Најлоши возачи по скопските улици?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Најлоши возачи по скопските улици?

  • Копиљаците на скутери

    Гласови: 97 17,0%
  • Штипјаните

    Гласови: 37 6,5%
  • Таксистите

    Гласови: 135 23,7%
  • Децата со тазе возачка

    Гласови: 59 10,4%
  • Тетките со југовци

    Гласови: 77 13,5%
  • Плавушите со џипови

    Гласови: 110 19,3%
  • Возачите на автобуси

    Гласови: 33 5,8%
  • Тетовчани

    Гласови: 24 4,2%
  • Сите од Бит-пазар до Чаир

    Гласови: 160 28,1%
  • Не сум од Скопје и ич не ме боли кој како вози :)

    Гласови: 121 21,2%

  • Вкупно гласачи
    570
У Кочани татко ми со старото фиќо престигнуваше бе-ем-виња, пошто овие возат 40 на саат а татко ми 60, и се радуваше дека престигнува коли, во Скопје никогаш не му успеваше тоа.
 
Копиљаците на скутери - за нив сообраќајни правила се непознат поим. Дел од населението со суицидни нагони. Се пикаат кај стигнат, возат и по тротоарите кога не им чини на улица, на семафор секогаш се пикаат напред и стојат на 20 cm од хауба. Наместо да возат на средина на лентата, како што треба да возат, секогаш возат десно, најчесто и поспоро, па ако има гужва во другата лента и не можеш да претекнеш, мораш да возиш 20 зад прдакалото.
Таксистите - секогаш со филозофија "не давај жмигавец, така ќе ги откриеш своите планови на непријателот". Застанување на сред улица и на најневозможни места, сечење ленти, свирење, колнење, а знам и еден куп што намерно предизвикале сообраќајки за да си ги поправат крнтиите.
Плавушите (и плавушаните) со џипови - мислат дека ако купиле џип, светот е нивни. Со истата филозофија како таксистите, со тоа што овие возат побрзо и мислат дека имаат право да ти се паркираат на балкон и таму да го остават нивното скапоцено превозно средство. Ако случајно им свирнеш кога ќе ти пресечат пат, те гледаат како да си им го убил мачето. Најчесто додека возат си ги проверуваат шишките/се шминкаат. Еднаш (поодамна беше додуша) на раскрсницата Рузвелтова/Народен фронт, со моите во кола возевме по Рузвелтова, а од Народен фронт на нас со полна брзина налета една мустра (плавуша, need I say). Малата не приметила дека има раскрсница, си ставала кармин :tapp: Среќа што татко ми отсекогаш не тераше да ставаме каиш, инаку ќе полетавме сите.
 
У Кочани татко ми со старото фиќо престигнуваше бе-ем-виња, пошто овие возат 40 на саат а татко ми 60, и се радуваше дека престигнува коли, во Скопје никогаш не му успеваше тоа.
Тоа е доброто.Во Кочани можеби најдобро се спорведуваат сообраќајните закони.Затоа мислам и дека доста има помалце инциденти за разлика од другите градови.Секако дека има и фраери кои не ги почитуваат ограничувањата,ама малку се,а плус и има лек за нив.Казни.
--- надополнето: Dec 11, 2011 11:58 AM ---
Според она шо ми се мота низ глата... најчесто штипјани се подизгубени низ скопјето, па возат бавно и бараат некој објект за ориентација... и идиме до моментот дека некој батка од Ск излегол во 8 без 5 од влае, а треба во 8.00 да биди пред Влада...
Е така де... од она погоре иди ова подолу.

Имаш опција за повеќе гласови, ама ако си гласал веќе отиде...
За се си ми во право!Да си ми жив и здрав.Гласав за децата,тетките,таксисите и сите од Бит пазар до Чаир! :)
 
темава е... хахахаха.... разни муабети се изначитав...

луѓе, разберете дека во скопје се живее далеку по динамично одколку во другите градови низ македонија (не зборам за никој поединачно туку сите во исти куп ги ставам). и исто така треба да разберете дека патиштата (улиците и булеварите) се драстично по големи, по долги, по широки одколку низ другите градови. и за крај раберете дека скопје е метропола во која живее околу половина од мк населението. сето ова наметнува еден начин на живот кој секогаш завршува со кусок на време за било што, па заради тоа и доста се брза и секако лудо-брзо се вози. секој некаде брза, бидејки патот што треба да го пројде е доста голем, за разлика од другите градови низ мк. значи во другите градови низ мк можеш и пешки да појдеш, за брзо време ке стигнеш таму кај што си тргнал. во скопје тоа не е случај.

и сега, токму поради фактот дека сите брзаат и брзо возат, кога ке се погоди некој од другите градови, да го тупи и да се влече затоа што неможе да се снајде кај тргнал и не знае кај да оди тоа страшно нервира. поради некој кој ни го знеш ни го познаваш ти треба да касниш онаму кај што си тргнал.

или и немора да е тоа причината, на пример многу од возачите од другите градови воопшто возењето низ нивните градови е максимално со 30 на час. таквите и на автопат кај што е дозволено да се вози 120, возат со 80. на нив им е непоимливи и нејасно како со таа брзина да возат по булевари, а не се ни свесни колку луѓе во тој момент позади нив се нервираат, токму поради фактот дека се влечат. во овој куп ги ставам и новопечените возачи (млади и не искусни) и 99% од женските возачи. шофери без мадиња ги викам јас...

меѓутоа, сите овие НЕ СЕ ОПАСНИ возачи, туку се возачи кои напротив, се страшно педнанти и опрезни. тука доаѓаме до вистинските опасни возачи, а тоа се таксистите и возачите на јсп. тие се опасни и по себе и по околината вклучително и другите возачи се во опасност. а што се однесува до “моторџиите“ со зафатнините од 50 до 150 кубика во нај чес случај се опасни сами по себе односно само за себе. како што реков, само себеси се тураат во опасност, многу ретко тураат други луге во опасност...
 
Копиљаците на скутери - за нив сообраќајни правила се непознат поим. Дел од населението со суицидни нагони. Се пикаат кај стигнат, возат и по тротоарите кога не им чини на улица, на семафор секогаш се пикаат напред и стојат на 20 cm од хауба. Наместо да возат на средина на лентата, како што треба да возат, секогаш возат десно, најчесто и поспоро, па ако има гужва во другата лента и не можеш да претекнеш, мораш да возиш 20 зад прдакалото.
Таксистите - секогаш со филозофија "не давај жмигавец, така ќе ги откриеш своите планови на непријателот". Застанување на сред улица и на најневозможни места, сечење ленти, свирење, колнење, а знам и еден куп што намерно предизвикале сообраќајки за да си ги поправат крнтиите.
Плавушите (и плавушаните) со џипови - мислат дека ако купиле џип, светот е нивни. Со истата филозофија како таксистите, со тоа што овие возат побрзо и мислат дека имаат право да ти се паркираат на балкон и таму да го остават нивното скапоцено превозно средство. Ако случајно им свирнеш кога ќе ти пресечат пат, те гледаат како да си им го убил мачето. Најчесто додека возат си ги проверуваат шишките/се шминкаат. Еднаш (поодамна беше додуша) на раскрсницата Рузвелтова/Народен фронт, со моите во кола возевме по Рузвелтова, а од Народен фронт на нас со полна брзина налета една мустра (плавуша, need I say). Малата не приметила дека има раскрсница, си ставала кармин :tapp: Среќа што татко ми отсекогаш не тераше да ставаме каиш, инаку ќе полетавме сите.
За болдираното незнам дали кога си полагал тестови си поминал со врски или па не памтиш добро каде се движат велосипедите со помошен мотор така наречени скутери.
 
За болдираното незнам дали кога си полагал тестови си поминал со врски или па не памтиш добро каде се движат велосипедите со помошен мотор така наречени скутери.
Женско сум. Се сеќавам, да, меѓутоа треба да се движат на крајот десно, не помеѓу средината и десниот крај, да не можеш безбедно да ги претекнеш. Ако веќе возат така, нека возат или на средина или сосема десно. И, да, праволиниско движење, не како пијани кокошки.
 
Опасно е да возиш скутер до тротоар лесно може некој неискусен да го подкачи тротоарот затоа малце полево возат. На крај крајва добро е кога го гледаш пред тебе, лошо е кога праат глупост на пример сакаш да вртиш десно а тој сака да те помине од десна страна ако не пратиш ретровизори ке го носиш на душа.
 
Vo kontekst na celava ovaa anketa eve vi edno video :)

Ako ima nekoj novinar ili nekoj shto raboti vo televizija ili slichno, mozhe da se potegne inicijativa za edna vakva emisija kaj nas :)
 
Глобално земено - жените се "уби боже" (посебно постарите), и тоа од многу причини..
Ево дел од нив:
Спора вожња, неснаодливост во гужва, подсвесно-визуелно "теснење" на патот, носење тегли со голем диоптер = самоубиство, страв од големи возила(камиони,автобуси), недоволна комуникација жена-лер-менњач, безпотребно туражирање, нагло давање гас, нагло кочење, кога враќа во рикверц - 10 души мора да се распоредат одпозади за да добива риал-тајм информации, 4та гаража - мишн импосибл 10ка, ако и свирниш од позади - можно е да изгуби привремено свест и да се закачи во бандера од паника, 15минути потребно време за влез во блага кривина, 30минути за полукружно вртење, прекумерно почитување на сообраќајните знаци (ако пишува максимална брзина 60 - таа вози 25), иииии тн тн тн тн тн
 
Нека ми извинат феминиските ама морам да кажам дека полоши возачи од жени во животот немам сретнато... (иако останатите категории како таксисти копиљаци на скутери плавуши и теткици не се подобри) Ама женско позади волан, ги надминува сите. Има жени што добро возат, неможам да речам дека нема ама тоа се само мал процент.
Ама сега ако го воведат ова со 16 години возачка, мислам дека овие ,,возачи,, ќе ги надминат и жените
 
Ама сега ако го воведат ова со 16 години возачка, мислам дека овие ,,возачи,, ќе ги надминат и жените

Toa e jaka finta so vozachki da davaat na 16 godini :)
Daj im na deca vozachka, istite tie kje sakaat fraeri da se praat niz gradov so kolite, ali soobrakjajna policija kje cheka vo zaseda :) Ima da se isturat od kazni pishuvanje :)
 
Таксистите дефинитивно број еден.Кога имаат повик за патник,Ван Дисел и Пол Вокер гомна да јадат а кога немаа повик тогаш се како туристи во градов,сакаат да го запазат секој детал на улиците кога возат.После нив се камиказите на моторчињата.Уште азбуката во школо не ја научиле ама битно знаат да те извадат од такт.
 
Недостатокот на сообраќајна култура ги прави сите потенцијални лоши возачи. Мислам сите некаде брзаат, чиниш све бизнисмени се у пм, шлепери на граница, па кога ќе почнат да свират леле леле леле, тоа свирките ми се иде со закон да ги забранам. Ако си 10ти у ред и свириш, ЏАБЕ СВИРИШ нема да те телепортира свирката. Се нема никаква толеранција за оние што сега почнуваат да возат, им се свири, никакво разбирање се нема. Демек сите останати се родиле спремни со волан во рака. Не ме нервира ниедна посебна група, сообраќајот сам по себе ме нервира. Нема култура. Никаква. Имам возачка речиси 5 години, не возам, нервите не планирам волку рано да ги изгубам.
 
Имам возачка речиси 5 години, не возам, нервите не планирам волку рано да ги изгубам.
Голема е веројатноста дека веќе имаш заборавено да возиш. Кога ќе почнеш да возиш ќе бидеш класична плавуша во џип, или што и да возиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom