Религиите во 21-виот век

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
научниот метод не одредува однапред што е можно а што не!
Точно така, научниот метод не одредува однапред што е можно а што не. Тоа го прави атеистичкиот метод, кој однапред одредува дека Божјото постоење не е можно, дека Универзумот, животните и човекот не е можно да биле создадени и морале да настанат сами од себе тики така со самоорганизирање на слепите хемиски соединенија. Итн.

Туку се служи со набљудување, споредување, експериментирање, селектирање...итн, итн! Со цел да се дојде до заклучок. (кој не е однапред предодреден).
Да, научниот метод се служи со сето тоа, но не и атеистичкиот метод. Атеистичкиот метод се служи со размислување, фантазирање, уметнички слики, вметнување научни поими и равенки во фантазиите и создавање ткн. „теории“

Науката нема догма, од која несмее да одстрани!
Атеизмот (во спрега со Дарвинизмот) има догми. Тоа се:
1. Дарвинизмот.
2. Материјализмот.
3. Натурализмот.
4. Моралниот релативизам.
и можеби други, на овие први се досетив.[/quote]
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Точно така, научниот метод не одредува однапред што е можно а што не. Тоа го прави атеистичкиот метод, кој однапред одредува дека Божјото постоење не е можно, дека Универзумот, животните и човекот не е можно да биле создадени и морале да настанат сами од себе тики така со самоорганизирање на слепите хемиски соединенија. Итн.

Да, научниот метод се служи со сето тоа, но не и атеистичкиот метод. Атеистичкиот метод се служи со размислување, фантазирање, уметнички слики, вметнување научни поими и равенки во фантазиите и создавање ткн. „теории“

Атеизмот (во спрега со Дарвинизмот) има догми. Тоа се:
1. Дарвинизмот.
2. Материјализмот.
3. Натурализмот.
4. Моралниот релативизам.
и можеби други, на овие први се досетив.
[/quote]
Кажи една научна теорија за настанувањето на сончевиот систем или вселената која вклучува постоење на интелегентен создател?
Ајде, сам велеше дека има научници христијани...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Во твојата широка палета на манипулаторски техники, помеѓу другото е и тенденцијата да фабрикуваш и пласираш самопрогласени терминологии, и да ги преставуваш како дел од оние кој реално циркулираат во областа која ја критикуваш.
Така беше со случајот на "нередуцирачки комплексни системи", термин кој е упорно пласиран од креационистите, и има смисла колку и терминот "сува вода".
Така е и во овој случај, "атеистички метод", постои само во твојата глава чорбаџија. Во ниедна гранка од науката, не се среќава ваков израз. Науката не се служи со верување и неверување, таа испитува, бара одговори и преиспитува. Се што е денес прифатено како факт благодарение на науката, е постигнато на тој начин. Вклучувајќи ја и еволуцијата, која толку болно ја доживуваш, но тоа е твој проблем. Плукањето по вистината, затоа што не ти се допаѓа, нема да ја сокрие вистината.
Со фантазирање и уметнички слики се бави библијата, а не науката. Колку и да негираш, неможеш да ја сокриеш вистината!
Постојат живи примери на еволуцијата! Бактерии, инсекти, растенија итн, кој непостоеле до одреден период а сега постојат.
 
G

galaxy

Гостин
Кажи една научна теорија за настанувањето на сончевиот систем или вселената која вклучува постоење на интелегентен создател?
Ајде, сам велеше дека има научници христијани...
Библијата, не само како теорија, туку како вистина. Науката моментално не е доволна способна да предвидува далечни настани кои се над нашата моќ на разбирање и откривање, затоа христијанските научници се занимаваат со откривање на моменталните вистини

Атеистите не плаќаат да пишувам. :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Еден атеист отишол во Африка и го посетил афричкото племе Бошонго. Тој горделиво им се претставил дека е научник и дека дошол да ги подучува тука луѓето по физика и астрономија.

Селаните го прашале: Ајде кажи ни во кратки црти како настанал Универзумот.

Атеистот им одговорил:
Пред 20 милијарди години целиот Универзум, се што гледаме со очите, Месечината, Сонцето, сите ѕвезди, заедно со сите нас биле собрани на едно место, во едно топче во големина на зрно ориз. Одеднаш тоа зрно ориз експлодирало и 20 милијарди после таа експлозија се создале Сонцето, ѕвездите, Месечината, нашата планета, животните, слонот, мајмунот и човекот.

Селаните со чудење рекле: „woow, никогаш не сме ја слушнале оваа приказна!“

Атеистот рекол: „Ова не е приказна, туку научна теорија!“ И потоа ги прашал што тие веруваат за тоа како настанал Универзумот.

Поглаварот му одговорил:
На почетокот имало само темнина, вода и големиот бог Бумба. Еден ден Бумба, од силна болка во стомакот, го исфрлил (повратил) Сонцето. Сонцето исушило дел од водата и така настанало копното. Повторно исто така од болка во стомакот, Бумба ги исфрлил месечината, ѕвездите и некои животни, леопардот, крокодилот, желката и на крајот човекот.
Атеистот не можел да издржи и гласно се насмеал.

Селаните го прашале: „Зошто се насмеа?“

Атеистот директно им одговорил: „Извинете, но ова е навистина смешно! Како може од една хмм „повраќаница“ да настане желка?“

Поглаварот му одговорил: „А како може со експлозија на „зрно ориз“ да настане слон?! За разлика од зрното ориз, повраќаницата веќе содржела органски соединенија, а и оној кој што ја повратил имал моќ, интелигенција, разум, дух. Дали нешто од ова има во зрното ориз?“

Атеистот нервозно извикал: „Но тоа не е туку така! Сето тоа се случувало милиони и милијарди години!“

Поглаварот му одговорил: „Зарем вашиот бог Времето не е релативен? Или тоа важи само за Алберт Ајнштајн?“

Атеистот: Времето не е наш бог! Ние немаме богови!

Поглаварот: Тогаш зошто се крстите во него? Зошто му се поклонувате? Зарем не е тоа решение за сите ваши дупки и проблеми во приказната, пардон, теоријата? Зарем не е времето тоа што според вас создава и уништува?

Атеистот: Ама, ама..

Поглаварот: Ама нема ама. Ајде пакуј си парталите и рикверц да те нема. Хах, тој ќе ни проповеда нас прикаски за зрна ориз што пукале и создавале слонови.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ipsissimus, се вртиш во круг како расипана грамафонска плоча.
Грамонска плоча.... тоа спаѓа во категорија диносауруси, изумрена врста, овде на форумов според некои старосни статистика за членовите... бар половина и не виделе таква а за .... се вртиш во круг како расипана грамафонска плоча... и појма си немаат што претставува тоа.... така да тие финти од 70/80-те се излитени.

Сега и јас да дадам мал придонес во корист на еволуцијата т.е. дека се се движи се се развива.... грамофонските плочи и магнетните ленти (касети) егзистираа паралелно доста време а и истовремено згаснаа...
Некој се досетил да земе парче пластика со ф100 од едната страна обложено со сребрена фолија и со помош на ласер во него да копа канали кои претставуваат кец и нула... добредојде во дигиталното доба.... и за една чудо на тие плочки може се да се снима..не само звук..
Од друга страна некој се сетил да ги спои грамофонската плоча (обликот и вртењето) и магнетната лента (начинот на снимање) ... и ете ти еден сосем нов вид... настана хард дискот...

Но еволуцијата не застана тука... се утврди дека кружниот облик и вртењето не се неопходни.... ете ти флеш меморија...

..ова вака околу..техникалииве...или што би рекол микикецот, ѓаволските ми ти работи..:cool::D

.... е сега пак околу ...се вртиш во круг како расипана грамафонска плоча..... не се врти тој, туку ти, ... си застанал, заробен си , закочен си, заглавен (ментално) на таму негде некое ниво од пред два/три милениуми..
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Опасен поглавица нема што.:pos:
Нема ама! Пакуј парталите и рикверц да те нема! :pos:
Наместо да му каже дека ѕвездите се создадени после земјата, светлината создадена после денот и ноќта, да му каже за змии што зборуваат и крокодили што пасат трева, тој атеист глуп, му кажувал за биг бенг!
На бесилка требало да го стават, а не да го бркаат!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Еден атеист отишол во Африка и го посетил афричкото племе Бошонго. Тој горделиво им се претставил дека е научник и дека дошол да ги подучува тука луѓето по физика и астрономија.

Селаните го прашале: Ајде кажи ни во кратки црти како настанал Универзумот.

Атеистот им одговорил:
Пред 20 милијарди години целиот Универзум, се што гледаме со очите, Месечината, Сонцето, сите ѕвезди, заедно со сите нас биле собрани на едно место, во едно топче во големина на зрно ориз. Одеднаш тоа зрно ориз експлодирало и 20 милијарди после таа експлозија се создале Сонцето, ѕвездите, .
Абе голицни ме да се насмеам...

Браво бе..мајсторска манипулаторска конверзија (замена) на ...во големина на зрно ориз..... во со ...тоа зрно ориз..... и продолжување на приказната со извртените поими...
 
Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Замислете ги религиите во светот како монети во еден сад.Една монета е онаа вистинската,а сите други се лажни.
Вие имате 2 избора:
1: Да фатите една монета и да мислите дека таа е вистинската.(Можеби и е вистинската,но не постои начин како со сигурност би го докажале тоа).
2:Да ги пребарате сите и да утврдите дека не е можно да се утврди дали има вистинска или која е вистинската монета.
Верниците се одлучиле за 1 вата опција.Фатиле една монета и цврсто веруваат дека е таа вистинската.
Атеистите се за 2рата опција, тие знаат дека шансите да ја фатиш вистинската монета се многу мали па затоа одлучиле да не фатат ниту една.
Сега појасно ви е зошто неможете да си докажете еден на друг?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Да, научниот метод се служи со сето тоа, но не и атеистичкиот метод. Атеистичкиот метод се служи со размислување, фантазирање, уметнички слики, вметнување научни поими и равенки во фантазиите и создавање ткн. „теории“
Како да ти кажам, какаш. Не постои атеистички метод.

Атеизмот не е методологија, само е став спрема можноста на Божјото постоење, не имплицира никако метод на истражување.

Да повторам, какаш, како и обично...
--- надополнето: Dec 10, 2011 10:05 PM ---
zosto mislis taka?>
Затоа што науката се занимава со проверливи искази, а религијата со бајки.

Но не дека ќе разбереш ако ти објасниме. Што се оптеретуваш со глупости?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom