Таксистите во Скопје - непроценливо искуство

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Па добро што сте ја ставиле и оваа тема.
Во такси не сум се качил до сега.
Но од тука разбрав многу работи.
Не ме премисливте продолжувам по старо.
Точакот под г“ и кај сакам одам.
 
И они се борат за живот, што да прават...тоа е.
 
не ги осудувам... седи сам во кола пола ден бори се за живот, а за интересни ги има колку сакаш :)
 
Најголемата светска простачка багра - таксисти.
 
Треба да го носам мачето на ветеринар
Таксистот:Можеш во таа во Автокоманда да го однесеш.
Јас:Имам јас стандарден ветеринар во Аеродром.
Таксистот:Ама во Автокоманда подобри се.
Јас:Овој кај кого идам е добар.
Таксистот повторува за Автокоманда,го врти истото неколку минути,ми дојде да го задавам.
 
Најголемата светска простачка багра - таксисти.
А има таксисти и од твојот ранг не се секирај.
Познавам еден човек бивш таксист кој додека чекаше повик или патник од место на такси станица времето го користеше спремајќи испити.
--- надополнето: Dec 11, 2011 2:55 PM ---
Треба да го носам мачето на ветеринар
Таксистот:Можеш во таа во Автокоманда да го однесеш.
Јас:Имам јас стандарден ветеринар во Аеродром.
Таксистот:Ама во Автокоманда подобри се.
Јас:Овој кај кого идам е добар.
Таксистот повторува за Автокоманда,го врти истото неколку минути,ми дојде да го задавам.
И го однесе
 
А има таксисти и од твојот ранг не се секирај.
Познавам еден човек бивш таксист кој додека чекаше повик или патник од место на такси станица времето го користеше спремајќи испити.

И го однесе

Одамна завршив факс.. сепак се багра.. тоа не ги оправдува.. возат ко битанги - хазардерски и добар дел од сообраќајкиве се нивно дело..
 
Одамна завршив факс.. сепак се багра.. тоа не ги оправдува.. возат ко битанги - хазардерски и добар дел од сообраќајкиве се нивно дело..
Шо ќе праиш и него не му е лесно,мора да работи 10-12 часа дневно дома пари да однесе+ако е некој рентач тој дома не се прибира
 
Шо ќе праиш и него не му е лесно,мора да работи 10-12 часа дневно дома пари да однесе+ако е некој рентач тој дома не се прибира

Се сложувам.. но токму поради треба да бидат далеку попрофесионални и приземни.. сепак возат секакви луѓе, во ситни саати.. Не им ја сфаќам поентата, да возат толку хазардерски, а при тоа ако им промрчиш заради тоа, веднаш се силат, а да не зборам што сепак при тоа нивно возење да внимаваат на безбедноста не само на патниците што ги возат (без разлика во какво стање се патниците), туку и на преостанатиот сообраќај.

Едноставно тоа нивното сфаќање за „професионалност“ нема ни П од тој збор...
 
Колку и да си професионалец од секакви ситуации и по 10-12 часа работа на волан све ќе ти се здосади.
 
Абе на секого му здосадува од едно те исто работно место 10-12 часа на ден, моторика секој ден.. Не сум видел возач на автобус да се однесува така, или на сметководител, банкар....
 
Абе на секого му здосадува од едно те исто работно место 10-12 часа на ден, моторика секој ден.. Не сум видел возач на автобус да се однесува така, или на сметководител, банкар....
Забегавме од темава ама возач на градски работи 5-6 часа сметководител,банкар 7-8 часа,ама некогаш и на шалтер ќе отидеш и ќе начекаш некоја намќор фазца или шофер на градски
 
Најголемата светска простачка багра - таксисти.

Да ви кажам право младино македонска, уште потрагично ако тоа не сте, сте станале толкави копуци и немате однесување што ситуацијата станува алармантна. Ви ги читам мислењата на темиве како ЈСП и оваа за таксисти и како индиго сите ваши ставови се преклопуваат. Старите што се возеле со автобус биле вампири, таксистите простачка багра, секој што е обезбедување е глуп, а келнерите се ем простачка багра + глупи. Колку сте вие прекрасни нели. И учени и нема шанси да ви се случи да работите нешто такво нели? Задникот според вашите проценки е безбеден и време е да фатиме да плукаме по одредени професии, зашто луѓето кои нив ги работат ги сметаме за дно на општеството. Признале не признале ви се гледа по пишаното, не ги сметате за достојни на вас. Живти малограѓанштината. Кој ве воспитувал, алал да му е, сигурно не е таксист, или келнер, они се препаметни за да воспитаат дете да гледа одвисоко на луѓето. Имам во семејство и таксист и келнер и инжењер и шанкер. Точно знам кој како го вади лебот. И многу добро ги знам какви се како луѓе. Раснат деца, не крадат и секој си го заработува лебот без никаков проблем.

1. Мислите дека таксистите го прават хаосот во сообраќајот? Добро утро моја Македонијо, во која секој вози како манијак. Моите пријатели возат спроти сите правила. Не сте ни вие невини, нити пак шоферите на автобусите. Во оваа земја, правилното возење е исклучок.

2. Дали знаете на која опасност се изложени таксистите во овој герилски град? Знаете ли дека на секој втор му бил ставен нож на врат или пиштол на глава? Знаете ли колку наркомани им имаат приумрено во кола? Колку се малтретирани од пијани џганови и елитистички настроена младина која се исмева на ентериер на автомобил на нечиј татко кој така го вади лебот?

3. Дали знаете колкав процент од таксистите се лекари, инжењери, некогашни управители?Како би знаеле, немате пројдено од фино работно место на просјачки стап, не знаете веројатно што значи транзиција во права смисла на зборот. Транзиција не е збор што го слушате на ТВ, туку реална состојба во која немаш можност да се аклиматизираш на армијата невработени и мора да смислиш излез.

4. Дали знаете што значи 8 -10 саати да сте активни во овој наш хаотичен сообраќај? Пешаци претрчуваат од сите страни, секој вози како му текне. Едно е да одиш од дома до работа, друго е кога возењето ти е работа.

Како тоа никогаш во животот не ми се случило да ме замара таксист на било каков начин? Нити со муабет за време, нити за спортска, нити каде одам, нити ми побарал број. Се јавуваш во компанија, локацијата се знае и тоа е тоа. Имав само една непријтна случка пред некоја година со таксист, ама не планирам заради него да ги оцрнувам сите. Сум муабетела со многу од нив, и тоа нормален човечки муабет. Еден ми раскажуваше како се обидува да заработи доволно за ќерка му да продолжи со факултетот, друг ми се жалеше за сообраќајот. Не им превртував очи дека ми досадуваат како што правите повеќето, си разговарав најнормално како со секој жив човек. Јас не знам кога толку се воздигнавте и почнавте да се преценувате, па да нејќете да правите муабет со луѓето. Чудо големо, ако размените некоја реченица. Со што се не замараат луѓево, они најмалку го прават тоа.

Жалам што оваа земја принуди многу луѓе спасот да го најдат во таа професија. На стари години се обидуваат да се одржат во живот. Младиве ќе му ја киднат одовде вака или онака, оние кои на средни години ја дочекаа транзицијата ќе се снаоѓаат како знаат и умеат.
Верувам дека на многу членови овде родителите или некој роднина им се таксисти, и многу ми е криво што некое дете ќе прочита дека го сметате неговиот татко за простачка багра, а тој најмалку е тоа, туку оној што тоа го кажува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom