јесте дека има машки кои се шминкаат и женски кои гледаат фудбал. вие гледате, а неможе да ми се праете стручњаци тука кога гледате фудбал од вчера
Добро бе, кој ви е проблемот на вас "фановите" на Барса, ви тепаше тимот во најбитната утакмица во полусезоната, не само што тепаше, него и камбек направи....
А ти се препуцаваш со девојче, БарсаНамул во првиот пост ги повикува "дегените" од Реал...кој ви е проблемот, што се замарате со глупости на таков голем ден, место да се радувате?
Него, онтопик, мислам дека постот на Син најубаво ја долови ситуацијата - само ај кој да го чита во река од постови кои како да искочиле од кафански муабети меѓу пијани луѓе...Мурињо може да "плаче" дека не е негова вина, ама не треба Барса да ја обвинува, туку треба во својот двор да погледне.
Денес напаѓачите на Реал не си ја завршија својата работа (и мислам дека кога веќе беше 1-3, требаше во 85-та за инат да го извади Роналдо, да му покаже дека такви глупости не се толерираат), одбраната па, уште покатастрофална. Миговите каде што Меси, Санчез и Иниеста требаше да "проаѓаат со полиција", овие си ги претрчуваа Рамос, Пепе и Контреао како мали дечиња.
Ако ги гледаме првите 10тина минути од утакмицата, можеби и зашто Барса беа во шок од голот, но Реал доминираше и играше пресинг врз сите играчи на Барселона, како што треба. Е после што се случи, не треба да се прашуваме ние, него Мурињо и компанија. Дотогаш, само уште еден фејл обид да се победи Барса, која и без многу замарање си го исплеска Реал уште еднаш.
