Лопови,убијци,манијаци,блудници,коцкари...Сето тоа се личности,луѓе кои се однесуваат така според својата волја.Апсурдно е што се обидуваш да направиш паралела со постоењето на дрогата.Бог не ја создал?Епа кој ја создал тогаш?Има синтетички дроги,да,кои ги создал човекот,но што да кажеме еве за марихуаната?Според вашата света книга Куран сето тоа што е на земјата е креација на Алах.Која е причината тогаш за создавање на таа психотропна тревка?Онака ли,без причина?Како можеш да поверуваш во тој муабет(те цитирам)-Како со одбивање на тие зла би го заработиле местото во идниот свет.Зошто го прави ова?Значи нашите животи за него се само реалити шоу,така заклучувам според муабетов.Зошто го прави тоа,нема попаметна работа ли па ќе гледа џанаци како ролаат?Па нели е тој Бог,каков е тој да не кажам садистички фетиш да ја гледа својата креација како се уништува?Ти твоето дете ќе го пуштиш ли да се фикса секој ден по двапати за да можеш еден ден да го казниш заради тоа и да го џитнеш да гори во оган?Би го направил ли свесно тоа?Да,ќе го направиш само ако ти фали нешто во главата!Нели сме негови деца,каде е тука неговата љубов?Јас не ја гледам никаде.Друг пример-Кажи ми ти дали некој ако ти украде нешто од дома,дали би го казнил на горење во вечниот оган?Ти разбираш што е вечност?Тебе нормално ти е за една обична кражба некој да гори вечно?Нормално ти звучи ли?Зошто ова патење,која е поентата,ако е семоќен како што се претставува зошто не му скрши роговите сосе забите на Шејтанот и да се посвети на луѓето,на неговите деца и да завршиме со овие срања?Има само три одговори-или не е семоќен како што милува да си се претстави или не постои кај него љубов спрема своето дете(читај човекот) или не постои никаков Бог и ние двајца изиграваме двајца будали и збориме за нешто што не постои.Моли се да е третото.