Тоа е доброто.Во Кочани можеби најдобро се спорведуваат сообраќајните закони.Затоа мислам и дека доста има помалце инциденти за разлика од другите градови.Секако дека има и фраери кои не ги почитуваат ограничувањата,ама малку се,а плус и има лек за нив.Казни.У Кочани татко ми со старото фиќо престигнуваше бе-ем-виња, пошто овие возат 40 на саат а татко ми 60, и се радуваше дека престигнува коли, во Скопје никогаш не му успеваше тоа.
За се си ми во право!Да си ми жив и здрав.Гласав за децата,тетките,таксисите и сите од Бит пазар до Чаир!Според она шо ми се мота низ глата... најчесто штипјани се подизгубени низ скопјето, па возат бавно и бараат некој објект за ориентација... и идиме до моментот дека некој батка од Ск излегол во 8 без 5 од влае, а треба во 8.00 да биди пред Влада...
Е така де... од она погоре иди ова подолу.
Имаш опција за повеќе гласови, ама ако си гласал веќе отиде...
За болдираното незнам дали кога си полагал тестови си поминал со врски или па не памтиш добро каде се движат велосипедите со помошен мотор така наречени скутери.Копиљаците на скутери - за нив сообраќајни правила се непознат поим. Дел од населението со суицидни нагони. Се пикаат кај стигнат, возат и по тротоарите кога не им чини на улица, на семафор секогаш се пикаат напред и стојат на 20 cm од хауба. Наместо да возат на средина на лентата, како што треба да возат, секогаш возат десно, најчесто и поспоро, па ако има гужва во другата лента и не можеш да претекнеш, мораш да возиш 20 зад прдакалото.
Таксистите - секогаш со филозофија "не давај жмигавец, така ќе ги откриеш своите планови на непријателот". Застанување на сред улица и на најневозможни места, сечење ленти, свирење, колнење, а знам и еден куп што намерно предизвикале сообраќајки за да си ги поправат крнтиите.
Плавушите (и плавушаните) со џипови - мислат дека ако купиле џип, светот е нивни. Со истата филозофија како таксистите, со тоа што овие возат побрзо и мислат дека имаат право да ти се паркираат на балкон и таму да го остават нивното скапоцено превозно средство. Ако случајно им свирнеш кога ќе ти пресечат пат, те гледаат како да си им го убил мачето. Најчесто додека возат си ги проверуваат шишките/се шминкаат. Еднаш (поодамна беше додуша) на раскрсницата Рузвелтова/Народен фронт, со моите во кола возевме по Рузвелтова, а од Народен фронт на нас со полна брзина налета една мустра (плавуша, need I say). Малата не приметила дека има раскрсница, си ставала кармин Среќа што татко ми отсекогаш не тераше да ставаме каиш, инаку ќе полетавме сите.
Женско сум. Се сеќавам, да, меѓутоа треба да се движат на крајот десно, не помеѓу средината и десниот крај, да не можеш безбедно да ги претекнеш. Ако веќе возат така, нека возат или на средина или сосема десно. И, да, праволиниско движење, не како пијани кокошки.За болдираното незнам дали кога си полагал тестови си поминал со врски или па не памтиш добро каде се движат велосипедите со помошен мотор така наречени скутери.
Опасно е да возиш скутер до тротоар лесно може некој неискусен да го подкачи тротоарот затоа малце полево возат. На крај крајва добро е кога го гледаш пред тебе, лошо е кога праат глупост на пример сакаш да вртиш десно а тој сака да те помине од десна страна ако не пратиш ретровизори ке го носиш на душа.Женско сум. Се сеќавам, да, меѓутоа треба да се движат на крајот десно, не помеѓу средината и десниот крај, да не можеш безбедно да ги претекнеш. Ако веќе возат така, нека возат или на средина или сосема десно. И, да, праволиниско движење, не како пијани кокошки.
Toa e jaka finta so vozachki da davaat na 16 godiniАма сега ако го воведат ова со 16 години возачка, мислам дека овие ,,возачи,, ќе ги надминат и жените
Голема е веројатноста дека веќе имаш заборавено да возиш. Кога ќе почнеш да возиш ќе бидеш класична плавуша во џип, или што и да возиш.Имам возачка речиси 5 години, не возам, нервите не планирам волку рано да ги изгубам.