави го директно на записник, на покана за запишување негативни поени, и налог за наплата на глоба.
Тоа со финтата одби да прими... тоа е мизерно. Паѓа. Ниту пак имам намера да мрзнам на ладното напупен на џамот на Крајслерот додека ти си пишуваш, или да ми блендираш да си земам документите.
Треба да дојдеш да ми ги дадеш.
Е, кога сето тоа ќе се одвива така како што треба, тогаш можеме да дискутираме на тема ПРИМЕРЕН ВОЗАЧ. Сега, ние обичните смртници нема од кого да земаме пример.
Ловете ги пијаните и дрогирани будали кои возат, тие се опасни. Брзината, онака како што ја опишав не е воопшто опасна. И.. ставете си ред кај вас.
И едно големо браво за внатрешната контрола во МВР-то!
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
и од мене браво за внатрешната контрола... се разбира доколку и таа не е корумпирана...
Незнам дали си имал работа со внатрешната контрола на МВР, или не, а јас од мое лично искуство тврдам дека преземаат мерки.
Повеќе пати сум пријавувал непрофесионален однос на полициски службеници во последните неколку години, и тоа директно во секторот на МВР, а не преку полициски станици, бидејќи кога пробав така, полицаецот се обиде да ме разубеди да не се глупирам, дека можам да имам последици, да не се заебавам со држава...бла, бла, бла.... и несакаше да состави записник за поднесена усна претставка.
И, потоа директно си напишав една претставка во која го спомнав и дотичниот службеник, и ја пратив директно во Скопје до единицата за професионални стандарди и внатрешна контрола...
Потоа на тој начин постапував секогаш кога за такво нешто имаше потреба.И, секогаш, после извесно време добивав едно писменце во кое се заблагодаруваат и тврдат дека ќе ги разгледаат моите тврдења, кои секогаш, ваљда како професионална деформација, се поткрепени со докази :)
Оттука натаму е се само претпоставка што се случува, бидејќи никој, па и јас како поднесувач, нема право да биде запознаен со текот на настаните (дисциплинска постапка) понатаму. Тоа е интерна работа на МВР.
А сето тоа го правам не од некоја омраза или сл. туку заради тоа што ако јас во мојата професија може да почитавам некои основни стандарди и процедури, така може и тој. Ако јас можам да се смешкам, може и тој... и згора на се, јас го плаќам... и ти... и сите ние повеќе или помалку! А за мои пари, некое копиле да ми се курчи... тоа не го дозволувам.
И, отприлика на две недели јавно објавуваат по медиуми колку дисциплински постапки се покренати, колку се завршени со казни, како и видот на казни, не се споменуваат имиња и презимиња на полицајци, можеби понекогаш полициска станица... па така можеш да си го препознаеш пријавениот.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
.....И, отприлика на две недели јавно објавуваат по медиуми колку дисциплински постапки се покренати, колку се завршени со казни, како и видот на казни, не се споменуваат имиња и презимиња на полицајци, можеби понекогаш полициска станица... па така можеш да си го препознаеш пријавениот.
да, вчера читав нешто... операција “бришач“ избриша 17 полицајци... што и да беше, не сватив конкретно ама гарант е од внатрешна контрола нешто....
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
да, вчера читав нешто... операција “бришач“ избриша 17 полицајци... што и да беше, не сватив конкретно ама гарант е од внатрешна контрола нешто....
Не е тоа внатрешна... друго е тоа :) Макар што можеби внатрена има маааалце замешано прсти.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Не е тоа внатрешна... друго е тоа :) Макар што можеби внатрена има маааалце замешано прсти.
гледав денес на ТВ...превари праеле нешто со местени сообраќајки.. барем така на сител кажаа...
 
Член од
13 јуни 2007
Мислења
206
Поени од реакции
15
205km/h.. со од татко ми вектрата. 2.0 dti.гостивар-тетово. по правиот дел.

е сеа ме интересира.. да би напрајл некој приватна стаза, и пример покрај организирани трки шо би се оддржувале да има и отворени денови каде секој ќе може да иде и да го изгори своето возило (ова би било све легално).. мм? фала богу ќе се плаќа одредена сума за влез..

би упалила таа работа?
 
elektro

Генијалец
Член од
11 мај 2009
Мислења
132
Поени од реакции
40
Многу ми е мерак да си разговарам на автомобилистички теми со г-да од Органот :)
Би сакал да ти реплицирам на повеќе твои постови, но заради прегледност, не цитирав се, а овој пост го земав, бидејќи токму тука сакам да се задржам најмногу.
Но да почнам со ред:
Велиш, возиш 60 и си уживаш во вожњата. ОК тоа... индивидуална работа е тоа. Но, дали спората вожња е секојпат сигурна? Или... дали брзината сама по себе е опасна?
Мојот одговор е НЕ и на двете прашања. Не дека сум некој брз возач, имам легално возачко искуство од некои 16 години, плус уште некоја нелегално, башка најчесто не се возам сам...
Јас на пр. во зависност од возилото кое го управувам, но и самиот коловоз, неговата конфигурација, на автопат се држам помеѓу 110-140. На магистралите обично во рамките на дозволеното, и пак во зависност од коловозот +20 на пр.
Тука е работата во тоа што си знам лимитот на возилото, очите ми се отворени...
За град се знае. По пропис! Премногу непредвидливо е да се случуваат работите побрзо од дозволеното :)
Во целост се согласувам во делот во кој тврдиш дека кај нас не се почитува сигнализацијата и ограничувањата. Проблемот е во тоа што и самата полиција не ги почитува.
Сум бил сведок на паркирање полициско возило на место за инвалиди, паркирање на лента за возење паралелно со паркинг, па блокирани едно две возила токму од возило на МВР... да не го ни спомнувам класичното дивеење од страна на вработени во МВР по патиштата со нерегистрирани, но и со возила со странски таблички, и нивно несанкционирање... нели колеги.
За ловците... повеќе се однесуваат како агент-провокатори, отколку како ловци.
Пред едно месец дена, еден таков ми се залепи на газот по Скопјето. Класичен tailgating, за што во културните држави се одзема возачка на подолг период. Блендира, свири за да се заебеш. И, остава гуми на асфалтот заради едно палење на моите штоп светла, демек кочам. малце обука им треба на тоа ловците, ептен аматерски...
Се согласувам и со констатацијата дека најчесто оние од 18-25 возат брзо... младост-лудост... јбг.
Инаку, 98% од казните ви се фалични од формална страна и треба да паднат на Управен суд по жалба.
Неможе бе, златен, ме фаќаш со радар, велиш брзо возиш, ми го пикаш тоа радарот во лице на 0,5 милисекунди, не ми покажуваш претходен записник со измерена брзина на возилото пред мене, се правиш фраер кога прашувам дали е баждарен радарот, или кога барам да се легитимираш. Толеранцијата од 10% на измерената брзина до 100 км/ч и 10 км/ч на измерени брзини над 100 не постои? А да... и сето тоа треба да го наведеш во записникот кој ми го пишуваш мене, пред мене, ми го прочиташ, и ги запишуваш во него моите забелешки токму онака како што сум ги рекол.
Во тефтерот не се пишуваат мои генералии, ако го правиш тоа, прави го директно на записник, на покана за запишување негативни поени, и налог за наплата на глоба.
Тоа со финтата одби да прими... тоа е мизерно. Паѓа. Ниту пак имам намера да мрзнам на ладното напупен на џамот на Крајслерот додека ти си пишуваш, или да ми блендираш да си земам документите.
Треба да дојдеш да ми ги дадеш.
Е, кога сето тоа ќе се одвива така како што треба, тогаш можеме да дискутираме на тема ПРИМЕРЕН ВОЗАЧ. Сега, ние обичните смртници нема од кого да земаме пример.
Ловете ги пијаните и дрогирани будали кои возат, тие се опасни. Брзината, онака како што ја опишав не е воопшто опасна. И.. ставете си ред кај вас.
И едно големо браво за внатрешната контрола во МВР-то!
Струмикс се е океј значи секаде има вработени кои не работат исправно кои мислат ако се на таа функција ке си играат мајтап.Никој не би сакал полицаец да го матка да си игра со него и да го прави будала.......Нашата Внатрешна контрола е екстра и мислам дека работат баш како што треба Државата ни иде напред сите пропусти се исправаат и се гледа да има што помали пропусти не само во полицијата и во други области.А ако некој од службениците мислиш сакаат да те *зае*ат* да те местат беспотребно бараат пари и сл како досега што си правел Внатрешна контрола така и продолжи .. а приметиш нешто што не е океј со полицијата пријави си имаш право никој неможе да те кочи.

А кај нас да има некои места каде што ограничувањето на брзината е за никаде но тоа е поради безбедносни причини.Доста беше офф-топик ќе направиме тема и таму слободно убаво ќе си помуабетиме зошто тука е за кој колку возел.Поздрав
 
Ми се допаѓа твоето размислување! Апсолутно.
Излеговме малку офтопик, но сепак е во ред.
За брзината останувам на моето дека сама по себе не е опасна, но во контролирани услови. А секако, секој жив на светот посакал ( и остварил) да назгазне...
Но, тоа треба да се прави во апсолутно сигурни услови.
Еве, мојата максимална брзина, напишана таму некаде на почетокот на темата, е остварена на Петровец на автопатот пред наплатните рампи од Скопје кон Велес, околу 2 часот наутро. :)
И, останувам на тоа дека пијаните и издрогирани возачи се многу поопасни од некои кои возеле 20-30 над дозволеното.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom